Фала девојки со години носев свилени трепки, ама за време на ситуацијава ми паднаа и се потсетив која беше убавината да можеш да се почешаш за око слободно така да ќе паузирам со екстензиите и мислев да пробам со лифтинг. Уште нешто да ве прашам, како се движат цените за лаш лифтинг и да ми препорачате каде да направам?
Околу 1000 денари горе долу. За препорака arbis art beauty Од свилени трепки треба да се прави пауза. Не треба константно да се корегираат. Барем на неколку месеци пауза @Kimberly11 најмногу се оштетуваат при вадење, затоа треба да се извадат со уље о полека, а не одеднаш. И секако, да не се носат често
Јас правев, траеше околу 1 ,5 месец и уште пред скроз да падне ефектот одлучив пак да направам. После тоа трепките ми се оретчија и изгледаа лошо Наре
Само што ставив свилени трепки и десново око ми е премногу црвено и ме боцка, уште додека ми ги ставаше многу ме печеше.. Често ставам и ова не ми се случило до сега. Еден час помина од кога завршив не ми се смирува... Хелп?
Често фаќам конјуктивит и сега ми е баш исто така.. Алергиска реакција не би требало да е, инаку со истиот лепак работи, чупалица стерилизирана, со нови ракавици иако нема допир директно во окото.. А трепките се убаво наместени не се до капакот.. Стварно не знам што ми се случи. Купив тобрекс капки ваљда ќе ми помогнат..
Здраво, дали може да ми препорачате салон за lash lifting на трепки во Скопје? Не ми е битна цената, само убаво да ги прават
Ова ли е? По кој редослед ги користиш? Прочитав дека рицинусово ставаш пред спиење, го ставам и јас веќе 2 недели, па сакам и ова да го пробам
Девојки дали некој има искуство со користење на рицинусово масло, јас имам многу мали трепки и не ми се густи, дали би ми помогнало, како го нанесувате и каде може да се купи?
Јас користам рицинусово масло со месеци и помага побрзо да се обноват трепките кои секојдневно ни паѓаат и мислам дека помалку ми паѓаат сега. Не може да нараснат доколку претходно немало таму корен, чисто за да немаш нереални очекувања. Инаку го купив од аптека, го има во сите аптеки.