1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трета светска војна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од piksooki, 25 февруари 2015.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не бе, шо барам кај нив.
    Јас ќе барам азил на Запад :D
     
    На Аргентина * и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Кратка лекција по историја.
    Варшавскиот воен сојуз се распаѓа со распадот на источниот блок, со обединувањето на Германиите на крај од 80тите и тн. НАТО не се распаѓа, ама договорени се дека нема да се шири кон границите на Русија.

    Е сега, границите на Русија-
    upload_2022-1-26_13-59-38.png
    Естонија, Литванија, Латвија се во НАТО, ама очигледно не биле проблем за Русија. Што и од каде, каква мака има Украина со НАТО не ми е во детали познато, ама очигледни се два моменти. Прво, Русија нема шанса да дозволи НАТО во Украина, голема е границата и стратешки битна. Второ, Украина не исполнува ни територијални ни политички услови за НАТО.
    :!:Финска не е во НАТО.
    Има некоја игранка со гасот, со северниот тек кој се градеше за Германија и од некои причини на САД апсолутно не му одговара да профункционира. Европа е отприлика 80% зависна од рускиот гас, Германија особено.
    Сега, Германија седи мадро, Франција смирува тензии, Борис и Бајден ќе ја спасуваат сојузничка Украина од злите сили:drunk:...дури трупаат оружје и спремаат војски за на терен (војски кои пред 2 дена немаше шанси да бидат пратени, така бар рече Џо:|).

    Ова, од денес
    upload_2022-1-26_14-10-7.png
    Оу бој, и нуклеарно оружје е во игра. Лепота:x
     
    На Billy Idol, WildMk, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Премногу слаба поддршка има Бајден од народот, ќе му се десат пак нереди како на Трамп ако згазне и сантиметар во Украина.
    Медиумите се обидуваат да му направат простор за да може пентагон и приватните воени агенции да делуваат некако за да се врти воената индустрија. Секако изминативе години им испратија 2,5 милијарди вредно вооружување.
    Мислам дека сепак САД не се будали да влезат директно во војна со Русија. А и Русија е свесна за тоа и затоа си игра на границите како што сака.
    И да има војна би била некоја прокси војна, како корејската, Египет-Израел, Виетнам, Авганистан.

    Очигледно е дека Путин еднаш годишно си прави воени вежби на границата со Украина, колку да го покаже присуството, и да одолговлечи Украина да стане дел од НАТО.
    Дефинитивно изгледа дека нема да дозволат да се деси тоа.
    Не верувам дека би избила војна во поголеми размери, се што прават сега е само за да добијат подобра позиција на преговарачка маса. Најмногу што може да се деси е руската војска да влезе во Донецк и Луганск шо веќе се "независни" од Украина. И евентуално да пробаат да со приближат до Одеса и Харкив бидејќи и таму населението е проруско.

    Дури мислам и дека се што прави САД е фарса, и Путин е свесен, а можеби и договорени се како да ја делат Украина, бидејќи секако тие се во преговори а Украина нема поима што договараат бидејќи не се дел од разговорите.
    Така да САД покажуваат заби колку да не го изгубат приматот на светска сила.
    Но во моментот коа Русија би нападнала, би се повлекле исто како од Авганистан.
    Русија ги влече конците сега дури и во централна Европа.
    Германија не смее да оди против, оти во моментот кога Русија би го запрела гасот кон Германија, цела германска индустрија ќе потпадне.
    Гасот што го нуди САД во замена на рускиот е 4-5 пати поскап. Што би ја клекнало цела европска економија на нозе, бидејќи Германија е најголемата индустрија на континентов.
    Интересен факт, екс канцеларот на Германија е вработен во Гаспром.

    Така да, Путин има прилично добри карти во покеров, а од друга страна мн добро го чита блефот на западните земји, и знае дека има бољи рака.

    Со санкции кон Русија ништо нема да постигнат.
    Кина и Русија се секако незадоволни бидејќи светската штедна валута е Долар.
    Така да ако Американците притиснат доволно силно овие две нема да ги спречи ништо да направат нова валута со која ќе тргуваат (во што ќе се вклучи и Индија, бидејќи завчера јасно кажаа дека ја поддржуваат Русија).
    Со тоа Американците ќе изгубат една половина од светот, и економијата ќе им пропадне во секунда.
    Така да прилично опциите на САД се сведуваат на тоа да дигаат галама дур не се деси нешто. И после неколку години да си заќутат како ништо да не било.

    Можеби се уште се најсилното дете во маалото. Ама другиве неколку деца им се здружија и не му се плашат.
     
    На Dandra, Billy Idol, sunshinebabe и 3 други им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    8.460
    Е многу убаво! ;(
    Ахх, какво млатење заслужува Амерон, па Енглезон, па Макрон....
    И сега што, ќе чекаат да почнат ЗОИ во Кина, па да направат некоја провокација, па ѓаволот ќе биде крив после.. не сакам да мислам понатаму. Се крстам само во одговорноста и ладната глава на Путин. На глава му се качи Западов, па уште ќе ги тинтра. Земи бре, вмарширај им до Берлин, Париз, кажи им два-три збора да те памтат цел живот, па претрчај после до кај рептилката во Виндзор, однеси и ситни колачи за со чајот во 17.00 часот, па белким ќе се научат конечно на лепо понашање.
    Знам дека забегав, ама не можев да одолеам]:).
    На Украина нема да и дозволат влез во Нато, јасно им е тоа и на нив, ама си имаат и тие насадени тикви (владата де), па сега играат како што им свири Западот. А свесни се дека може да им се случи распад.
    Ако сепак дојде до судир, мислам дека ќе биде сконцентриран на помал радиус на украинска територија, ќе биде брзопотезен, Нато нема шанси да се вмеша туку ќе седи од страна и ќе лае, ќе с, ска, и ќе се финишира со промена на власта во Киев. Украинскиот народ уште сега е кивен на нивната власт, а ако дојде до воен конфликт, можат после тоа одма да си ги соберат парталите од тоа Радата, и да си фатат пат под нозе кај нивните ментори.
    Иначе, Русија им порача на Нато да се собираат и од Бугарија и од Романија, хммм, не знам што значи ова, ама Русите сигурно знаат.
    За евентуални нуклеарни оружја не сакам ни да помислам, ни да дискутирам.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Го ѕирнав преѓе северен тек, да видам шо е проблемот. Проблемот е што не оди преку Украина, морски е дирекно од Русија до Германија. Во Украина имало енергетски компании, американците нешто лично биле инволвирани во истите:o. Вау, кај отишол светот дури дремам јас во зимски сон(facepalm).
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Машки
    Нема да има трета светска војна особено не помеѓу НАТО и Русија. Американците и Русите никогаш и не војувале со оган на своја територија. Целта на САД е да профитира и да направи раздор на исток во поранешните Советски републики кои би ја угрозиле стабилноста и безбедноста на Русија и на земјите кои се соработуваат со Руската Федерација, пример Казахстан . Владата на САД е должна милијарди долари и економската стабилност им се ниша, за скоро време ќе бидат симнати од првото место "Прва Економија" во светот бидеќи неможат да го издржат притисокот и да го пратат темпото на Кина која се повеќе зема замав и профитира на големо. Единствено нешто шо би ја спасило економијата на САД е да го втурнат светот во војна, но не тие да војуваат туку други за нив така шо тие би профитирале од разни сектори на нивно воено производство. Украина е жедна за заби да покаже и да докаже дека имаат нација и држава која може да се сноси со сите предизвици и да го врати Крим, а уствари Крим е со право руски бидеќи Крим припаѓа на Русија уште од време на историјата. САД ја користат позицијата на Украина и дополнително тураат бензин во огнот за да ескалира конфликт помеѓу Украина и Русија нудејќи им заштита и моќ на Украинците а уствари тие тоа го прават од нивна корист за да ја спасат нивната економија. Русија нема да војува на нејзина територија Најмногу ќе настрада украинскиот народ, кој се уште не можи да сфати дека ова е економска војна помеѓу светските сили. Доколку дојди до конфликт најмногу ќе се уништи словенскиот православен народ шо дополнително ова му одговара и на Рим. Украина и Русија треба да изнајдат начин и да се реши ова и да се стави крај на НАТО агресијата врз границите на Русија.. Оти ако има ескалации ова ќе биде и дестабилизирачки фактор за цела Европа.

    А наш "Маќедонистан" се моли да си седи мирен и да не се чепка оти ќе си го добие по уши :rofl:
     
    На fast_and_curious, Dandra, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    8.460
    Да, знам дека Северен тек е завршен и спремен за пуштање, ама демек имале папирологии да завршат Германциве |(, а сигурно американец пуштил раче во Украина да чепне нешто, ама изгледа му се јалови нешто математиката.
    Веројатно затоа и го кочи некој пуштањето на Северен тек, зошто тогаш гасоводот што минува низ Украина нема да биде од суштинско значење за европски потреби, па Русија не мора да зависи од расположението на Украина во врска со транзитот на гас низ нивна територија до Европа.
    А нај - изјава ми беше на Бајден, дека ако Русот ја остави Европа без гас, Америка ќе им обезбедела нивен. Десетина пати поскап, ама гестот вреди па. :clap:
     
    На Billy Idol и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Темава ми е многу смешна. Демек ќе почне 3СВ, и ќе си коментираат членовите секој ден, како во темите за фудбалските натпревари и за турските серии.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Шо да не, јаглен од Австралија, гас од САД во боци, нема зима за еу:dance:.(facepalm)
    Читни на оф нет има една ,,конспирација,,:bandit:
     
    На Ajronmen и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Епа да американците уште пред некоја година понудија да носат во танкери. Јавно беше ова.
    Европска унија преживува пошо релативно ефтини ни се енергетските ресурси. Поефтин гас од рускиот, здравје.
    А на Русите не им е многу гајле, и онака градат повеќе гасоводи кон Кина, Индија и блиски исток.
    Само ќе ги свичнат вентилите и ќе го сменат пазарот.
     
  11. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Светска војна не добива тој што има оружје или гас, туку мека моќ. Читнете што е тоа мека моќ. Во таа смисла САД е 2000 светлосни години пред Русија и Кина.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Нема ништо да се деси.
    Си ги мерат ку******, театар за широката маса.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Ние треба да се фокусираме како да наплатиме струја во Грчец и Арачиново, а геополитика да ја оставиме настрана.
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Ако си мн начитан ќе видиш дека САД е на трето место во soft power.
    Плус, воопшто не се замараат ни Русија ни Кина со лабавење туку идат хардкор зашо се во таква позиција да мора да влезат јако во игра, исто како што САД го правела тоа со децении.
    Во трета светска војна (шо нема да се деси) никој нема да победи. Сите ќе изгубат нешто. Најмногу самото човештво. Враќањето во нормала би траело векови.

    Таму никад нема да се наплати.
    И не ме ни интересира.
    Планетава не е Македонија.
    Додека светот иде напред во секој поглед и тоа толку брзо што е тешко да се држи чекор со сите нови идеи, откритија и случувања на светско ниво, не можам да се замарам дали некој плаќа струја или не.
     
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    САД не е никаква трета земја по soft power, туку прва, 15 места празни, па се останато.

    Кога ќе ги решиш проблемите во својот двор, тогаш фокусирај се на светско ниво.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.680
    Пол:
    Женски
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Велика Британија е прва па Германија втора (барем според аналитичарите што се занимаваат со тие работи) али нема везе, нека биде САД ако ти е битно.

    А инаку да, проблемите секој треба да си ги реши во својот двор. Буквално во својот двор. Дома.
    Надвор од својот двор, како единка, немаш никакво влијание врз ништо - без разлика дали е локално или глобално.

    Не знам каде виде дека некој решава некакви светски проблеми. Си дискутираме, секој има различен интерес.
    Ако тебе те интересира локална политика, мене ме интересираат светските случувања.
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    36.811
    Пол:
    Машки
    Ние веќе сме во Трета светска војна некој период. Само, оваа не е конвенционална војна како другите две, туку се војува на два начина.
    Стихијно и економски, како што е разорување на светската економија преку биолошки оружја, т.е. пуштање во оптек на Коронавирусот, а другиот е преку прокси војна на трети држави каде што си ги мерат оружјата во една практична примена.

    Она што се случува последната декада е дефакто промената на власт во САД, од државни органи, власта ја превземаа приватни корпорации, конзорциуми и олигарси, па преминавме од еден државен капитализам кој го имавме до крајот на минатиот век, во еден корпоративен капитализам каде главниот збор го имаат сопствениците на најголемите корпорации.

    Од друга страна имаме економски раст на Кина, сосема очекуван во последниве 20-ет години каде што гледаме дека Кина моментално се наоѓа на прво место во светот по конзумерска технологија, посебно во индустријата на чипови, паметни телефони, паметни уреди, а следно е и паметни електрични возила кои полека, но сигурно кинеските ќе станат доминантни.
    И, што е поразлично од САД, е тоа што сите овие компании како Тенсенд, Хуавеи, Шаоми, Баиду, Алибаба се под директна контрола на централната власт, а не обратно, како во САД.
    Од тука, јасно се гледа кинеското ширење на нови пазари, посебно Европа, каде народот е во добра финансиска состојба, и Африка, каде што може да се инвестира во проекти, инфраструктура и пренесување на физичко производство.
    Кина пробува својата доминација да ја продолжи и преку јакнење на воен план, и, иако има огромен напредок, сепак заостанува зад Русија и САД.

    Русија од друга страна направи пресврт кога е во прашање воената технологија и со претставувањето на суперсоничните ракети Кинжал го фрли во вода секој тактички план на САД кој се засноваше на носачи на авиони и поморска доминантност.
    Сега, буквално со една истрелана ракета се уништува цел носач на авиони и е скоро па неупотреблив.
    САД нема одговор на овакво оружје, па дали се работи за суперсонично нуклеарно, или пак за електромагнетски ракети. Ниту пак има заштита од истите.

    Ова претставува една пресвртница во воената надмоќ во светот, каде што САД веќе не може да доминира во директен или индиректен сукоб со Русија, па го гледаме нивното повлекување, и буквално дебакли од Сирија, Иран, Авганистан, а набрзо и Ирак. Скоро па цела Азија, освен арапскиот полуостров е под контрола на Русија/Кина.
    Тоа ќе се префрли и понатаму, на Европа, секако, секој со својата сфера на интерес. Русија за Украина и Балтичките држави, како и средна Европа. Кина, освен за Тајван и Индокина, ќе гледа економски да го шири своето влијание на Балканот.

    Тука, многу значајно за Македонија е да успее да го фати овој нов бран кој ќе доаѓа во наредните години и да ја завземе правата страна на време, а не последна, за свој личен бенифит и за подобри економски, па и било какви односи со Кина/Русија.
    Кога дури и другите НАТО членки, како Бугарија, Хрватска, Унгарија не ги ставаат сите јајца во иста кошница, би било погубно за нас ако продолжиме со оваа политика на потпароли на НАТО и ствараме амонизитет кон овие големи сили.
    Нека ни бидат лекција сите нацистички земји, како Бугарија, Романија и Албанија (фашистичка) кои во ВВ2 одбраа погрешна страна, па потоа цели 40 години го плаќаа цехот.

    Конвенционална војна нема да има помеѓу Украина и Русија. Доколку Русите сакаа да нападнат, ќе го направеа тоа стихијно, во еден потег со неутрализирање на сите главни центри на Украина и завземање на државата за 48 часа. Напротив, сето тоа ќе се прави на политички план, со промена на мапет влада како што се менува моќта на влијанието. САД, иако пробува да исценира воен конфликт во Европа, посебно помеѓу малите европски држави како Полска, Романија, Украина против Русија, не му успева. Големите сили, посебно Германија која е во одлични односи со Русија, и Франција, која знае колку ќе биде погубно по нив немаат намера за крвава војна.
    Никој во Европа повеќе не би сакал да војува и да плаќа данок во крв и уништување на сопствената земја за бенифит на САД.

    Од друга страна, како што САД слабее економски и воено, напуштајќи ги малите држави од каде што црпеше витални ресурси, се повеќе ќе запаѓа во една економска криза. Сега се само во политичка, иако се осеќа и економската промена, што на крај веројатно ќе резултира со внатрешно разорување, граѓански рат или нешто слично. Прашање е колку брзо ќе може да се стабилизира после еден таков пад, а во меѓувреме дали ќе се помири со тоа дека повеќе не е светски лидер и паметно, без големи жртви ќе се повлекува од таму каде што владее.
     
    На Dandra и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Машки
    Whaat??? Зеленски му се обрати на народот, насекаде украински знамиња.

    Овај стварно забегал. НАТО го зајакнале источното крило, САД ја преместиле амбасадата во Лавов заедно со Британија дополнително испраќаат оружје. Алоо нормални ли се овие бе? Каде се обединетите нации? Дополнително на ова, Русија веќе испратила монтажни болници на 30км од украинската граница исто така и тенкови и разно друго оружје. Мислам дека нема да има војна ама на овај стварно му летнал паметот.
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3010798182503871&id=100007211555008
    IMG_20220214_223616.jpg
     
    Последна измена: 14 февруари 2022
  20. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Vo pravo si za faktot