Не носам тренерки, не знам зошто но не ги сакам. Имам само еден пар и така си стојат дали 1-2 пати во годината ги облекувам. Наместо тренерки најчесто носам хеланки.
Не носам често тренерки , но кога носам тоа се или залепени како хеланки или многу широки , Пример на сликите
тренерки воопшто не носам...како помала на 14-15 години мајка ми ме тераше да носам кога одевме во парк на водно,а јас у фармерки...или пак хеланки.И воопшто не ги сакам и не би носела надвор освен за по дома во зимно време
Незнам колку години немам облечено тренерки а и немем ни план ич не ги сакам подобро за дома со хеланки или шотцеви него тренерки
Имам неколку пара ама не ги носам многу често.Во зима повеќе ги носам,низ дома така,иначе ретко. Овие славните личности повеќе носат од мене
Имам неколку пара стари за по дома и едни убави адидас скапи доста, што се за по излети едно друго кога не може по фармерки да се оди
Често носам тренерки..имам 3-4 пара. Последно си купив Runners, баш какви што барав долу да се тесни ))
Најудобно се чувствувам во тренерки,имам неколку пара,само за навечер што не носам тренерки инаку секогаш
обожавам тренерки,24/7 сум во тренерки,удобно и комотно сакам да ми е нон-стоп,па сега како што има многу модерни модели,на кој му треба да седи стегнат во фармерки или панталони плишани и памучни нај многу ги сакам
Носам тренерки секој ден.Кога се враќам од школо веднаш се пресоблекувам и право се облекувам во тренерки.Во нив се чувствувам најудобно за по дома,но со нив и патувам,се шетам а понекогаш одам и на училиште.
Многу често сум во тренерки. За по дома носам обични-памучни од македонско производство, а за надвор (Водно, кеј, излети...) носам Најк, Пума или Адидас. Сега ми требаат нови тренерки за на фитнес, па случајно пред некој ден на зелено пазарче видов дека ептен има избор на Пума и Адидас. Знам дека не се оригинал, но за на фитнес-ќе ми завршат работа. Има ли некој купено тренерки од пазар и каков е квалитетот?
Плакарот ми е полн со тренерки..И јас секогаш кога се враќам од училиште облеквам тренерки. Во нив се чувствувам најудобно..