Трета смена на форумот

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lalezzz, 4 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Добро и ние у населба се знаеме горе доле, али од другите скоро никој незнаеш, по дискотеки, по кафичи итн, итн, плус во други населби од типот на карпош, ново лисиче, аеродром, каде што има многу згради, они во иста зграда не си се знаат, не пак пошироко итн. :D
    За Скандинавија не сум пред се ради времето исто и за Британија, ако би бирал од Европа, би рекол Мајорка, или крајбрежје на средоземно море до Италија :D
     
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Засега не. Ама се е можно :P
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Ау ми се допаѓа изборот, али више ми се некако како за одмор тие места, не дека таму не живеат луѓе постојано ама ете...
    @s1a1n1d1r1a1 ако немаш почни си ја постапката што можиш побрзо за да не сонуваш предолго за Европа. :D
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Не ми е јасно само едно нешто, што сите запнале за тоа надвор од Македонија. Па нели е животот нешто повеќе од само подобра плата и подобри услови за живот мислам дека тоа што ќе се добие надвор ќе се анулира со тоа што ќе се изгуби.
    Дали во Македонија или во Германија, и таму и тука ќе добиеш на добро работно место приближен број на слободни денови во годината, што ќе е разликата кога и парите што ќе ги заработуваш повеќе ќе неможеш убаво да ги уживаш и ќе ти служат за акумулација, ми нот лајк ит :D
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Не е за парите фината. За шансата е.
    Тука знајш кога ќе бидам она што сакам? Мало утре! Немам книшка од ВМРО и не планирам да имам. Татко ми директор не е. Да берам потписи за да си ја задржам работата? Барем во странство би добила шанса. Или пример ќе ти дадам, тетка ми работи во судот во Битола. 30 години е на исто работно место. За 12.000 денари. 30 годиниииииииииииииииииииии алооооооо. Тука се вработваш. и толку. Нема напредок нема ништо. Немаат такви хиерархии македонските компании, претприатија...
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    На Сител така викаат? Дека е многу убаво? Шо ке изгубам, коа пола од моите блиски не живеат више тука? Немало кај да ги трошиш парите? Лошо им е на Германците сироти, ич не се прошетани, само за работа и дома знаат :D
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Добро, тоа во државен сектор, но во приватен сектор ситуациите не се вакви, таму бар може тој што вреди да си се покаже, меѓутоа некогаш не е финтата само да знаеме дека вредиме, туку и да бидеме малце објективни и да се прашаме што е разликата меѓу мене и некој друг, да се бориш, а не да се предадеш, некогаш и врските се борба, некому среќно му се дојдени, а некој лично ги стекнал, како карактер, личност итн.
    Иначе сесилче, воопшто не сум од страната на сител, напротив, меѓутоа јас не реков на германците дека им е лошо, но тие си се дома, таму ти не си дома прво, второ, за Македонија да стане подобра, треба да стане подобра од нас, ништо не се менува преку ноќ, а за да се смени нешто, треба прво самите да се смениме, најлесно е да избегаш.....
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Да барам врски за да го работам она што сум дала парииии и трууууд да го усовршам? Врските се борба? Хаха. Не фала. Наместо кога ќе излезам од факултет дирек да се вработам и да го работам она за што сум обучена и да се докажам, јас наредните 5-6 ако не и повеќе години треба да се МАЧАМ буквално да се молам да се лижам за врски ????? Дај Боже да добијам шанса што побрзо да си заминам од овде. Ова е перална на умови. Арно интернет туку имаме, ене сите канали полека полека ги укинват...
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Ај еве чисто за споредба да ти кажам како беше у фирмата кај шо одев на пракса. Приватна фирма, со нешто повеке од 100 вработени, од кои 20тина во служба. Е сеа имаше 2-3 кои според мене стварно вредеа како кадар. Си ја разбираа работата, си ја работеа како шо треба. Еден имаше шо знаеше кај да се излиже али 3 класи подоле од нив. Од друга страна шефицата а овие од службата една искомплексирана тетка т.е баба од 60 години, која цел живот имала некои надредени и последните две сменила фирма т.е отишла да работи у фирмата на нејзин роднина и станала шефица. Требаше еден од нив да биде унапреден и по хиерархија да биде одма до неа.Ама бабава да каже кој од нив. Секој од нив може многу лесно и да го завземе нејзиното место ако беше у нормална фирма, кај шо не функционираа роднинските врски. Ке погодиш кој го унапрадија?
     
  10. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Сандра, колку ќе завршат факултет како твојот ? Уште 200-300 души оваа година ? Уште неколку илјади веќе завршени ? И сите тие сакаат да работат нешто за што учеле, тие не заслужуваат ? Зошто си ти или јас подобра од нив ? Подобра ќе бидеш ако се избориш, во друг случај ти си на исто рамниште како и нив.
    Кој е проблемот кај нас, 2 проблеми се, првиот голем дефицит на работни места, вториот голем суфицит на дипломи, за да се избориш ти за едно место во тој голем дефицит на работни места, треба да стигнеш до точка каде што ќе се тргнеш од тој суфицит и ќе се разликуваш од тие што до вчера биле на твое рамниште, тоа е борбата.
    А за ова што ти го збориш сесилче, знаеш што е проблемот, проблемот е следен, државен сектор неможе да пропадне, зошто е финансиран од буџетот и таму може без проблем да се прави ваква селекција, меѓутоа во приватен сектор ваквата селекција според врски знае да биде погубна, така да, ако не ги бива избраните, тогаш сами си го копаат гробот и нив утре највеќе ќе им се рефлектира и затоа таму ќе има такви случаи, но ќе бидат значително помали токму од тие причини...........
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    WTF? Селекција у државен сектор? У државен сектор брате само партиска книшка ништо друго. Ни селекција ни бутур. Имам и за таму еден пример ама ај треба да спомнувам институции, имиња.. не би волку јавно.
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Значи го мразам овај муабет. Немам ништо против твоето мислење, напротив го почитувам.
    Ама 0% се согласувам. Го прајте за звучи како јас да барам УСЛУГА од работодавците. Не ме интересира мене колку имаат дипломи. Јас сум определена на маркетинг сектор. Сакам ШАНСА за да докажам дали сум подобра или не од другите илјадници со диплома од економски факултет. Од кај знаете вие па дека јас не сум екстра талентирана за маркетинг? Од каде се знае каде е талентот кога не му се дава шанса да се искажи... Сите не ги бива исто, да со тоа се согласувам. Ама сите заслужуваат шанса заради тоа што си го тупеле мозокот со образование 22-25 години и вложиле труд, и неповратно време и пари во нивната стручност. Јас не сум против селекција. Баш тоа е тоа што ме мотивира. Докажување. Ама за да се докажиш треба прво некој да ти даде шанса.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Е па сеа нормално дека секој заслужува шанса, но ако си екстра талентирана тогаш може од факултет уште да се докажеш, па така да си ја добиеш шансата, меѓутоа да не ја продолжуваме темава, мене зборот ми беше тоа дека треба да сме и малце објективни, зошто има уште многу ко мене и тебе и ко сесил, секој си се цени себеси и секој си бара шанса, некои ќе ја имаат ради врски, но другиот дел што ќе остане треба да си се избори и конкретен пример, имам другар со кој сум од раѓање, дипломираше со највисок просек во смер на еден од уметничкиве факултети, веќе 2 години е невработен, а се работи за факултет кај што завршуваат многу малце годишно, а не пак да дискутираме за нашиов факултет каде што просечно завршува по 1 студент дневно.
    Иначе сесилче не ме сфати добро, мислев роднинска селекција т.е да си ги селектираат оние што им се "нивните", не се нервирај одма па и ти :P

    Ајде друштво јас отидов да спијам, темава забега каде што неќев, јас си ја сакам мојата земја и зборот ми беше дека повеќе би сакал да живеам тука во скромна "дома", него во странство луксузно под "кирија" и тоа го реков само од љубов спрема земјата, не према личности, не према менталитет севкупен, не према оние кои ја управуваат, особено не према нив и не према ништо друго, само поради она нематеријалното :D секој си има право на негов избор и желба, мене не ме привлекува бетонот во Европа повеќе од тука за живот, можеби за периодично, но за стално не би сакал, а каде ќе ме однесе животот, којзнае................

    Добра ви ноќ дами, останете ми во добро расположение и не ја сфаќајте многу лично дискусијава, позззз :)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Добра ноќ @Sawyer не се секирај не сваќаме лично, само си прајме муабет ;)
     
    На Sawyer и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам со уште едно нешто што го сметам за голема заблуда. Дека ако имаш 10ки на факултет си талентиран. Не секогаш е баш тоа случај. И не го велам ова од љубомора или слично, јас немам некој просек не знам каков, а и не го велам ова за мене или како навреда на тие што имаат 10ки.
    Некои луѓе едноставно можат да научат материјал и да го препишат. Лично јас, се обидувам да го разберам. Оти искрено ако не го разберам нештото што го учам нема никогаш да го научам. Не секогаш оценките и тестовите се мерило за талентираност и снаодливост во професијата.
    Порано многу ја сакав Македонија. Сега сум само разочарана. Греота е ова што се случува. И срцето ме боли за најблиските кои се мачат цел живот да успеат во ваква држава. Тие сите не избркаа.И ќе си ја земам шансата која што ми следи без разлика дали тоа ќе биде тука, или некаде надвор како што се надевам.

    Добра ноќ слатки сништа :hug:
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
  17. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    20.017
    Пол:
    Женски
    и јас сум тука ама се кријам :D
     
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.477
    Допаѓања:
    16.959
    Хеллоууу
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Трета смена рулс!:rock:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    :hug::hug::hug:
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.