Дали е штетно да се виткаат трепките со виткач? Никогаш не сум ги виткала но сакам. Како се виткаат може некој да ми каже? И некој добар виткач да ми предложите?
цело време ги виткам, нексд без шминка искачам ама со свиткани трепки обавезно, до сега не ми се покажало како штето.Биди внимателна за да не си откорнеш некое трепче
Здраво девојки, за оние што направиле lash lift, дали сметате дека вреди или би направиле свилени трепки од старт? И уште едно прашање, ќе може ли некој да прикачи слика од серумот/бустерот за трепки на Алверде бидејќи гледам на интернет страната дека имаат Lash serum и Lash booster. Што препорачувате? Благодарам
Зависи. Ако имаш долги, густи трепки и сакаш апсолутно природен ефект, тогаш да, за такви особи е наменет лифтингот. Во спротивно, подобра опција ти се свилени трепки.
Предлог за квалитетни вештачки трепки кои може да се најдат кај нас, освен оние на Аура? Имам природно густи, долги и извиткани тpепки па оние на Аура на мене не се ни познаваат, затоа барам некои поволуменозни.
Предлог за вештачки трепки но онака природно да делуваат и да не бидат преголеми затоа што немам крупни очи..
Девојки дајте ми некој предлог што да користам за да ми пораснат трепките. Користејќи виткач за трепки на едното око пола трепки ми се искубија и тоа многу е видливо сега дека немам трепки бидејќи имам големи трепки.
Ќе пробам да го најдам, се надевам дека ќе ми помогне. Си купив рицинусово масло и се надевам дека ќе ми пораснат како што ми беа бидејќи ќе полудам без трепки. Уште нешто да те прашам за колку време од прилика имаше резултат?
Па верувај декаа за месец баш голема разлика ќе имаш, ја у септември останав без трепки и сега во февруари ми се топ , уште не се ко што беа али оваа добитнава комбинација ме спаси!
Здраво може да ми кажете како го користите руцинисовото масло за раст на веѓи колку време го оставате да стои?
Јас користам рицинусово што го купив од аптека и многу сум задоволна. Го нанесувам на трепките пред спиење откако темелно ќе ја извадам шминката и спијам со него. По една-две капки и масирам за да навлезе убаво до корените.