Женцки,денес конечно си најдов солиден лепак за трепки,црн е, и на опаковката пише дека е водоотпорен,него сега еднаш пробав да ги става трепките,ама сега незнам како да го изчистам.ептен се тенки трепките,да не ги скинам се мислам на свадба да ги носам,така ептен ми се погодија..Солушан?
Ми предложија за матура да ми стават трепки ама одбив. Никогаш немам ставено трепки и не планирам да ставам во иднина од причина што ми изгледа неубаво, а и не знам како ќе ми стојат.
Не сум ја отворила темава откако пишав, ама бидејќи гледам дека сте прашувале за видеото и за смесата, еве ви го постирам и јас. Од истово за месец дена секојдневна употреба видов разлика, а тек после 4-5 скоро двојно ми се згуснаа трепките. Она што е потребно за смесава е: вазелин, бадемово масло, рицинусово масло, алое вера крем, стара маскара и шприц. Мој совет е повеќе да се потрудите при чистење на маскарата или ако имате кутија од безбојна уште подобро, зошто ако остане ќе се соедини со смесата па при спиење се лепи и остава црни флеки по постелнината. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... PQBk5cA_pM
^Moрам да го пробам ова, штом ти Артем викаш дека е вредно, мора да е Бадмово и рицинусово треба да набавам другово имам. Е сега за алое вера крем, каков користиш? Имам јас една крема за раце од алое, ама малце скептик сум Може имам и крем за лице од алое вера ама незнам, веројатно нема специјален крем алое вера за трепки Маслава вајда се истите тие од галафарм ли витофарм тие за се што се. И уште едно прашање, ставаш секој ден пред спиење? Или повеќе пати днeвно? П.С За најефикасно чистење на старата маскара не со течен сапун само со сјај за садови. Прво ја мијам убаво опаковката, со крпче на едно желевце брцкам и тријам едно минута две и после пак со сјај. И на крај исплакнав со алкохол, и пак поминав со крпчето чисто беше ЗА максимум 10тина минути беше чисто како ново
Сама себе си ќе се цитирам, јок бре чисто Уште имало црно и тоа многу, само што го плакнев Ме намачи оваа чистењево, дополнително уште 20тина минути чистам со крпче вртам тријам и уште има А маскарата е сува скроз искористена уште пред 3 месеци. Незнам дали уште има ќе проверам за некој саат пак, ме заболе глава чистејќи.И мене не ми чисти ич со тоалет хартија, само со мало крпче и со многу сјај. Се надевам дека ќе има голем ефетк ова, затоа што чистењево макотрпно
Хмм трепкии : па првпат ставив за матура сега.. уфф додека да ми се залепат цело веме трепкав и таа ми рече абе неможеш една минута да не трепнеш Убаво ми стоеја ама проблемот беше мислев дека носам еден товар на очите а и вака гледав :geek: :geek: ама ајде таа вечер стоеја утредента ги одлепив
Хихихи... ова Артем како Артем Шакири или? Женски јас мешав со Алое Вера од Орифлејм, имав купено крема која ја користам обично за раце после депилација и ми заврши работа. Инаку мислам дека се продаваат и креми по аптекиве ама искрено не сум побарала и не знам како одат цените. Маслава ги користам на Галафарм и истите ги користам и за косата пред миење И кога веќе почнав да набројувам, го користам и овој вазелин Ставам од смесава секојдневно, навечер откако ќе ја тргнам шминката, а за време на викенди или кога не носам маскара постојано се шлапам со ова и топ ми е. Трепките стануваат многу помеки и полесни за скротување, се згуснуваат, стануваат подолги и што е најважно скоро и да не паѓаат. Не очекувајте чуда од старт, ама и не се откажувајте одма.
може ли наместо крем од алое ја ставам течноста што ја има внатре во цвекето алое,а и колку пари ги земате бадемовото и рицинусовото масло и од дека.
Па мислам дека нема да е проблем, битно е да е алое, а дали крема или течност, верувам нема некоја голема разлика едино што може ќе ти биде потечна смесата. Инаку маслата ги има во поголемиве маркети или во аптеките по некои 70-80 денари едно.
Хаха не си со сите Не бе артем шакири, Артемка мома убава Добро го знам гелов за миење на лице е. Таа во видеото става крем гел за раце од алое вера. Значи може некој гел за раце или пак овој да го земам, зашто треба да е гел, не крем. Што не сум пробала за трепкиве и не ми успеало, ова најмал проблем ми е да се мачкам секој ден по минимум еднаш.
Мала шала, сеуште не ми испопаѓала косата за да личам на него, а ако не дај боже почне, ќе се шлакам со смесава и на глава Гелов не е за миење лице, тој е друг и во поинакво пакување Спојлер и мислам дека такво нешто не треба да стои на трепки или било каде туку да се одмива. Ова е баш крема за чувствителна кожа со алое вера и арника за релаксација (така пишува на опаковката). Ако најдеш крем или течност што не се одмива земи било каков, мислам дека ќе заврши иста работа.
Мене ми се ептен густи, црни и средно долги. Ама пошо очите ми се ко на мачка убаво ми стојат! *се изнафалив
Јас ја го направив балсамов денес. Не дека имам драстично ретки трепки, али ако се згуснуваат- зашто да не. Нема штета од погусти. Ги користев маслата од Галафарм, вазелинот од Галафарм, ама наместо крема од алое, ставив од Алое вера гелот во жолтата тубичка (од Форевер Ливинг продактс) Ќе видиме дали некако ќе дејствува Пфффф, после некој месец, со трепки ко лепези ќе се шетаме Фала Артемишн
Женски а наместо овоа рицинусово,бадемово,може ли да стаан маслиново и некое друго масло кажете,оти не ми се исплаќа да давам 160 денари само за две три капки. А мислам дека баба има такво растение алое,рековте дека може од течноста да се стави директно?
Не би знаела да ти кажам дали маслиновото ќе има иста функција како рицинусовото и бадемовото заедно. Знам дека само за 2-3 капки е неисплатливо да земаш цели шишенца ама јас ги користам и за косата (и сум презадоволна), па скроз ми е погодено. Исто и за течноста директно од алое растението... Моја претпоставка е дека после некој ден ќе му се изгубат корисните состојки, додека пак овие кремиве се хемиски преработени/добиени и подолго траат. Од друга страна па можда би имало уште подобро дејство ако е чисто алое, али сепак повторувам, не знам и не сум пробала ниту пак слушнала за тоа.
ако сакате да ми предложите некоја добра машинка за виткање трепки и отприлика колку му се движа цените?
Фби па и треба да е гел, и на Артемка е гел од орифлејм, и на видеото таа има гелза раце не крем-прозирно е. Не си згрешила тамн си е не се секирај Јас неможев да чекам да нарачувам од орифлејм, па си тркнав до зегин и си се снабдив. Маслава ми се од галафарм не за друго, немаше од фитофарм, а од бонес нема ни бадемово ни рицинусово. Вазлен имма оф фитофарм тој ќе го употребам и алое вера гелот е од Еси некоја италијанска фирма. 240тина денари е ама 150 милилтри е, поевтино немаше Дури и сладолед купив за да ги мешам со стапчето Не ми лесно знам Сега ќе го правам се ми е спремено Се надевам дека ќе има резултати, ко сивоња упорна сум за вакви работи