Елисе трепките (барем не последниве две години) не оделе со лепак. Се продава оделно и е негде 80 денари мислам...
Јас пред половина година се мачкав со маслиново масло со едно чепче за уво, и после 5 мин ги миев очите со млака вода...и после 2 недели видов поубави и погусти трепки од претходните....најмногу се познаваа кога имав ставено маскара.... Значи со маслиново масло....и се ќе е како што треба...Се надевам дека ти помогнав....byee
Лелеле видов еден производ во едно хрватско списание и предобро изгледа.Ако го имате видено негде низ парфимерииве кажете.После само неколку недели користење трепките се подолги,погусти,потемни и позавиткани...еве како изгледа И еве го ефектот
Нема врска, финтата е лепакот да биде добар, а трепките можат да бидат најобични и поефтини. Сепак мене не ми се допаѓа ефектот кој се постигнува со вештачките трепки, посебно кога се ставени цели. Ептен се апла ко лепеза и делуваат превештачко, здрвено, укочено. Немам ставано на мои трепки, сум ставала на девојчиња на кои сум им помагала со шминката, ама навистина не ми се допаѓаат. Порадо би ставила повеќе маскара отколку да лепам вештачки или ако веќе ептен мора, би ставила минимално, само на крајчињата, колку да изгледаат малку погусти, а сепак да делуваат природно.
почнав секоја вечер пред спиење да ги мачкам трепките со маслиново масло и изутрина ги мијам.. дали е ова добро или сепак штети маслиновото масло да дејствува цела ноќ?
Јас за матура купив во Рамстор 600 ден трепки со нив има и лепак, ќе ставиш после 15 минути се одлепуваат ....и така веќе не ги користам, фрлив 600 ден за џабе...па за тоа и јас слушнав за рицинусово масло, ставив во празна маскара и така навечер пред спиење ставам, па ќе видиме резултат со време
Ме интересира дали тие што ја користеа смесата со алоето и уште нешто видоа резултати, бидејќи помина долго време?
Маца, гарант половина и повеќе заборавиле, да имаше некои позитивни резултати секако ќе пишеа до сега. Јас пред повеќе од две години редовно ставав маслиново масло на трепките и имав така солидни резултати само од него. Нанесував секоја вечер пред спиење со исчистена четкичка од стара маскара. Не ми се згустија трепките (не ми ни беше таа целта, доволно ми се густи природно), меѓутоа станаа доста поцврсти од вообичаено.
Девојки за раст на трепки, скратете ги со ножички врвчињата на трепките (еднаш месечно или во два месеци) и со четкичка од стара маскара (нормално исчистена) ставајте рицинусово масло најмалку 3 пати неделно пред спиење. Делува, се згуснуваат трепкте и растат подолги. Имав ретки и кратки трепки, сега пред 3-4 месеци откако почнав да ги шишам и да им ставам рицинусово масло, многу ми се долги и густи, ги обожавааам , немам потреба од вештачки трепки воопшто. Братучед ми вели дека уште малку како сум почнала, со гел ке ги тргам нагоре како шишките хаа!
Не очекувај чуда. јас ставав се додека не почнаа ужасно, ама ужасно да ме пече. ОД што незнам, и ја фрлив смесата. Можда има некое подобрување само на десното око, ама мајка ми ми вика дека е сугестивно, дека ми се исти. Абе не кошта многу пробај, ама не очекувај дека за 3-4-5месеци ќе имаш подолги или незнам какви трепки. Јас треба да се помирам конечно дека имам мали, неубави трепки, и само со она за витање, и асална маскра изгледаат пристојно.
да ви препорачам нешто за природни волумеозно издолжени трепки мене ми делува имам долги трепки ама ко без влакна ми останаа секакви маскари користев и сегапочнав со ова и пазете не сум редовна а сепакк има ефект се вика hyper strech lash serum има и истоимена маскара која не сум ја пробала.еве ви и ефекти Спојлер од орифлем е и 200 ден е
Немам проблем со трепките, моите се црни, долги и густи, некогаш заборавам да ставам маскара Мајка ми на шала знае да каже уште кога се роди имаше само големи очиња и долги трепки. И бидејќи никогаш не сум ставала вештачки, некако шубе ми е.. Се надевам нема да ми потребат.
Моите трепки многу се распагат, така да ништо не им ставам. Вештачките ми се како за клован, а на козметичар лепилото е прештетно да го оставам подолг период..
Прв пат ставив трепки пред 1 месец, за матурата. И баш фино испадна, не беа нападни туку баш природни, не се ни приметуваше дека се вештачки. Наредното утро сами се одлепија бидејќи лепак не може да издржи толку многу лудувања во една вечер. Уште си ги чувам и чекам прилика да ги залепам.
каде можам да најдам во велес вештачки трепки? и од прилика колку би можеле да бидат ? Спојлер Итно ми треба
Имам убави, црни трепки. Не им ставам маскара, бидејќи не користам шминка. Не ни сакам да ставам вештачки трепки.
Има ли некој искуство со лепење трепки на козметичар? Не ми е битна цената, само да немам некој несакан ефект..
вештачки не користам бидејќи моите се доволно густи и големи, уште маскара кога ке им ставам се поубави