Проблемов со паѓање на трепките никако да го решам. Не ставам премногу маскара, ја отстранувам со маслиново, со кое побрзо се отстранува и ги негува трепките, ама сепак многу паѓаат. Пробав со мачкање со маслиново, рицинусово-демек помага, ама ништо. Многу ми се ретки трепките, растаат нови, ама треба време за тоа, а таман додека да пораснат, дупло повеќе паѓаат. Решение, предлог некој?
Овие вештачки трепки се прекрасни.Делуваат природно и лесно се нанесуваат.Ги има во подобро снабдените парфимерии. Јас ги имам купено од Cosmos 300-400денари, а лепакот за нив се купува посебно и кошта 80денари
Јас сум презадоволна од трепкиве: ги користам само за посебни пригоди.Едни успевам по 2/3 пати да ги користам.
http://www.millies.ie/Products/Ardell-Strip-Lashes-118-Black__428.aspx прв пат ставив трепки во салон, козметичарката ги користеше тие на сликата,но при првото туширање ми паднаа, лепакот се направи како ластик, сега сака да си купа лепак и да си ги лепам дома, КАЖЕТЕ МИ КАДЕ ДА НАЈДАМ ДОБАР ЛЕПАК ЗА ТРЕПКИ
Шутка, 50 денари е, проѕирен е, и сум презадоволна! Убаво лепи, не се познава, не се тегне, и издржува многу долго и силни ветрови! (На тезгата кај што цела козметика - сенки, кармини, лакови се 20 ден.) Сега звучи ко реклама, се извинувам, ама е само одговор
супер нее проблем да се напраи ама има резултатти???? .. бидејки гледам го имас поставено линкот од февруариЧ) ако има одма правам
Во козметичкиот салон каде што ги редев, ги користат тие трепки ( не во Скопје), а инаку незнам каде би ги имало по продавници да ги купиш.
Овие целосните трепки се вадат одма бидејќи се за една употреба. Додека пак тие што се како снопчиња (што се лепат едно по едно) траат повеќе а воено изгледаат и поприродно ама за да ги залепиш богами ти требаат живци. Мене пред 8 дена ми ги ставија и уште не можам да ги извадам а кога пробувам да ги искорнам многу ме болат а и дел од моите трепки се корнат (изгледа затоа што веднаш кај нив ми се залепени, не знам што лепак ќе беше тоа). Ако некој знае побезболен начин за вадење слободно нека ми пише.
Тебе ќе те карам, така да си знаеш Ја заради тебе си ги средив скроз трепките (едно огромно БЛАГОДАРАМ за тоа), а ти уште се жалиш. Тоа видеото што го имаш поставено е многу корисно и ти препорачувам уште веднаш да си ја направиш смесата и доколку можеш два пати, а можеш и еднаш пред спиење да си ставаш. Јас секојдневно ставам повеќе од 6 месеци и сум презадоволна. Претходно имав поретки трепки, а сега ми се двојно згуснати и цврсти и со добра маскара изгледаат скоро како вештачки. Сега скоро да ја потрошив смесата и планирам деновиве да си направам нова за да си продужам со "третманите".
lady какви се во снобчиња или во лента колку време седат?јас имав ставено во лента и многу малку се седеа а преубави се....
Моите и природни се долги, ама ај ми ставаа во комплетот и вештачки од природни влакна. Ставањето ме печеше и ми солзеа очите ептен, ама бар уште погусти и побројни ми изгледаа трепкиве, грациозно. А за вадење па не ми се вадат сами туку од што ги тријам очиве и од постојано бришење шминка ми беше лабав еден дел и го извадив (незабележливо), а другото си стои. Ако запнеш ќе ги извадиш, ама ако не те нервираат и ти се цврсто прилепени зошто да не ти стојат, баш убаво изгледа и не се ни приметува дека се вештачки. А со тек на време секако дека ќе се олабавуваат и ќе ги вадиш самата дел по дел.
Еве ги истите што ги имам, зависи од лепакот што го користиш, после прво квасење на очите, паѓаат секако. http://images.search.conduit.com/Im...53&searchsource=15&SSPV=EB_SSPV&start=0&pos=3