Ама сега ако се случи, нуклеарна војна ќе биде. И? Колку жители после тоа ќе останат? Неколку милиони? Неколку стотици илјади? Дали и толку? И да преземе власт, било кој од нив, со кого ќе владее? И со што? Кому ќе пласира производи? Не е профитабилно да нема луѓе. Едноставно е.
Обрнете внимание на бомбардирањето од страна на Сирија кон Турција деновиве, не се расправајте за глупости.
Не се глупости.Еден конфликт помеѓу 2 држави може да го распали целиот свет и оп,да настане Трета Светска Војна.
Срцка, на нив баш им е гајле за нас.Они гледаат да си се искачат на врвот.Колку сплетки и дубари имаат направено само они и Господ знаат.Плус не е возможно сите одеднаш да не заколат.Не им е поентата да не убијат, туку да имаат надмоќ врз нас, и да имаат пристап до нашите ресурси. А тоа убивањето луѓе, успатно им доаѓа.А ги попречи некој, чистка. Плус паметни се, на сосема трети територии пуштаат проектили и се бомбардираат меѓусебно. не мора да значи дека е вака јас како што викам, ама ова е мој став и мислам дека е вака. Се дешава нешто како и да е, и најслепиот човек би требало да сфати дека Русија и Сад си поигруваат со цел свет. Баш темава ја дискутиравме на час по историја пред некоја недела, и и го кажав мојот став на професорката, и ми рече дека до некаде сум во право. https://www.crnobelo.com/hrana/diet...-koja-kje-oslabete-3-kilogrami-za-edna-nedela еве за некои помали војни после Втора с.в https://en.wikipedia.org/wiki/Russia–United_States_relations историја на односите меѓу Сад и Русија. Разлистај го убаво вториот линк, има доста податоци за нивното соперништво, за нивните дела и што правеле. In early 2019, more than 90% of world's 13,865 nuclear weapons were owned by Russia and the United States.[310] ^ интересен факт, а? In April 2015, CNN reported that "Russian hackers" had "penetrated sensitive parts of the White House" computers in "recent months." It was said that the FBI, the Secret Service, and other U.S. intelligence agencies categorized the attacks "among the most sophisticated attacks ever launched against U.S. government systems. - еве уште нешто. На линкот секако има и позитивни работи кои ги направиле, потпишување договори за мир итн.. https://www.slobodnaevropa.mk/a/30124709.html https://mk.rbth.com/istorija/81792-rusija-prodade-aljaska-novi-pogledi https://kanal5.com.mk/articles/3862...aketa-dosega-zabraneta-so-dogovorot-so-rusija https://press24.mk/sad-na-rusija-i-vrakja-ukradeni-istoriski-artefakti-od-neprocenliva-vrednost и така...
За жал @nextredstyle е во право, колку и да звучи наивно во моментов. Се заострува односот меѓу Сирија и Турција деновиве, а и Трамп дал свое мислење вчера, онака шарлатански у свој ,,Хитлеро - деспотски стил". Рано е за презумпции, но сепак обрнете внимание на случувањата. @WildMk Турција е премногу силна. Доколку одлучи, сите знаеме дека во три секунди може да ја срамни Сирија со земја. Еве што викаaт abc и bbc.
Уште не е подготвен теренот, луѓето од развиениот свет не би го ризикувале комфорот за да се најдат во виорот на војната, воедно присутна е недоверба спрема естаблишментот каква што порано немало. Не исклучувам во текот на претстојнава деценија да се променат условите, ама сепак треба време.
Еј, колку си била умна пред многу време Веќе 4 месеци цел свет збори дека Русија ќе ја нападне Украина. Во последниве денови овие најави стигнаа веќе и до МК медиумите. Спојлер: вест Дека ситуацијата во Источна Европа е драматично комплицирана додека многумина очекуваат руска интервенција во Украина покажува и последната одлука на американскиот претседател Џо Бајден да испрати неколку илјади војници, воени бродови и авиони на Балтикот и во Источна Европа. Иако Бајден постојано повторуваше дека Америка нема да се меша доколку дојде до руски напад врз Украина, сега е јасно дека тоа нема да биде случај, пишува Глас Истре. Откако американскиот дипломатски персонал во Украина доби наредба да ја напушти таа земја, а останаа само оние кои се неопходни за водење дипломатски работи, слично предупредување да заминат добија и сите други американски државјани кои се во таа земја. Потоа и Велика Британија одлучи да го повлече својот дипломатски персонал и ги посоветува Британците итно да ја напуштат Украина. Сè опасно мириса на војна и конфликт, а последната одлука на Бајден да испрати американски војници во регионот укажува на необичен пресврт. Вашингтон сметаше дека е подобро да не се провоцира Путин, но како што реториката на рускиот претседател стануваше поостра, преку ноќ беше донесена одлука за испраќање американски војници во Европа. Се беше договорено изминатиот викенд во Кемп Дејвид, каде се сретнаа високи претставници на Пентагон и му го претставија својот план на претседателот. Постојат неколку сценарија, а според едно од нив, меѓу 1.000 и 5.000 војници треба итно да заминат во Европа, но нивниот број може значително да се зголеми во најкус можен рок. Некои тврдат дека може да достигне и 50.000. Сигурно е само дека Бајден одлучил да испрати војници, а деталите ќе се знаат неделава. Иако, се разбира, Олимпијадата во Пекинг нема никаква врска со евентуална интервенција, многумина сметаат дека Игрите сепак ќе ја одложат воената операција. Сепак, ова е само претпоставка, па на Бајден му се брза што побрзо да ги однесе војниците во источноевропските земји, каде што ќе бидат распоредени. Се буди и НАТО, бидејќи воената алијанса е свесна дека ова е последна можност да се зачува единството на оние кои се членки. Нов срам, како оној во Авганистан, би бил пораз за НАТО, а европските воени сили остануваат само планови на хартија. Украина е нова можност за НАТО да покаже сила и авторитет, како што сигурно знае и Путин, кој продолжува да ги концентрира своите воени сили околу Украина. Дека се подготвува нешто опасно укажува и евакуацијата на Американците од Украина. Сега е објавено дека американски војници доаѓаат во Романија и Полска. Разговорите меѓу двајцата високи функционери, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, пропаднаа, а дипломатијата има се помалку шанси за успех. Русите се повеќе ги трупаат своите војници и во Белорусија, што е опасен пристап кон НАТО. Според тоа, судирите се сè поверојатни, бидејќи заканите со санкции не ја запреја Москва. Сега само ја чекаме конечната одлука на Џо Бајден за Пентагон да започне со акција. Дел од војниците би дошле директно од Америка, а дел би биле распоредени од Европа. Тоа значи дека ќе се натрупа софистицирано оружје, но Пентагон не открива што би можело да се доведе во непосредна близина на Украина. Се најавуваат и заеднички вежби на воените сили на Романија, Бугарија и балтичките земји, бидејќи на крајот, ако падне Украина, сите се загрозени. Американските медиуми наведуваат дека во моментов во Полска има 4.000 американски војници и 1.000 војници на НАТО. Во балтичките држави има 4.000 американски војници, а постојано се користи нова технологија за електронско прислушување. Американците ги слушаат разговорите на руските офицери, а секако и обратно. Најмногу се стравува од можноста Русија да одлучи да постави нуклеарно оружје околу границите на Украина. Имаше некои индиции, бидејќи Москва упорно тврди дека НАТО и се заканува и дека треба да се направи сè за да се зачуваат руските воени интереси во тој дел од светот. Значи го чекаме сенилниот Бајден да стисне копче и Русија ќе почне нуклеарна војна Со среќа на сите
Почната е, сеење страв со овој вирусот. Светот колку-толку има контрола веќе врз луѓето. Сега останува само ситни чекори до целосна дигитализација. Тоа ви е третата светска, а не оружје.
Да бе, 'сенилниот' Бајден е крив, оти Русија нареди војска по границата со Украина. Шотуку се чепати Путин? Го боли него стапот. Би ги жртвувал сите руси ако треба, само за да постигне некоја бизарна цел која си ја има поставено во главата. Сите гледаат да доминираат на пазарот, тој се сили со оружје, ко да сме пред 100 години.
Ама одговор на одлуката Путин е ова. Еве и ЕУ преговараат какви чекори да преземат за да се одвлече Русија од намислата да ја освојува Украина. Не е нормално војски да редиш во 21 век. Ене и Кина се заканува дека ќе го освои Тајван. Па и на Австралија и' се налути оти купија подморници.... па и нив им фрлаат чатали. Диктатури се то.
Осеќав.. мене интуиција не ме лаже Само криво ми е ако се испостави скроз точно.Сакам мир во светот бе.Во 2022ра земале се тепаат, се закануваат.Малце ѝ е на Русија тоа шо има.А САД први ќе се умешаат логично Путин е л у д
Ептен брзо скокнаа САД. Другите земји се резервирани. Сакаат дипломатски да го решат споров... Да се надеваме дека нема да се испотепаат, дека разумот ќе превладее кај сите страни.
Сфаќам дека се САД моментално водечка сила.Ама знае Бајден дека тек он ако се умеша дека ќе е хаос.А шо се меша на Европско тло.Ние кога Трамп им ставаше жици да не влагаат Мексиканци или кои и да беа, цела Европа ќутеше.За Авганистан исто.Ама им фуфка. Башка шо к му смета на Путим да е Украина у НАТО.Него нема да може да праи после што сака.Место еден проблем ќе има 10.Колку е ретардиран чоеков… Социјалист
Абе таа една битка е. Западот, против истокот. САД изиграва глобален полицаец. Се додека имаме потреба од воени алијанси и од акумулирање оружје, се знај до кај сме со умо
А госпоџа Славјанка боље да не се меша.На не нѝ го наврти.Јесте дека сеа сме у Нато, ама две педи е земјава.Неколку проектили и збогум Македонијо. Ее Исусе, уште се тепаат.Ова ми е као детска караница, или две жени кога се караат за маж, и еднава неќе да ѝ го земат бифшиот пошто е удрена во главата (Русија) а оваа сиротава (Украина) па ништо лошо не мисли башка вчера читав и низ Киев имало некои демонстрации.И тие ко нас, меѓусебе се тепаат а и од надвор ги ребраат
Какви проектили бе за Македонија? 100тина професионални војници, можат да не кутнат за помалку од 48 часа. Она што е од суштинско значење само да 'скинат' (вода, струја, телефон, телевизија, интернет) и дури да се сетиме кај сме, ќе имаат поставено нов систем. Можат да не заземат, без ниеден испукан куршум.