Трепкиве што се во гранчиња ги има и во новото Веро, али верувами во сите парфимери дека ќе ги најдете
девојки и јас конечно купив трепки од битпазар се надевам ќе ми се погодат...Не се многу густи ,слични какви што има Трендафилка е сега вака-значи ставам лепак,чекам минута па трепките... потоа да ставам туш или откако ќе ги ставам трепките маскара да ставам или не Кога ќе ги вадам држам во топла вода памукче и на трепките- убаво сум разбрала
^ Ставаш лепак на трепката чекаш 20-30 секунди (многу е минута) и таман дур уште не е скроз исушено ги местиш трепките на окото (над твоите трепки) и ќе почекаш некое време ќе се исуши . Маскара ако сакаш стави еден слој колку да не се двојат од боја твоите и овие трепки (ама пред да ги лепиш трепките стави маскара). Туш како сакаш, јас пред тоа ставам , ако ми се избрише нешто при ставање, го повторувам после тоа. А за вадење (можеш и со обична вода, со мислиш ти кузнае колку лепи тоа , тоа така само ги држи) Ја дури и без вода ги вадам само ги одлепувам и толку
Ок фала ви,планирам сеа да испробам како би ми испаднале,а лепакот за колку употреби ви е?ваљда нема да се исуши одма по прво отварање
Читам маскара пред тоа ставате. Јас ги ставам трепките, па ги виткам со виткач и моите и овие заедно , се зацврстуваат, а плус и се едначат некако со моите, па нанесувам маскара.
цурки,еве ги моиве трепки и лепакот.Трепките ги зедов од пазарче 30 ден а лепакот 60.Убава е четкичката на лепакот како туш е и прецизно се нанесува.Ги носев само еднаш ама ми се јави проблем па сакам да ве прашам...Јас пред да ги ставам трепките на моиве ставив маскара и кога ги ставив трепките не ставив маскара ...и некако ми се делеа вештачките од моиве-не ми се совпаѓаа во едно,а со подвиткувач ми беше страв оти не се некој квалитет трепкиве,и ми беше страв лепакот да не не дрѓи оти првапт го користам овој.Го има некоја од вас? Инаку за 30 ден. даваат убав природен изглед,не како оние паунести шо се
Девојки сакам за апсолвентска да си купам трепки,ама не сакам да земам од тие од 30 денари заради таа лентичката што им е покрута,кај што се лепат.Сакам да земам некои вакви тенко да им е тоа,ме разбирате нели?Ако знаете каде има,цена отприлика?Еве сликичка вака нешто,тенко да биде тоа
Па земи си од ЕЛИСЕ, така мислам се викаа, 270 денари се негде, имаш најразлични. Ги имам видено во новото Веро и во Космо Тинекс. Има и лепак од истата марка, некои 60-70 денари.
и јас купив од овие од 30 денара, ама лепак не купив а сега нема ни од каде, дали може со лепак што е комплет со нив?
Во Веро Центар во маркетот.Кoга влегува[ во маркетот одиш само право... И негде при крај (пред да дојдеш кај чиниите и тенџерињата) од лева страна на тие рафтовите. Таму се продаваат и турпии и лакови за нокти... Ќе најдеш Инаку истите трепки ги купив во Космо и чинат 210 денари. Во Веро се поскапи
^^ ако мислиш на вештачки клепки од тие што се за една употреба тогаш се вадат многу лесно и едноставно Ги тргаш полека и то е то женски каков лепак за вештачки трепки користите и каде можи да се најди? во кутивчето заедно со трепките има едно мало лепаче,ама не ми делува професионално имам слушнато дека се купува посебен лепак ,само не знам каков и каде да најдам (би требало во парфимерии? ) иначе не сум од скопје ,да не ми кажувате стрикно некои парфимерии или места каде што може да се најде лепакот
ако си ги ставала кај козметичарка, оди кај неа... немој како мене да се зезнеш, па сама да си ги тргнала! болиии... а и плус твоите можеш да ги оштетиш
ахх , да имаш убави долги виткани трепки и да си ги уништиш со погрешно вадење на маскара а толку ми беа убави што немав ни потреба да ставам маскара ама ете глупост што ти праи...и од тогаш се откажав од маскара со надеж дека ќе пораснат и нема да ми паѓаат, а со оглед на тоа дека трепките растат на 7-8 месеци...
Женски каков лепак користите Јас последен пат кога купив трепки, не ми се погоди лепакот. Воопшто не лепеше и не можеа да застанат трепките убаво па ништо не бидна. Сега имам уште един трепки, ама не знам каков лепак да купам, што држи убаво
Јас сеа за апсолвентската си купив трепки од овие во веро што се елисе или така некако се викаат има и лепило од истата фирма 89 денари е, издржаа цела вечер до сабајлето од него се задоволив да не речам хаххха претходно имав еден од пазар по првото оро насвадба збогом трепко моооојааа!
Јас го имам користено тој трендафилка што го препорача(црн лепак во бело паковање), од зелен пазар го земав, а моментално користам еден од бит пазар 50 ден го земав во туба е како за капки за очи е амбалажата и добар е. Инаку не може со тие што идат во пакувањето обично сите се засушени.
Ми требаат вештачки трепки за една употреба, досега немам користено никакви вештачки, па не знам како иде тоа. Ако може некој да ми подобјасни како се ставаат, кај можам да најдам и колку отприлика чинат. Фала однапред П.С. Гледам дека некои останале без трепки, па ако и од овие за една употреба се кубат трепките, предупредете ме!