Имам ставено свилени, еднаш обични, а другите две корекции со волумен. За некој како мене што скоро и да нема трепки и тие што ги има се прави и со ништо живо не се извиткуваат, ова е светска работа. Сепак многу се деликатни за одржување. Потребно е внимавање при вадење шминка, секојдневно чешлање со чиста четкичка за маскара и покрај тоа со тек на време при спиење од прашина и слично се слепуваат една со друга. Сега откако ми се извадени не можам да кажам дека не се воопшто оштетени моите затоа што сепак се лепени на моите трепки и иако не сум ги корнела со сила се случувало сами да паднат некои снопчиња. Би ставила повторно доколку цената за нивните корекции не беше колку една целосна депилација и кусур. Еве и слики. Со оглед на тоа што на првава слика пофино изгледаат, на вторава е веројатно каков е ефектот после некое време.
Ставам веќе со месеци( паузирав измеѓу со месец ипол без ниедно влакно поради желба ) и супер ми беа трепките ниту оштетени ниту слепени да кажам..
50% надградба на свилени трепки https://grouper.mk/skopje/deal/princess-lbk-academy-svileni-trepki-avg Некој да не има вакви?
Женски, досега не сум лепела вештачки трепки и сакам да пробам за на свадба. Ама проблемот е што имам спуштени капаци па сите трепки не стојат убаво на мое око, од тоа што гледам туторијали на јутјуб. Да ми предложите некое бројче од тие на Аура, или некои други само да се понежни оти мислам дека големи нема да ми стојат убаво, ќе ми го затворат окото. @CameliaMiller Можеби ти? Те означувам оти знам дека исти очи имаме
На едното око трепките ми се некако поретки и кога ставам маскара навистина многу се познава. Не знам на што се должи ова а сега пред една недела прв пат го приметив ова. Дали некој има слично искуство?
Можеби спиеш на таа страна и трепките ти се оштетуваат од притисокот. Јас кога ќе заспијам на страна трепките на тоа око ми се навиткани, а на другото прави. Навика ми е да спијам на страна и редовно наоѓам испопаѓани влакненца на перницата. Пробај смени ја положбата на спиење и ставај масло од рицинус на трепките.
Може ли препорака за место каде се ставаат Свилени Трепки, од каде сте задоволни, колку чинат, ако може линк од фб од местото. Барам место во Центар Скопје. Фала женски
Regina Bella - сега другарка стави и баш убаво и стојат, овој месец имаат и некој попуст 1000 денари биле.