1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трепки

Дискусија во 'Лице' започната од Milickaa, 11 март 2010.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Имам нормални трепки коа ке си ставам маскара ми се супер така да , се шо си имам на мне си го сакам :lol: такви не сторил Бог па... и да се кудам , и што и да праам таа сум јас , хаха
    А за надграба на трепки, јас лично не сум ставала , ама сум слушнала дека од коа ќе ти испаѓале трепките и твоите трепки паѓале, е сега колку е оваа точно незнам ;)
     
  2. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    извини девојче трепки имам ставено само на долниот дел од очите а и плус за да се увериш ти ги сликав .. пошто се и моите трепки густи и долги добро се совпаѓаат со вештачките .. а и што има да објаснувам не веруваш не веруваш .. твое си е !!! јас само споделив искуство, дека одлично стојат за вечерно излегување а тоа кој како ке свати не ме интересира !!!
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Пирамитке и јас се мислам за надградба и уште повеќе ми фати мерак кога ти го прочтитав постот. Некои викаат немој ќе ти паднат и твоите трепки ќе се искубаат, некој викаат па нема проблеми никакви стави си и сеа не знам на што ред сум. Ама не сумнњам во Ѓеорѓиев, не жалам пари ќе си платам убаво само трепките да се добри.
    Кажи ми нешто повеќе, колку време ти кажа дека ќе ти стојат, се приметува ли многу дека се надградба, цена :?: Мене само ми е битно да не ги зае*ам отпосле и моите трепки ..
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Карина, ти пак си ја бараш бељата :P

    Абе не паѓаат твоите трепки, под услов нормално да ги извадиш, ако тегнеш на сила нормално дека и твоите ќе одат :)
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Епа секако дека нема да ги вадам со сила јас :wasntme: Богами си ја барам пак, абе помал е ризикот тука, да пробам сакам шо ќе ми биде од еднаш :rofl:
     
  6. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    мали ми се ама не се ного замарам. уште они ми фалат како комплекс :D :D
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Моите трепки со маскара ми се ок, но поубави ми изгледаат со вештачки трепки, но и нив ретко ги носам.

    Носам од тие пазарските од по 20 ден. со квалитетен лепак и топ изгледа.
    Ем не си ги уништувам трепките, ем вечерта имам убави трепки, ем ми е лесно за ставање.
     
  8. equip

    equip Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    25
    некогаш вештачките трепки знаат да изгледаат прегрубо!
    ама стана тренд па сите мора да стават барем еднаш, иако не се свесни дека од 1км се познава дека се вештачки, посебно ако се лошо залепени и се познава едно кило лепак.
    ставив еднаш и тоа за матура и некако сега ми е страм да ги ставам се познава дека не се мои, природно си е природно! :)
     
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Имам долги и свиткани нагоре трепки,така да со малку маскара ми се како вештачки,купив едни вештачки и ај да ги ставам кога гледам колку моите :D и плус тоа на левото око не ми се лепат бе луѓе па не знам што да е.
    Ете ги:
     
  10. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Си имам супер тречиња, долги густи...па кога ќе си ставам маската мх мх мх мераци... Вештачки не сум ставила никогаш а желба имам огромна, сакам да видам како би ми стоеле ама стравот да не ми отидат и моите при вадењето е поголем..така да, фала нее! Иначе слушнав дека имало маскара на Yves saint Laurent, е сега скапичка ама ги правела трепките неверојатно долги и густи, исто како вештачки... ја има ли некоја феминка користено??
     
  11. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Секоја ноќ пред спиење мачкање еден ден со маслиново друг со рицинусово,а исто така многу добро делува и вазелин посебно тој што е со АД витамини и краен резултат од сето тоа би рекла супер цврсти густи и долги трепки,кога ја користам маскарата на Max Factor 2000 calorie ме прашуваат дали имам ставено вештачки трепки,што значи за се треба упорност дури и за овие по банални работи :)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Значи си ги обожавам трепките...во целост, очите! Така ми ги прават убави и ми ги истакнуваат! :) Имам природно големи, зивиткани трепки. Не толку, колку што ми се кога ќе ги направам со маскара! Па ако сака тоа нека биде маскара на макс фактор, на лореал или некоја пазарска...нова или засушена- мене трепките ми се у вис :rofl: :rofl: :rofl: како вештачки баш! :$
     
    На catty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки хелп :( Пред повеќе од една недела ставив надградба на трепки. Уште не ми паѓаат, а сакам да ги извадам. Сабајлево гледам дел од трепките ми се извадил но со се моите трепки, се откорнале :@ Ми е страв да не си останам без трепки. Како да ги одлепам, а да не паднат моиве (прв пат свавам и изгледа никогаш повеќе :x)
     
  14. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Си ги сакам трепките имам природно големи и виткани трепки а пак со маскара кога ќе ги направм тогаш идат прекрасни
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ќе ти пораснат нови, не се секирај :)

    Јас по првите мои вештачки трепки останав како искубан паун. Остатокот го извадив со крема за лице, нежно и сами си паднаа. Ама дефинитивно не би ставила пак.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Аха Савана истиот проблем :D
    И мене ми паднаа неколку мои, шта ќеш - вчера мачкав со РИ ЦИ НУС (ова ко Ванчо Петрушевски кога најавуваше универзален лек на Македонски народни приказни) така да пробај и ти ;)

    Инаку да, се супер надградбава, 3 недели не се шминкав, ама не знам дали би ставила повторно :worried:
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Само ли мене дури пред време ми се одлепуваа, а не ми паѓаа трепки? :D
    Вештачките за Нова година ми беа ок, но веќе накај 4 почнуваа да паѓаат. Пред туширање одма ги извадив, без топла вода... :?: Кога им влегов како на филмовине, лева, десна. :D
     
  18. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    значи трепките си ги сакам најмногу долги малку завиткани нагоре па со маскара кога ке ги направам супер ми се и никогаш не би ставила надградба
     
  19. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас 5 дена откако секој ден ги мачкам трепките со рицинус и веднаш има резултати погусти се.
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ааа мене ич не ми се убавии...прави ко пушка и долги долги 5-6 метра...тешко ми се виткаат (ако знаете некое чаре за да ми се виткаат полесно и да ми стојат дигнати пишете ) ама некогаш кога ќе издвојам време за да си ги навиткам ( 1 годишно) многу ми се допаѓаат :) ...јас секогаш викам дека кога ќе си ги навиткам можам да си го почешам челото со нив :lol: