Јас земам виткач за трепки, го греам малку со фен (не претерано, нејќеш да ги запалиш трепките и капаците од очите) и го држиш така неколку секунди. После тоа ставаш одма маскара и верувај, долго стојат така.
Дечки, ми се присака да пробам како би изгледала со вештачки трепки, иако немам потреба од нив, пусти мерак сакам да пробам. Видов едни во новиот каталог на Орифлејм - ги порачала некоја?
Мишела, штом ти се за да видиш како би изгледала со вештачки трепки, немој да даваш толку пари за трепките од Орифлејм- купи си некои од 30 денари и лепак и готово
Па кога ќе размислам, во право си. Брзоплета сум и ми се вртат триста мисли во секунда за секунда , а ми се видеа баш елегантни оние од каталогот, дури и цената не им ја видов, одма си ги посакав, ццц. Ќе ви се пофалам, доколку не ми мине (пак) желбата за огромни трепки.
Пробај ги Еllise трепките,многу се природни,лесни за нанесување и не сметаат на окото.Од истите има и лепак,трепките ги има во Космо 210 ден (а можеш да ги употребуваш доста време,ќе си ги вадиш и ќе си ги чуваш) а лепакот е 90 ден.Оние трепки од пазар се ужас нема да можеш да гледаш од нив,сметаат и мнгу се крути.Ти кажувам затоа што ги имам испробано и тие и тие.
Маслиново и рицинусово масло за нега на трепки. Квалитетно се зае*ав со лоша маскара, ги мачкав со овие двете и сега се вратени во нормала.
Mе интересира за вештачките трепки, дали сте ги користеле, кои се најдобри, колку време можат да се носат? Гледам на YouТube tutorials ко од шала ги ставаат. Исто така и за лепакот. Информации добредојдени. TNX
Истото и јас, сакав да го прашам Сакам да си купам пред некој ден во Веро видов околку 300/400 ден има, дали има некој користено, дали сте задоволни? од прв пат ке се снајдам сама да ги наместам? и за колку употреби се? хаха знам напнав со прашањава
А јас да си прашам, онакви светки на врвовите на трепките дали постојат, или само на вештачки трепки ги има, каде се продаваат и дали лесно можам сама да си ги ставам... Еве слика, на што мислам...
Имам преубави долги трепки ама за ништо на светов нејќат да се извиткаат. Последен пат кога користев виткач за трепки малку ми се закачи за нив, ме фати страв и од тогаш го немам ни погледнато. Ајде кажувајте некоја квалитетна маскара, не ми е битна цената, само не изгледа како да имам ставано пластика.
И јас имам ваков проблем. Со било која маскара не стојат долго време кренати. Користам и виткач ама не и не. А проблем ми е и дека носам очила, па ми пречат на стаклото, морам поспуштени да ги носам и изгледам малце чудно.
и јас носам оцила и имам проблем со трепките...затоа рециси никогас не ги виткам,најцесто ставам само малку маскара и толку.А бас би сакала да ги направам ко некои сто ги прават
Јас за среќа имам долги црни трепки и многу си ги сакам. Никогаш не ги виткам, витнани ми се. Маскарата и шибам!
Си имам почит кон трепкиве право да ви кажам. И густи и долги ми се,па не користам не знам какви маскари,доволно ми е да ми ги зацрни,самите си се супер. Еднаш залепив вештачки (не оние,четка,оние долгите,малце поретки,наводно за поприроден изглед),не ми ја увидоа разликата,освен на светлина кога почнаа да сјаат,па го расипаа впечатокот! Мајка ми што вика,трепки ластовици,а баба ми,трепки во три реда никнати! Бреј жени...ете ви буквално значење,дубење на трепавици.Нема за што,кај гз,кук,што ти не,тема трепавици!
Најмалце од се си ги сакам трепкиве. Не ми се извиткани, па уште и светли ми се на краевите и така ми изгледаат пократки и плус по ретки, а всушност не ми се толку ретки. Среќа постојат тоа виткачите на трепки и секакви маскари па за излегување и некако ми доаѓаат на ред.
Можеби звучи смешно, ама мене никогаш не ми биле поубави трепките како после спиење со вакво ставено на очи. Вадам маската, одам да се расонам и си ги гледам трепките. Си викам Боже мој, што ми се десило? Па одма после тоа маскара им ставив и ако затрепкав малку побрзо, мислам дека ќе полетав
Дали од често користење на вештачки трепки(два пати неделно),со квалитетно лепило незнам како се вика ама е 270 ден,и посалам трепки може да си ги оштетам моите.Значи ко ќе ги вадам не ми се тргаат моите,ама од често користење на лепилото покасно да не ми се изретчат?
А да пробате ако имате метален виткач да го загреете со фен па после да ги виткате ,мене така ми помага и подолго време стојат навиткани.Инаку имам ужасни трепки...