Може. Природно ќе ти паднат за 8 недели (ама не знам како би изгледало тоа, веројатно ќе ти се познаваат празнини), или можеш да отидеш да ти ги извадат со специјално средство ( постапката се наплаќа).
Јас сум го користела второто. Како база за трепки ми се допаѓаше, убаво ги двои и подигнува пред да нанесеш маскара, и ми ги зацврсна. Околу раст немав никаква промена.
Јас сум задоволна од овој серум. Го ставам на трепки и веѓи. На трепките имам надградба па не можам да оценам дали ми растат. Ама веѓите ми се значително згуснати. Само делумно се гледа ефектот по 6-8 недели, но со долготрајна употреба верувам дека ќе има одлично резултати. Ако си истрајна и не очекуваш чуда преку ноќ- зимај А и Биодевојка го одобри и рече дека има подобар состав од овие на Евелин. @Yowannty ќе те тагнам и тебе, мислам дека во некоја тема се зборуваше дека не можеш да ги пораснеш веѓите ( сум запамтила пошто дебата се разви ) па можеш да пробаш со ова. Инаку, цената е нешто над 300 ден.
Ти благодарам баш ќе го земам и ќе пробам Јас инаку користам моментално рицинусово масло скоро 4 месеци секоја вечер нанесувам и имам резултати а пред да го користам имав мн кратки и ретки трепки сега сум многу задоволна ама сакав да пробам и нешто друго
@marta993 колку време ги носеше трепките? и дали кога почнуваат да паѓаат, паѓаат заедно со природните? закажана сум јас во среда па нешто се предомислувам.
И јас истово го користам веќе 15дена и има резултат малку, бар јас така мислам Сеуште ли го користиш? Премногу сакам долги трепки, но ова сигурно нема многу да ги издолжи..
Го користел ли некој ова подолго време да каж дали има ефект? Го купив, неколку дена се мачкам, што знам, ок е, ама дали има ефект долгорочно? Состав не видов, кутијата ја фрлив.
Јас Имам пишано мислење неколку поста погоре. Сеуште го користам, супер ефект имам кај веѓите, исто така трепките на долниот капак ми се значително пораснати и згуснати. На горниот капак имам свилени трепки, па не би можела да кажам каков ефект има.
Не го видов постот, директно отидов на крајот од темава. Па супер штом има разлика, само треба да бидам упорна и стрплива, а и јас знам да го ставам на веѓите. Иначе имаше посебен серум за веѓи, посебен е овој за трепки, па се мислев меѓу двата, и на крај овој го зедов. Јас го барав кофеинскиот серум на Алверде, ама го немаше. Недостаток кај овој ми е што четчето е како за туш, а не маскара, ама се навикнав.
Првенствено го земав за трепките, веднаш штом ја ставив надградбата со свилени, за заштита на моите. Почнав да ставам и на долниот капак, па потоа и на веѓите. Попрактично ми е вака со еден производ, ако се два ќе ги забаталам Мене па баш ми е предност тоа што четкичката е како туш. Лесно се аплицира на местата на веѓите кај што имам дупки и на трепките на долниот капак, а и поентата е да се третира коренот, додека со четка како од римел се нанесува беспотребно на целото влакно. Пиши по некое време какви резултати ќе имаш
Анат и јас користам еден серум не е од Балеа од друга марка од Росман е. Ама резултати имав после 4 недели. Си бара упорност.. Мене ми пораснаа и згуснаа.