Можда малку е глупо прашањево, ама ако да си прашам Дали трепките растат во текот на животот, или само до одреден период?
Ова е побиолошко прашање хаха, рокот на живеење на трепките е 5-7 месеци и потоа се обновуваат паѓа влакното и расте ново, секако тоа не е приметно бидејќи често се случува да се скине некое влакно пред да му дојде времето да падне
Каде би можела да си надоградам трепки?да ми препорачате салон?за 3недели сум на свадба и кога да го сторам тоа една недела пред свадба ,ден пред свадбата за да ми бидат убави?фала ви
Купи си вештачки трепки но не од оние огромнине шо баш се познаваат дека се вештачки туку имам видено и како природни а сепак вештачки и се лепат и не се познава..
Како до погусти трепки Читајќи во оваа категорија, прочитав некои совети за погусти трепки. Пробав со маслиново и рицинусово масло, единствената промена е тоа што веќе не ми паѓаат трепките (од користење маскара ми паѓаа-не знам зошто). Имате некој друг предлог, освен да ги исечам, пробав тоа само во долните трепки, и по 2 пати веќе не ми растат, паа, повелете, чекам ваши предлози
Немој да мислиш дека со сечењето на трепките ќе ти пораснат!! Не се зезај, ќе си останеш без трепки после цел живот.. Постојат продукти што помагаат при растењето на трепките но конкретно тие што јас ги знам, не се продаваат во МК.. продолжи со масло, штом ете не пагаат, и тоа е промена, на подобро..но никако не ги сечи!
јас денеска си купив вештачки трепки, оние сто се во снопчиња. Преубави се. Амерички се, има и лепак од истата марка и полесно нанесување и поприроден изглед амин. http://www.ienvybykiss.com/prod_best_kpe03.php
Ги лепам над моите до кожата. За вадење е многу лесно, не ти ги корне природните. И што е најбитно траат 16 саати. Мене ми се допаѓаат зашто не изгледат вештачки и нападно.
Сигурно досега веќе ти пораснале трепките, но за секој случај, ќе ти покажам нешто што видов денес, па ќе испобам, а се надевам да и помогне на некој што сака погусти трепки: http://www.youtube.com/watch?v=mPQBk5cA ... ideo_title
хаха пробав еднаш се испозалепив.. но по вториот обид ми испаднаа таман... не се приметува дека се вештачки. Инаку пробав да ги скратам но не ми испаднаа убаво и морав други да купувам.
^ и маскарата се трга лесно од вештачките трепки?ми е страв при вадење на вештачките да не си ги извадам и моите- и така ми се изретчија скрос да ги земам од космо -добри се тие вештачки си одат и со лепак така?
Само со долните ризикував, само сакав да го видам ефектот, од маслиновото масло ми растеа премногу, очи не можев да отворам -.- па затоа барем долните пробав, и сега супер, 2 пати ги исеков, и веќе не ми растат, а сакам нешто друго да пробам. Значи, мојот проблем е што трепките ми се многѕ текни, долги, и од маскарата ми паѓаат ! Еве што ке пробам-http://www.youtube.com/watch?v=mPQBk5cA_pM&feature=channel_video_title
Не сфаќам како со сечење растат трепките? Трепките растат од корен, а не од врвот. Исто и за коса ова...
За коса ако имаш оштетени врвови, тогаш косата на врвовите ти се плетка и не може нормално да расти. За трепки не верувам многу, не експериментирам со такви чуда, бидејќи ако растеа така трепките до сега би требало сите да ги одржуваме како нашата коса
маца јас не ги земав од космо. Ги земав од една парфимерија во Порта Буњаковец, одма до просториите на Службен весник. Не се лепат за твоите со маскара, лесно се вадат. Не можеш да ги откорнеш твоите зашто лепилото е такво да не ги уништува твоите трепки. така да без страв. Еве како изгледа лепилото и трепките