Црниот повеќе се познава и си стои црно, а белиот се суши и ништо не се познава. Јас работам со трепки и го препорачувам белиот.
Дали има некој што користел трепки со магнетчиња што се? Се мислев дали да си нарачам, па ако има некој нека ми каже
Фала ти за мислењето. Некако полесни ми изгледаа за ставање од овие со лепак ама штом е таква работата подобро ќе си земам од тие како снопчиња па ќе се учам Гледав видеа и тоа со снопчиња ми изгледа доста покомплицирано од целосни вештачки трепки, така да веројатно такви целосни ќе земам. Прашањето ми е, дали да ги залепам на капакот најблизу до трепките, или врз коренот на моите трепки? Исто така колкави се шансите дека моите трепки ќе се уништат од користење на вештачки? (Можеби се бесмислени прашањава, но никогаш не сум ставала, па би била благодарна доколку некој ми објасни.)
Јас ставам снопчиња. Инаку не е воопшто тешко само треба внимание. Земаш со чупалица едно по едно снопче, со горниот дел допираш во лепакот многу малку да има лепак и лепиш на твојата трепка, не на капакот. Инаку трепките се уништуваат од искуство кажувам бидејќи јас две-три години носам. Прво одев да ми ставаат, а од како завршив курс сама си ставам. Стави си еден ред убаво, а потоа види се, јас обично ќе си се сликнам мижејќи да видам дали некаде фали и ќе си дополнам. Лепак препорачувам на Аура, бел , кој што се суши и не се познава подоцна ништо. Многу се поубави и поприродни од целосните и ако се научиш убаво да ги ставаш ќе ти траат по две-три недели.Ако те интересира нешто друго слободно прашај.
@Luminary Искрено, не би ти рекла да ставаш воопшто вештачки трепки. Јас сум ставила неколку пати и од лепакот премногу се уништуваат природните. Имав долги и густи трепки, сега премногу ми се изретчени и не знам како да ги повратам. Ако сепак се одлучиш да ставиш и не си задоволна од твоите трепки, залепи ги вештачките што поблиску до природните. Не сум баш сигурна како "стручно" да објаснам, па еве линкче од tutorial:
@Luminary Не би требало да ти се уништат од обичен лепак (со латекс), моooжеби минимално при отсранување, затоа користи улје кога ќе ги отстрануваш. Се уништуваат од поагресивни лепаци, кои воедно се и потрајни. @Sarahhhhm Со Аура лепак ти траат по 2 недели?No way.
Иии како изгледаат? Јас се мислам кај дадар да си ставам , само не знам после кога ќе почнат да паѓаат дали делува не природно? Ии колку ти траеа ?
Јас ич не сум задоволна без разлика каде ќе ги ставаш. Изгледаат убаво,но не траат. За неколку дена почнуваат да паѓаат па ќе мораш да одиш на корекции често, секоја недела.. Корекцијата се наплаќа. Многу е малтретирање за мене барем..
@Sarahhhhm доколку добро ги негуваш, слободно можеш да ги носиш 4 недели. Јас барем на толку време одам на корекција. А и 4-та недела сосема пристојно изгледаат. Не би рекла дека паѓаат по една недела (нормално ако се квалитетно направени). @ThatKind според мене свилените трепки изгледаат прекрасно, ако се добро изработени. Со добра нега, паѓаат постепено и не се приметуваат поголеми дупки се до четвртата недела, а потоа се оди на корекција (кога ќе имаш минимум 50-60% од трепките, не помалку). Јас сум презадоволна колку го отвараат окото и колку го разубавуваат целиот лик, па дури и кога немаш воопшто шминка на лицето. Ги носам веќе неколку месеци и немам во план да ги вадам за брзо време.