Трепавици Би сакала да знам со каков лепак ги лепите вештачките трепки зошто на нив има многу малку лепак?
Трепавици По салониве сум видела го користат од Depileve http://depileve.com.mk/index.php?pa...&pop=0&option=com_virtuemart&Itemid=1&lang=mk Ама незнам каде се продавда. Мислам дека го нема во малопродажба, туку ако имате некој познат во козметички салон, а го нарачува за свои потреби, па да го замолите да нарача една тубичка и за вас. А еве како се нанесуваат: http://www.youtube.com/watch?v=2_c0LI-gr64 http://korzo.mk/stil/ubavina/338-kako-se-stavaat-vestacki-trepki
Луѓе вие не сте виделе трепки ко моиве, дури и професионален шминкер еднаш ми рече нема спас за тебе Прво сите трепки си имаат различна големина, второ што сите се на различни страни и трето и најбито ИЧ не ми се виткаат трепките. Катастрофа Ги виткам со она за виткање трепки кое не знам како се вика и ми трае тоа 2 мин, сум ставала маскари од Лореал и Мејбилајн и џабе исто ми е дал сум ставила од пазар маскара или некоја од 1000 денари мене ми изгледаат шлакнато трепките. Се откажав веќе немам убави и то е то. Е не сум ставила вештачки, не сум за тоа, да не ми се појави реакција некоја. Така да почнувам да ги засакувам трепкиве кои се секоја приказна сама за себе
си имав ставено трепки во салон 400денари убо ме бричнаја но лепилото со кое што ми ги ставија издржа една недела мн.слаби лепила користат и други пријателки мои со имаат ставано се пожалаа трепките си ги чувам воопшто не ми се оштетени но незнам каде на најдам лепило за убаво да си ги ставам и да ми траат подолго време
Kога ставате трепки во салон,треба да ги пазите многу.Tреба да внимавате дури и кога ставате крема за лице,зошто се одлепуваат од маслата што ги има во кремата.Oд вода немаат гајле.
да јас сум сведок за тоа но колку и да пазиш верувајте слаби лепила имаат и одма се одлепваат но преубо изгледаат
И јас имам ставено вештачки трепки, моите 520 денари (снопче било 20 ден.) ме фатија , ем што не беа некои да се импресионираш ем траеа само една недела и тоа не ставав маскара врз нив . Ај некој ако знае нека каже каде се продаваат убави трепки, целосни не на снопче и колку пари се
има во добро снабдените пафимерии ќе се потрудиш ќе најдеш моите беа цели не гранчиња и мн.убаво седеа само што брзо ми се одлепија сега си барам лепило некое специјално за трепки да си ги ставам зошто воопшто не ми се оштетени...
Дали знаете дали постои некој препарат или нешто слично за премачкување на трепките на пример кога сум дома и немам римел,за зацврстување или зголемуванје на густината на трепките ?!
Користев регенератор за трепки, не сум баш сигурна но мислам дека од орифлејм го порачав. Трепките ми пораснаа ко луди, на едно излегување дури страшна бев со толкави трепки, па престанав да го користам
Хахаха леле мајко,абе мене супер ми е должината ама мислам дека од ставање секојдневно маскара малце минимално како да ми се подредчени а не сакам,сакам долги ама и густи
има мн убави вештачки трепки во космо во секакви варијанти ретки густи долги кратки со светки без светки абе милион комбинации снопце не снопце шо ви душа сака а плус ич не се скапи 270 денари и внатре си има и лепак
Bелат дека од рицинусово масло да ставиш пред спиење секоја вечер имало ефект,исто така и од вазелинот. штрумфета можеш ли да ставиш слика од тој регенераторот?
Има ли некој правено надградба на трепки? Убави и долги трепки имам јас, ама сакам уште подолги и погусти да ми бидат...Дали ќе си ги оштетам моите трепки ако направам надградба?
во последно време бев загреана да ставам , ама се попишманив на другарка ми и траеа само една недела , а и не беа бог знае што инаку незнам ни каде да нудат квалитетни , нашето студио не нуди таква услуга
200 кошта само на горните трепки да ти стават наградба, но мене ме интересира дали ќе се оштетат моите, природни трепки, па после како искубани да ми бидат?
Едно девојче од кај мене имаше ставено надградба и коментарот и беше Веќе никогаш ми испопаднаа моите трепки,ќе си купувам од тие од пазарче што се лепат,барем моите ќе ми останат.Па сега размисли