Аура има во Космо Зебра,имам видено,а сигурно има и од Елис,со оглед на тоа што продаваат и Елис трепки. Овие се околу 100 денари и најмногу ми ги имаат фалено .Елис лично го имам испробано по цела вечер воопшто не ми се одлепиле трепките...сепак гледај и убаво да ги залепиш и тоа е битно Е сеа колку пати можат да се користат незнам точно,ама многу може 10 пати сигурно ако не и повеќе
здраво девојки јас сум нова нафорумов и ме интересира дали некој знае нешто за минивал и боење на трепки
Јас од Elisse го користам безбојниот лепак, 120 денари е, а ептен малечко. Ама одлично си ја врши работата, 3 дена не можев да ги одлепам. Тој црниот го имам исто, ама е понеквалитетен. И тоа црното ако се зашлапаш (ја измрдаш трепката па се измачкаш на окото) да знаеш дека не се чисти. Црно е. Тоа му е еден минус од мене. И тоа што помалку држи. Ми се случило за 2часа половина трепки да ми се одлепат. Јас ти го препорачувам безбојниот на Елис
Колку е тој безбојниот на елис? И каде можаам да го најдам? И трепките се 100 ден така? И нив каде ги има?
Лепакот го купувам 120 денари, а трепки различно секогаш, зависи кој ќе ми се бендисаат. Воглавно по 50 денари се
Трепките се 200 денари од elisse,100% сум сигурна,ама има за 50 денари тие од на пазар и супер се,не значи дека тие од 200 стојат подолго,до лепакот е.Значи да си продолжам со елис лепакот
Јас шо ги имам зимано на дватри пати тие до кај 50 денари што се ептен ми се ко лепези многу ми се вештачки, баш денеска ги гледав на аура точно 200 денари се. ама има голем избор и баш ми се онака природни. Јас дватри пати имам лепено и во рок од 1 саат најмногу ги вадам. Неможам да се навикнам Ама за нова година ќе гледам да издржам и да ги наместам што е можно најдобро
Имав некоја инфекција на очите и бев на очно, ми го превртуваа капакот од окото и ми откорнаа многу трепки. Имав ептен густи и долги трепки а сега ми се уништени и неможам да ставам маскара ужасно изгледа. Знате ли нешто за побрзо да пораснат трепките ?
Во некое празно и чисто кутивче измешај вазелин,бадемово,маслиново,рицинусово масло и со шприц внеси ја смесата во празно шишенце од маскара. Празното шишенце од маскара прво мораш многу добро да го исчистиш.Со нож,внимателно извади ја гумичката горе,што служи за да не се излева маскарата од шишенцето. И убаво неколку пати измиј го со вода. Потоа со салветка убаво исчисти ја внатрешноста,се додека не излезе чиста салветката. Нанесувај ја смесата еднаш до два пати во денот.
имате ли некоја марка на вештачки трепки од кои сте задоволни и марка лепак? (не ми текнува но мислам во црна туба бил подобар лепакот)
Одличен совет. Мислам дека може да помине и без вазелинот бидејќи не е природен. Вака природно со маслата најдобро би било. Секое масло е добро но внимавај да се природни бидејќи многу од оние кои сега се продаваат се само парфимирани. Нормално, малку поскапи се оние природните ама со помали количини нема да промашиш, а и ќе се исплати. Ова е убаво и за одржување на трепките. После времето поминато со маскара и после отстранувањето на маскарата, се нанесува и остава да отстои до наредното нанесување на маскара. Некои практикуваат да се нанесе и пред маскарата. Убаво е и нежно да се протрие на коренот за да има подобар ефект.
А каде да го најдам тој лепакот на elisse? Мислам каде има производи на elisse ако не кажете ми Аура каде има
Јас ја опраив со ставање на вештачки трепки Ми снема еден ден римел, залепив трепки и веќе секој ден вештачки си ставам. Супер ми се,веќе рутина ми стана, од прва ги лепам...НО, некако сите ми се како лепеза, па претходно им правам едно добро шишање и после си ги користам. Купувам од кај ќе стигнам, до кај 100 денари иако и од 500 имам купено, и нема разлика. Лепакот ми е некојси ТС (така пишува на него), бел е,ама како се суши така си поцрнува,и што е најбитно многу добро лепи. Го купив од едно локално парфимерииче, како ми се троши така страв ме фаќа каде ќе најдам ваков добар лепак
За обновување на влакната на веѓите и трепките се користи рицинусово масло. За веѓи се нанесува со стапче за чистење уши, а за трепки со четкичка од маскара (добро измиена). Маслото е доста густо и нема да се растекува. Така да кога ќе си седиш по дома намачкај се и нека си делува. Се отстранува со средтсво за отстранување шминка. Ефектите се видливи после 5-6 недели.
Јас веќе три пати имам користено едни исти трепки и не се чепнати. Но проблемот е во тоа што сега последниот пат сама си ги ставав и ги извадив што ги извадив после ама ми остана лепак на моите трепки и е толку залепен за нив што неможам никако да го извадам.. Совет?
^ Со масло да пробаш, можеби ќе успееш да го извадиш остатокот од лепакот. Пробај со маслиново, бадемово, какво ти се наоѓа по дома и помини со натопено памукче повеќе пати.