Да ми препорачате девојка или салон за свилени трепки од кои сте задоволни, по можност во Кисела Вода или околината.
Здраво на сите. Ве молам за помош. Носев свилени трепки околу 7 месеци, на 3 недели правев корекција. Сношти си ги извадив, ми сметаа, со памук и мицеларна, но останав без моите трепки, исто како да немам. Дали ќе ми се обноват, што е најефикасно да купам, не можам да излезам од дома, не можам да се гледам вака без трепки.
Тие со мицеларна не се вадат, си ги искорнала. Си требала да одиш таму да ти ги извадат или со масло за ден-два. Рицинусово масло земи, тоа секојдневно ќе го мачкаш и некој серум. Не ставај маскара или трепки обични. За 3-4 недели ќе ти се обноват
Здраво, ги гледам Velvet и Rizz Studio за lash lift, дали имате искуство со нив и кои би ги одбрале со тоа што се скоро иста цена и во двете? Прв пат сакам да правам па не сум сигурна каде да одам.
После два месеца носење свилени трепки моите се уништија пола ги нема.. Како најбрзо да ги опраам моите? И кое е најдобро рицинусово масло?
Мене тоа од Зегин на Sensilis ми е топ. Ми требаше недела и нешто за да приметам разлика, така да, ќе треба малку време да му дадеш, но ефективно е. Само стај го на друг дел од кожа, на врат или внатрешен дел на рака, кај бицепс, да видиш да не има некоја реакција, бидејќи сепак на кожа околу очи оди.
Рицинусовото масло од Sensilis мене многу ми помогна за раст на трепките. Иако само еднаш имав ставено свилени трепки, константно го користам во ноќна рутина и има ефект. Најбрзо решение нема, само треба да имаш константна употреба и ќе се опорават со тек на време.
свилените трепки не ги оштетуваат природните, доколку се правилно аплицирани би требало да има подобрување на природните, со оглед на тоа што кога носиме надградба не ги малтертираме природните трепки со маскара која всушност е најголем непријател на природните трепки. Доколку сте ги триеле или ваделе сами е тоагаш е навистина проблем. Се што би треба сега за да ви се оправат трепките е време, со серум или без периодот на раст и развој на едно трепче е ист. Има серуми кои што прават филм околу природното трепче па така мислиме дека ете ми се згуснаа, ист ефект имаме и со маслото од рицинус.