Како до подолги трепки Имам релативно ретки трепки,и не знам што да користам за нивно згуснување.Имам читано во неколку списанија за маслото од рицинус,па ако некој има пробано некаа пише колку е задоволен и дали има ефект.Или пак да каже свое мислење за некои производи.
Вчера видов во парфимеријата дека има еден специјален лепок за трепки,проѕирен е,како сјај за уста така изгледа,а четкичката му е како за туш.Ако некој го има користено да ми писе дали е задоволна да знам дали да го купам.Цената му е 100 денари. Ова ке заборавев продавачот во парфимеријата ми кажа дека вештачките трепки се лепеле и со проѕирен лак за нокти.
Сањичка те молам не пробувај нешто што содржи ацетон да го ставаш блиску до очите. Просто се чудам какви "брилијантни" идеи им доаѓаат на некои луѓе
Не ни помислувам да ги лепам со лак за нокти,продавачот ми ја дава таа идеа како демек му ја кажала нкоја муштерика.
Баш така Ливинг, зарем ќе дозволите за 100 денари колку што чини лепакот да си го расипате видот, ставајќи безбоен лак? Плус нема врска дека можат со него да се залепат трепките, лакот ја нема таа густина како лепакот, нема логика тоа што ти го кажал продавачот
Имам проблем, ми треба квалитетен лепак за трепавизи. Не е битна цена. Тој што го користев ми го донесоа од УСА и бев презадоволна ама сега се потроши. Кажете дали во Космо има квалитетен лепак за трепавици. Најблиска ми е таа парфимерија. Фала.
Зедов од лепакот што пишав погоре на него пишува MAC но некако ми е многу реток и сега не знам дали да го ставам на очите или на вештачките трепки (погоре во еден пост прочитав дека една феминка го ставала лепокот на очите) бидејки е со тенка четкичка.Пробав еднаш но не ми успеа за неколку минути ми се одлепија трепките.Помош како да ги залепам а да не ми пагаат за неколку минути.
Имам сериозен проблем со трепките,се шминкам секој ден ама не премногу а римел ставам просечно, пробав со маслиново масло,рицинус ама трепките паѓаат ли паѓаат
Има многу фактори кои би можеле да влијаат ... Исхраната, дали ти е богата со витамини, минерали, хранливи материи? Средството со кое ја отсрануваш шминката, ако ја вадиш со сапун, би ти препорачала да си купиш средство за вадење шминка или пак dove сапун, другите не се баш најверодостојни, трето - квалитетот на шминката што ја користиш, нејзиниот рок на траење? Ако околку овие работи се е во ред, тогаш обрати се на лекар, можеби паѓањето е резулат на нешто сосем петто.
Не сум сигурна али мислам дека се за една употреба.. сепак зависи и на кој начин ги вадиш..ако успееш да ги извадиш неоштетени, би требало да може пак да ги користиш
Јас повеќе пати користам едни, полека ги вадам за да не ми се оштетат и само со тоник и памуче ја вадам маскарата од нив полека (бидејќи и на нив ставам малце маскара) и како нови ми се
И јас ги користам повеќе пати. Внимателно ги вадам и со чупалица го отстранивам лепакот од нив, а понекогаш како ла чика и трепките ги чистам бидејќи и јас користам маскара со нив. Не гледам зошто не би се користеле повеќе пати ако добро се грижиме за нив
Откако ги прочитав сите ваши мислење се откажав од надградба Сега најдов во космо убави вештачки трепки,но пред да ги купам сакам да ве прашам дали тие имаат лепак,или треба јас да набавам-од каде и колку чини? Дали трепките лесно се вадат и како би ги извадила?И да ми подобјасните како оди целата процедура на нанесување тенк ју
Правев надградба за апсолвентска и повеќе не! ми испаѓаа моите густи трепки и сега никако ама никако да ми пораснат може зависи и од местото каде ти ги ставале пошто моите не беа ама ич квалитетни ,ме чинеа 400ден мислам,ама имав чувство како гипс да ми стои на окото сега сакам и јас да си купам вештачки,ама исплашена од ова искуство незнам баш
Од време на време ставам и јас вештачки трепки,,, имам од оние што се разделени не целосни, лапакот што одеше со нив беше одличен, ама брзо ми се потроши, е, денес си купив еден лепак од пазар па ќе видам како ќе се покаже, ама ги одржувам и ги користам повеќе пати За вадење имам едно средтсво кое оди со трепките... и со чепкалка за уши лесно ги вадам...ама понекогаш и сами паѓаат
Треба да провериш,со некои има лепак со некои не,ако не имаш многу добар лепак во аксесориз (во гтц доле) околу 350 ден. е и многу држи можеш и по 1 недела да си ги носиш.И заборавив се вадат со топла вода малку ќе ги натопиш и полека немој силно да не си ги искубеш твоите
Фала ти ,ама некако многу ми е да дадам 350 ден за лепак,а трепките се 270,јас би сакала барем така за некои искачања да ми стојат трепките еве сега сум на свадба па сакав да си ставам,и потоа сакам да ги извадам...ајде ќе размислам имам уште малку време