Zdravo devojki Molam da spodelite iskreno iskustvo so svileni trepki,. Prednosti/nedostatoci, koja e makata potoa, cena odnosno kade ima poeftini itn... Vi blagodaram odnapred
Пред се треба од искуство да ти кажат кој изработува добро, не само од реклама. Предности: Нема да ти треба шминка на очите а ке изгледаш убаво секој ден, ке се чувстуваш посамоуверено. Мани: Moже да се јави инфекција (не дај боже) мала ама не исклучена можност, може да се уништат твоите трепки, кога ке се навикниш на големи помалце ке си задоволна од твоите трепки. И најголема маана- скапо. Сите што изработуваат убаво трепки се изгор скапи, за на две три недели да одиш на корекција и така натаму во круг, мене многу пари ми се видоа и престанав. Си ги опоравив моите со серум и масла, сега можам да ставам ајлајнер и сенка на рает.
Луѓе препорачајте некој што става трепки во Битола по нормална цена? ставив во Нов Имиџ 700 денари најубави од сите а вака по салони кога ќе прашам 3.000 денари
Девојки, ако сте правеле lash lift колку ви трае ефектот ? И ако може препорачајте салони од кои сте задоволни. Фала
Два пари имам правено кај дина во dl art нешо така е на инста, ја имаше и на common. Задоволна бев, предобро ми ги изработи, квалитетно, чисто. Траат отприлика еден месец и после пак одиш на корекција исто како за нокти
Девојки за на одмор што повеќе правите лаш лифт на свои или класик свилени трепки, какво искуство имате на одмор со свилени трепки посебно ме интересира.
Здраво, дали знаете каде можам да најдам гумичка за виткач за трепки? Некој ми препорача да барам на пазар, ама не наоѓам. Наводно порано се продавале повеќе гумички спакувани, сега само виткач ми нудат, но не ми се купува нов кога имам скроз функционален.