Ааааа утре и јас одам на зелено пазарче и си купувам трепки Само ако може да подобјасните на која тезга поточно ?
Купив прво вакви , ама ми се видоа ретки, па решив да купам погусти. Овие ги земав 30денари од една продавничка за кинеска роба Потоа купив вакви само подолги, за 35денари и нив ги носев
Сеси и јас имам како вториве, ама мене некако густи ми изгледаат и ептен вештачки . Сепак се работи за вкус.А лепак посебен си зема, дека овој со трепкиве што иде на се личи освен на лепак
Земав посебен лепак од парфимерија, а трепките сега ќе ставам слика, не делуваа воопшто вештачки, сите ме пофалија како сум нашминкана без да се свесни дека трепките се во прашање, дека тие ја прават работата, а не шминката *да напоменам, малку ги скратив, ме нервираа толку долги
Си купив трепки , слични се на тие што ги има Сеси Имав дома ама еве не ги понесов во Штип , а овие малку поубави ми стојат.Купив и лепак како туш е со четкичка безбоен. И сега да ве прашам лепилце како туш да нанесам и да ги ставам.Колку време ги држите на очите ?Ќе ме истраат ли барем до утре вечер којзнае Само да не ми паднат, некое советче како поефикасно да ги нанесам
Значи јас го ставам лепакот како што нанесувам туш. Потоа чекам околу пола минута. Е потоа како ти е полесно дали со рака дали со пинцета ги местиш трепките што поблиску до коренот на твоите трепки, само не ги мести скроз од почетокот на окото, туку од повнатре. После притисни малку со пинцетата врз нив за да се зацврстат. Мене ми стоеја цела вечер и уште ќе ми стоеја ако не ги извадев. И утредента пак си ги ставив Лепакот од очите се остранува само со млака вода, со друго тешко оди
Ааааа и јас сакам трепки,овие моиве на ништо не личат треба пола саат римел да ставам за да ми дојдат до израз деновиве идааам на пазар да си се снабдам
Еве ги и моите. Последниве трепки што ги купив поубаво излегуваат. Воошто не се познава дека се вештачки.
И јас си ставам вештачки трепки,ама често ги носам во комбинација со леќите онака кога сакам да сменам нешто ,ретко кога ги носам без леќи,ама некако ептен вештачко се осеќам со нив еве како изгледаат:
добро бе надрагдба на нокти(може и вештачки) нокти сакав и ставив надградба на коса силикони и се останато се свакам ама вештачки трепки??? и тоа лепак од пазар??? не ми е јасно, и не би ставила за ништо на светов(добро ако некогаш посакам ке се упатам на козметичар ама за сега НЕМА ШАНСИ
Па не купувај лепак од пазар,порачај си од козметички салон или купи си од парфимерија и решен проблем,не значи дека сите што ставаат вештачки трпки користат лепак од пазар!
Купив денес трепки за 25 денари и тоа од продавница... Сега кажете ми ве молам каков лепак да купам за убаво да ми стојат..Таму имаше еден лепак за 78 денари, бел како гел во тубичка мала..Ама не знам дали е добар..Вие што викате..??
Mене искрено тие податоци што ги кажа не ми значат ништо за да знам дали е квалитетен лепакот- 78денари и дека е бел . Оди во парфимерија и купи си некој со просечна цена, да кажеме 150денари, а ако не ти чини барем нема да ти е мака за парите