Не гледам тренерката да е некој бренд, гледам да е удобна и пријатна за носење. Имам неколку пара онака ептен за по дома и еден пар така поубави на изглед кога пешачиме или трчаме со мм. И се сложувам со постот над мене, дефинитивно најудобната работа која постои. Благодет по стегнатиот и униформиран ден.
Не знам што би правела по дома без нив. Особено неопходни за комоција при излежување на кауч и уживање
јас практитукав да ги носам по дома,бидејки најдобро се чувствувам во нив,а исто така и за некои прошетки а можеби и дневно кафе.сега сакам да си ги купам овие истите,но памучни зашто премногу ми се свиѓаат ама не знам дали се машки што мислите вие? јас сметам дека се унисекс и за двата пола http://www.luxuryclothingshop.com/pic/2 ... 857331.JPG
Не го отвара линков, ама јас ќе ти кажам мое мислење без да ги видам, купи ги и ич не му ја мисли. Тренерка си е тренерка, сега и патики се произведуваат унисекс не па тренерки. Еве јас купувам најчесто адидас тренерки, машки-женски не гледам тоа, ако ми се допаѓаат ќе ги купам. Еве овие ги купив последни: по се изгледа се машки ама многу ми се допаѓаа и си ги земав
не знам зошто не отвора инаку истите како овие ги постирав само се црни со бели линии и знак и материјалот е памучен. овие исто се убави,но не сум за бело-така да отиде повторно на црнта боја хахахаа најверојатно ке си ги купам тие-гајле ми е
Обожавам тренерки неми е битно дали се марка имам неколку пара памучни и шушкави ( или како ги викате) имам и 2-3 пара само долен дел ги носам по дома,а немие срам ни да испаднам во тренерки
Најубаво се чувствувам во тренерки, ги носам постојано по дома или за некое "понеформално" излегување Не патам од тоа да се марка и не е битно што материјал се, само да не се прават целите со топчиња или да се растегнат после едно носење
Ги обожавам...а каде ги купувате Адидасот?Во Рамстор во продавницата на Адидас не ми се свиѓаат воопшто,дури мислам дека не се оригинал.Иначе како тие горе постираните Адидасот Ферхунде имаше во 1 епизода и баш ми се допаднаа па бев таму видов такви пробав али материјалот бљак...каде да најдам на друго место?
Тренерки носам дома и ако излегувам некаде на природа.Сакам памучни тренерки, а кадифе нема шанси да носам на мене ни како тренерки ни како ништо оти ме ежи и ме нервира кога ќе го фајќам
Сакам тренерки како оние ги поседувам. Не се памучни туку материјалот им се тегне, многу се удобни, меки и не се прават коленици! На етикетата пишува 92% полистер, 8% спандекс. Не се разбирам во материјали. Останатите ми се Калиопе и останати, ама во тие строго спијам и во осмо некаде купив Адидас бели со циклама за на физичко ама 10 броја поголеми ми се и киснат во плакар. Наводно се Пума ама не сум сигурна дали се оригинал. Ги купив од продавница за спортска облека во Боровец сепак. И вториот пар кој го носам Овие се милина. Поудобно нешто, амин! Сакам Адидас тренерки да си купам. Бели со златно нешто, ама цените..Пуу!