Серумот да си го земеш , бар јас мислам дека е поефикасен .Можеш да ги користиш и двете во исто време , ама мене маслово ме нервираше , недај боже да ти навлезе во очи едно печење после .Може да се става како серумов со стара четка од туш ,само на коренот од трепките .
Мене серумот многу ме печеше ако ми влезеше во око. Имаше некои резултати ама не големи а и јас не го користев често.
јас имам долги трепки и баш сум убава , ама сакам да си купам виткач за трепки за да ми се по поткренати ,е сега од некои сум слушнала дека со тоа сум можела да си ги поткинам па ми е страв и незнам дали да си купам можно ли е тоа или не ако знаеш како, некој кој има испробано нека пише некој совет.
Јас користам виткач веќе година-две, ама не секој ден, туку за посебни пригоди, а некои другарки секој ден си ги виткаат. Инаку дефинитивно поубаво изгледаат навиткани дека се креваат нагоре и изгледаат многу поголеми. Со оглед на тоа што е многу осетливо тоа место и се работи за нешто кревко, треба еднаш да се притиснат и да се држат 6-7 секунди така, ако многу силно се тегнат може да паднат/да се скинат. Во секој случај, не се секирај, ако внимателно ги виткаш, нема да имаш проблем Инаку сакам да прашам, дали имате искуство со вештачки трепки и со какви? Дали паѓаат лесно? Јас до сега не сум ставала, ама сум на свадба за 2 недели па се мислам да си ставам
Јас користам виткач секој ден и немам никакви проблеми, никогаш не сум ги поткинала трепките или слично, а може да се деси такво нешто ако го влечеш виткачот. Логично е да не се прави тоа. Веќе ми стана рутина секое утро. Малку ќе ги навиткам, еден слој маскара и иако сум спиела три-четири саати, пак изгледам свежо. Само еднаш имам ставено вештачки трепки, ама не ми издржаа многу. После 4-5 саати почнаа да се одлепуваат. Тоа веројатно е до лепакот, треба со поквалитетен да се залепат...
Само за матура имам ставано трепки и после за на свадба побарав да ми ги залепат истите и толку им беше. Си ветив дека здравје за следната свадба кога ќе биде нема да одам на шминкање бидејќи не ми се допаѓа како ме шминкаат, мислам дека сама умеам подобро. И дека ќе си купам од ДМ некои големи густи трепки и ќе си ги залепам, поубав финиш здравје. Имам гледано баш во ДМ такви какви што сакам, ептен мерак ми прават такви густи гломазни трепки. Не ко за матура што ми залепија обични. Ама тие дека влагаа во цената, нормално. Инаку имам долги трепки и со маскара супер завршувам работа за секојдневно, но за прилики многу си сакам вештачки.
Инаку сакам да прашам, дали имате искуство со вештачки трепки и со какви? Дали паѓаат лесно? Јас до сега не сум ставала, ама сум на свадба за 2 недели па се мислам да си ставам [/quote] Само еднаш имам ставено вештачки трепки, ама не ми издржаа многу. После 4-5 саати почнаа да се одлепуваат. Тоа веројатно е до лепакот, треба со поквалитетен да се залепат...[/quote] Сама ги ставаше или на шминкер? Дали знаете да ми препорачате некои квалитетни што можам да ги купам и ставам сама? Фала ви многу однапред.
^ Mи ги фалеа оние во ДМ, Евелин беа, Есенс ли беа... мислам дека едни од тие две беа. Оди во ДМ и нема да утнеш, само една марка мислам имаат.
Не, има повеќе марки на трепки и секако варираат со цената. Многу се убави оние на Катрис во снопчиња - ставаш колку сакаш и каде сакаш, а изгледаат многу природно. Оние целосните ми се премногу вештачки и такви не би ставила никогаш. Мислам дека ги купив 260 или 270, навистина не се сеќавам, ама полно кутивче е со такви уметоци. Плус, употребата не е еднократна, може да се исчистат и повторно да се нанесат ако ви затребаат. Мислам дека ќе ми траат за цел живот, зашто и онака многу ретко ставам вештачки трепки за некои поформални прилики. Има и од Аура, мислам дека и тие се тука некаде со цената, но не знам дали има кутивчиња со мали снопчиња. Големите целосни трепки се многу убави, имам работено со нив.
Е да, на Аура мислев. Во ДМ како само од Аура да имав видено ама може не сум видела убаво. Како и да е, тие ми ги фалеа. Исто така и тие што се ставаат како снопчиња се многу добра работа и тие претежно ги користат девојки кои сакаат постојано да имаат ставено трепки и ги менуваат на 2-3 недели.
Бидејќи имам прилично долги и прави трепки, а носам очила кога бев 7мо одд. тетка ми ми ги навитка трепките со загреана лажичка, а потоа ми објасни што треба да си купам за да можам секогаш да ги виткам. Тогаш не бевме во Скопје, па само што си дојдов ја пронајдов магичната алатка -виткач за трепки Се дружиме секој ден, повеќе од 10 години и јас до сега само 2,3 пати имам поткинато трепка затоа што ми била постара гумичката, па не сум забележала дека е и таа поткината. Кога ќе купуваш, внимавај гумичката да е од едниот крај до другиот на виткачот, така не постои можност за кинење на трепки. Кога ќе забележиш дека е потсечена гумичката или сменија ако имаш резерва или купи нов виткач. Не се скапи, на пазар ги има и за помалку од 100 денари. Како да ги виткаш трепките? Намести го виткачот што поблизу до коренот на трепките, стисни 2,3 пати и држи неколку секунди. Не ги влечи со виткачот! Во место стискаш и држиш. После нанесуваш маската. Не се препорачува да се виткаат после маскара иако јас речиси секогаш ги виткам повторно после ставање на маскара зошто така подолго ми стојат навиткани. Во тој случај внимавај да немаш остатоци од маскара на виткачот зошто така најлесно се кинат.
Немам купено маскара 7 години ,ама затоа од аура,елисе имам еден куп трепки редовно си ги носам зависи од нивната форма,должина дали е ден и ноќ....тие се мое секојдневие и досега не сум имала никаков проблем.
Јас кога бев мала, ја гледав таа алатка кај братучедка ми која е постара до мене па таа ми ги навитка. И од тогаш немам користено виткач за трепки. Од тогаш ми се свиткани трепките. Како така ни ја незнам.
Споделете некој трик, туторијал за како да си залепам вештачки трепки. Секој обид ми беше безуспешен, а жал ми е трепките така да ми стојат во кутија, неискористени... Препорачајте ми и соодветен лепак.
^Еве едно од многуте, пребарај си кое најмногу ти одговара. А за лепак јас имам црн мало паковче го купив од парфимерија незнам точно како се вика, ама е супер.
^ Најубаво се чисти со двофазен отстранувач за шминка ако немаш пробај и со обичен. Убаво натопија блазницата и покриј ја одозгора да упие на лепакот,што повеќе време стои тоа поголем ефект ќе добиеш. Нормално истата постапка ја повторуваш на два пати.