Не мислев и другите да ги кратам, немам таква намера Зборот ми беше да ги свиткам со маскарата за да изгледат исто, ама очигледно нема ефект од то. Така да ќе си почекам да ми порастат.
Па би требало да ти стојат. Јас лично не сум лепела,ама сестра ми имаше залепено и и стоеа. Само треба да бидеш внимателна кога се миеш,не треба да дојдат до контакт со вода затоа што ќе се одлепат
подобро купи си од парфимерија има лепак поквалитетен од тој во кутивчето кој е исушен гарант и можеш да ги одлепиш и повторно да ги лепиш едно 5-6 пати и фазла
Од вчера официјално почнав со третманот со рицинусова масло, па нетрпелива сум да ги видам резултатите, доколку ги има
Не е исушен, го проверив, ама најдобро ќе биде да си ги залепам вториот ден, првиот може и така да помине, без нив
Ја испробав смесата (од видеото постирано погоре) со различни видови на масла. И сите покажуваат одличен ефект. Баш денес треба пак да си направам од смесата. Минатиот пат дури немав алое гел па го изоставив тој чекор и пак беше супер. Само што беше потечна смесата и се правеа масни капки, веројатно алое гелот треба да ја соедини смесата.
Јас бидејќи ги немам сите потребни состојки за да ја направам смесата почнав да се мачкам само со вазелин. Па ќе видиме дали ќе има некакви резултати. И девојкава советува вазелин и само вазелин за подолги и погусти трепки.. http://www.youtube.com/watch?v=HiVU30zp ... _embedded#!
Еден совет од мене: Не дозволувајте да ве убедат и да ставите надградба на трепки (оние во снопчиња што се), з'ш вадење нема. Не дека имав потреба али ете ставив по 3 на краевите демек за погусти да ми бидат и мака мачам да ги извадам од тогаш. Ме кубат моите при секој допир на овие вештачките кои бај д уеј сега изгледаат опаднато и грдо, ги утепав од миење очите зошто демек со вода попуштал лепакот ама немаат абер да паднат. Хелп, ако некој знае безболен начин да ги тргнам нека пише, не се трпи ова веќе
Артемишн, пробај со маслинов зејтин. Стави на памукче и исто ко да вадиш шминка, може од мрсното да се извадат.
la-chicka конечно успеав да ги тргнам заедно со уште куп мои Ме болат очите и ми се цели воспалени и црвени. Не знам што лепак ќе беше тоа ама ми направи одлична депилација на очниве капаци. Сега ќе си чекам со месеци да си ги повратам трепките во старата форма. Прашајте ме дали би ставила такво сра*е уште еднаш на мене, лејка една Сам себе зае*ал, е тоа е муабетот.
Знам како е , и јас имав такви ( ко снопчиња) за една свадба и кога ги вадев, моите (и така ретки трепчиња) отидоа. Истото го реков, прв и последен пат вакви! Од тогаш си купувам од пазар трепки со снопчиња и од оној пазарскиот лепак, црн, во бело тубиче, па си ставам понекогаш, ама тој е ко гума и со топла вода или маслинов веднаш се вади. Макчај ги твоите со маслинов зејтин секоја вечер . Ќе имаш подобрување по некое време .
трепки елисе дали ги имате видено некаде? порано ги имаше во сите вера, сега ги нема. Итно ми треба информација каде можам да најдам.
бев со другарка и она ме убеди дека едни други биле добри, баш ќе видам како се викаа и ќе ви пишам. ако чинат добро,ако не...па добро
Пробајте секоја вечер пред легнување да ги мачкате со бадемово масло, ако имате некоја четка од маскара што не ви треба уште поубаво, исчистете ја само и со неа нанесувајте како кога ставате маскара, така се обновуваат и растат побрзо