Накај 2500 мислам дека.Бар другарка за толку става.Ама не вреди, кога ќе почнат да паѓаат на ништо не личи тоа. Сакам да одам на третман за издолжување на трепките, другарка беше во Ѓорче негде.Она има исклучително мали трепки ама и направиле некој третман и сега и се подолги и онака баш имаат волумен.Без боцкања глупости.Ваше мислење или искуство?И дали сте чуле за тоа.Имам мали трепки сакам бар малку подолги и погусти.
Подолги и со повеќе волумен не се. Само се извиткани. И на мали трепки обично има минимален ефект. Инаку свилените трепки доколку редовно се корегираат, прекрасно изгледаат.
Свилените изгледаат толку вештачки, да ни редовно пополнување не те спасува. Сите ми се коа евтина верзија на Ким Кардашијан со нив. Па уште 2000 денари чинат? Ненормално е ова што се случува низ Скопје, а се смеевме на србинкине до пред некоја година.
И мене не ми се допаѓаат воопшто. Изгледаат многу далеку од природно. Зависи од изработката ама пак, ретко. На дечко ми му викам на зафрканција да си ставам трепки свилени, ми вели како со тенди на очите ќе сум била .
Зависи каде ги правиш, не изгледаат сите така смешно или евтино. Мене ми се допаѓаа свилените трепки на @marta993, баш изгледаа природно. Моја другарка исто така неодамна стави свилени трепки, не се ни познава дека се вештачки. Не се секаде 2000 денари, во не толку познатите салони (кои не мора по некоја аналогија да значи дека ќе ти стават крш трепки) се поевтини. Јас не би ставила, немам потреба, а и не верувам дека би имала нерви за корекции. Но, да имав ретки трепки секако би ми било една опциите.
Фала @Mishela Инаку @Hipster јас ги платив 1300-1400 ден, ми траеа 4 недели и дури тогаш откако ми се имаа малку изретчено не ми пречеше како изгледаа затоа што беа природни, не премногу густи ниту премногу долги. Не се одлучив пак да ставам затоа што ми е потешко да се шминкам со сенки и после процесот на отстранување на шминката ми е поспецифично. Ама за оние кои не се шминкаат премногу, трепките се светска работа. Пудра, руменило, карминче и низ врата
Со сета почит, но јас не сум видела девојка на која и стојат природно и убаво пред се. Секој со своите желби и вкусови се разбира, но мене лично не ми се допаѓа овој тренд. Згора на тоа @marta993 ни 1300 не се малку пари, посебно не за месечно надградување. Барем на моите приходи не им се. Јас имам мали трепки и порано претерано сум се замарала да ги направам поголеми. И умешно ги правев. Сега веќе искрено престанав да трошам време и маскра секое утро за да имам не знам колку впечатливи трепки. Ставам маскара но сосема доволно. Сепак не сме Холивуд па да работата ни захтева секое утро пластичен изглед. Зашто сместам дека со овие вештаки ноки, трепки, усни, јаболчници и те како се претера и се доловува пласичен копи пејст изглед. Не го сфаќај ова лично само те молам
@Hipster не можам да се согласам со тебе дека сите девојки со свилени трепки изгледаат вештачки. Трепките кои се лепат изгледаат многу, ама навистина многу лошо, особено кога девојката ке замижи (тогаш точно се гледа снопот трепки), ама овие свилени надоградби дефинитивно се многу фина опција. Во иднина, кога би имала работно време од 8 часа, би ставила свилени трепки, прво затоа што се практични и ке заштедам време, а второ затоа што маскарата почнува да се рони после одреден период, па следи иритација и црни точки под очите. Има трепки и трепки, како што има силикони и силикони. Еве пример, мене трепките на @marta993 ми се допаѓаат (или допаѓаа бидејќи веќе нема свилени трепки ). П.С. Ако силиконите на Цеца се ужасни, овие дефинитивно не се, Спојлер
Ама не заборавај дека ако ти не си видела, не значи дека такви нема или не постојат. Јас сум видела преубаво надоградени трепки кои изгледаат многу природно и да имав потреба ќе ставев и на моите. Тоа што не ти се допаѓаат е веќе сосема друго. Исто како и ноктите патем, ако некоја не сака да се замара да ги прави по дома, си плаќа гел лак или гел надградба на козметичар и си ги одржува секој месец. Не гледам што е ова поразлично од тоа, ама океј разбирам, не ни мора да му се допадне на секој.
Да де, ако на вам ви се допаѓаат не значи дека се убави Исто ко со силиконите. Исто ко со вештачките нокти. Пак ќе повторам, различни размислувања, не се трудам да ве убедам, ниту вие мене.
Мене ми ги напраија за 1200 и преслатки ми се, дечко ми дури кој е против се вештачко ми кажа дека се (фала Богу) баш природни. И ми стојат веќе 3 недели не гледам дека имам разлика од првиот ден