дефинитивно Сегретo (segreto.studio) многу убаво прави девојката,скоро 6 месеци веќе таму ги правам,а многу места сум пробала,ваму е топ. Има цени и на инста може да видиш, а за тоа кои најмногу то одговараат на окото ќе ти помогнат таму стварно 10/10 се.
Методата не ти значи многу, битно ти е мапирањето. На средина на окото треба да ти се подолги, од страните пократки.
Ќе може ли со сликичка да ми прикачиш пример за да им покажам?Исто ме интересира и одпосле туш и сенки дали смее со влажни да се брише?Дали некој бил овде и мислење дали работи добро? https://instagram.com/lashes_by.nesic?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Не, не смееш со влажни марамици. Сенка смееш, туш не, но многy често сепак го користат. На open eye мислев
Што мислите за виткање(лифтинг) на трепки и ламинација на веѓи? Дали е тоа подобра опција со оглед на тоа што не толку ги уништува природните трепки? Препорака за салон во Скопје каде што сте задоволни од истото Ве молам
Салон за трепки во Центар, Карпош, Влае да се до 1000 денари и ако имаат профил да видам како ги изработуваат. Фала
Јас преферирам само одреден стил на трепки, ги нарачав и едвај чекам да стигнат. Како маченце ме прават во очите
Здраво, настана проблем пред 3 недели правев свилени трепки, на првата недела на левото око почнаа да се распаѓат, денес веќе неможев да ги поднесам вакви. Се консултирав со девојката што ми ги правеше и ми рече дека можам со уље (бекуран) да ги извадам. 20 минути триење очите ми поцрвенеа, ми испаѓаа и моите трепки (остана нешто од свилените преголема болка неможев да ги извадам) сега колку време треба за да пораснат моите, што да користам за раст на трепките? Повеќе никогаш не би правела свилени трепки.
Купи си рицинусово масло и секоја вечер мачкај ги пред спиење. Можеш да го нанесеш и со некое чисто четче од стара маскара. А додека се обноват и ти пораснат нови трае неколку недели. Битно е да не ги триеш очите и гледај да не користиш маскара и виткач некое време.
Ама треба да нанесеш само уље и да го оставиш, а не да ги вадиш ти. Така лепакот се раздвојува од влакното ама не моментално. Нормално дека испаднале и твоите, си ги искорнала ти. Не ти се криви свилените трепки.
Da ve prasam za podobri mesta za pravenje trepki? Gledam sega na grupper nudat popust na razlicni mesta, ke moze nekoj da mi dade sovet kade da odam. Pozz i blagodram
Jas imam 44 godini i bi sakala da gi aksentiram trepkite iako mi se dolgi, imam ednas napraveno porano i mnogu losi mi bea
Здраво девојкии!! Што мислите дали е подобро да се стават свилени трепки (lash extensions) или пак да се користат обични вештачки трепки?! Јас имам свилени, но откако ги ставив многу брзо ми паднаа и сега се двоумам дали да ставам пак или не.
Јас имав. Не ми се свиѓаа воопшто. Не се практични и паѓаат лесно. Тие со лепење најмногу ми се допаѓаат.
Па не знам каде ги правиш ти за таа цена. Корекциите се движат од 600 ден нагоре, зависно од место и што се прави.
600 денари?! Во мојот град ова е една од најевтините понуди, знам уште едно место каде што е 3000д волумен. Ти каде ги правиш за толку?