Форумџика на годината

Трето дете во семејството; трета бременост; живот со 3 деца

Дискусија во 'Бременост' започната од Sofi***¥, 27 јануари 2022.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.216
    Еве ме и мене на темава.

    Прво што ми паѓа на памет е кола. Со три детски седишта едноставно не не собира во секоја кола. Иако има модели со 5 седишта во кои едвај некако би собрало 3 детски седишта, ние моравме да се префрлиме на кола со 7 седишта.
    Одмор, скоро секој аранжман е за фамилија извадена од некој нивни калап, со само две деца, па мора екстра суит да се букира или најдобро вила.
    Детски соби. Често две дечиња ја делат детската соба, со пристигнувањето на третиот мал член е веќе тесно.
    Без разлика дали е пливање, патување, летање, се водам по правилото еден човек по дете. Е со пристигнувањето на трето дете ова веќе не е возможно.
    Сам со три деца кога пазаруваш или имаш некоја обврска е некогаш прилично гласно, хаотично и исцрпувачко, а партнерот на работа, немаш бејбиситинг, па каде ти таму деца,

    Уште многу би набројала:tmi::D.

    И да, се е во организација и е потребна рутина за нормално функционирање.

    Да допишам за бременоста.
    Ми се поремети тироида, ми се качи шеќер, ми се качија димери, бев со константни парализи и секоја можна состојба да ја закачи трудница ја добив со третото.
    За разлика од првото каде барав и втори и трети мислења, втората бременост кога не бев веќе парноична но редовна со сите испитувања и прегледи....третата успевав дури и да заборавам термини(facepalm). Е до толку бев, физички и ментално исцрпена.
     
    Последна измена: 31 јануари 2022
    На Slonce91, IRBBB, green.eyes и 25 други им се допаѓа ова.
  2. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    976
    Јас сум единица и одсекогаш сум викала ќе имам најмалку 3 деца.Имам 8 год ќерка и 6 месечно синче. Здравје боже за година-две си сакам уште едно.
     
    На Sofi***¥, mariz и An angel им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Сметам дека на форумов повеќето се млади мајки, односно мајки на мали деца, така што незнам дали е возможно да чуеме искуство од жена која е мајка на 3+ деца но децата да се веќе адолесценти. Мене овој период ме плаши, од финансиски аспект. Ме плаши и покрај тоа што имам само две, а колку прекрасно звучи три, па и четири и пет. Дури завидувам на мајките во странство што створиле големи фамилии но при тоа знам дека и државата им помага.

    Затоа и размислувам дали е релевантно да се збори само колку е тешко со повеќе деца додека се мали, зашто период е кој брзо поминува (не дека за некои не е важен и овој период, не секоја е спремна), но другиов аспект сметам дека е поважен. Зборувам за еден аспект кој е повеќе лична особина, кој колку е спремен да жртвува доколку животот му даде и лимуни :wasntme: Веднаш ми паѓаат на памет разводи, смртни случаеви, ненапредување во кариера на жената поради посветувањето дома, губење работа, финансиски несташици, кај некои и комбинација од повеќе вакви работи...
    Колку што сакам сите мои деца да завршат факултети, толку сакам и јас да не мора да се откажам од годишниот одмор еднаш во годината. А ова секако е пракса во животот на еден просечен македонец. Откажувањата. Сѐ за нашите деца.
     
    На IRBBB, green.eyes, CareTee и 13 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Од тоа и највеќе се плашам. Облеката за деца е најмалиот проблем. Носи и малава веќе носено, од другарка ќеркичка. Брендови и скапи работи купувам кога има некој попуст, инаку не ми вреди за маиче што ќе го носи краток период да дадам 1500ден. Едино што пазам и давам пари за квалитет се кондурчиња, ама пак и за тоа сега има избор и продавници со солидни цени.

    Ама кога ќе ми текне дека ќе пораснат и ќе бараат сами, па за излегување пари, па некоја активност, за школување, за екскурзии за сите, па за одмори... :drunk:
     
    На mal.ecka, 24.07, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Јас израснав како трето дете,пораснав во гардероба од сестрите, вон школски активности немав бидејки беа скапи, и се на се 3 пати отидовме семејно на одмор.Тешко е финансиски со три деца, моите цел живот врзуваа крај со крај за да не ишколуваат, верувам дека се одкажале од многу нивни потреби, ама барем испаднавме добри деца, сите бевме добри ученици, завршивме факултети и застанавме на свои нозе. Јас почнав да работам уште додека студирав зашто ми требаа плус пари а знаев колку с еможностите на моите.
    Сега поинаку се чуваат деца, чувањето дете се сведе како проект, се размислува со години унапред што све треба да му обезбедиш. Порано не се замарале со такви работи, битно било да имаме што да облечеме, да сме на топло и да учиме. Јас одсекогаш сакав 3 деца, и сонував за баш големо семејство ама за жал го изгубив 2 рото бебе, сега сум бремена по трет пат ама ова би било последна шанса бидејки сум за царски рез, ова ке ми биде здравје трет, само го молам бога да биде успешен и да родам здраво бебе.
     
    На Slonce91, green.eyes, Snowflake97 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Колку е сега се скапо, пампи, адаптирано, храна, алишта. Плус сметки за да има струја вода итн. Многу трошоци.
    Ако имаш од кого да земеш алишта лесно ама ако немаш. Јас немав за синко, прво дете во двете семејства е и се е купено ново. Потоа привидно мислиш имам се од првото ама кога ке дојдат на тинејџ години доаѓа тешкото. Како родител нема да ти е сеедно ако немаш да го пратиш на спорт или одмор.
    Стандардот на децата се крева, било што било, ако јас излегував со 200 300 денари сега за едно излегување се потребни најмалку 1000. Не може да пратиш дете со ич пари во џеб.
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Мајка на 3 ‍♀️.
    Поздрав

    Јас сум да речам тазе мајка на 3 деца. Првото е скоро 10 години. Второто скоро 8 години и најмалото е 14 месеци.

    Ова третото беше долго планирано. Почеток на пандемија. 14 март имав позитивен тест. На 16 март се затвори сѐ.
    Децата останаа дома, но градинка ни школо. Моите прегледи на гинеколог цела бременост ги поминав сама.
    Бременоста ја поминав во ред. Со некои мали проблеми. Ама во целост во ред.
    Со поголеми две деца не е проблем. Двајцата се самостојни..

    Следеше селидба. Од 100квадрати во 200..

    Бебе се роди.. Првите месеци беа во ред. После ми се влоши состојбата од никаде ми се поремети тироидната. Во спиење ми отрпнѕваа целосно нозете.
    Заборавена до бескрај
    Значи неколку недели бев во состојба да не бев во состојба да се грижам за сама себе, не па за бебе и децата.
    После со терапија се среди се.

    Поголемите се грижат за бебе. Го пазат, играат. Он и двајцата многу ги сака.

    Во однос на финансии, си треба.
    @danichap спомна кола. Да треба поголема кола. Моментално го возам моето Хјундаи и20 и сметам дека е доволно за натака навака со три деца (без маж)
    Собира макси кози и плус две седишта за поголемите од кое големата седи веќе напред.
    Ама да треба поголема кола дефинитивно.
    Да беа сите три мали ќе требаше и јас да земам едено бус.

    Поголемите две си имаат свои соби, малото и тоа ќе добие понатаму. Значи треба и место.
    Нашиот стан порано ни беше и тогаш со две деца тесен ама се тераше некако.
    Си треба простор дефинитивно.
    Сега додека се мали може и да делат соба не вика не ама за понатаму ќе треба да си имаат своја, секој свој личен простор.
    Исто е и со алишта. Може да се носат од браќа, сестри додека се мали.

    Се на се. Треба финансии, простор, нерви повеќе како за едно дете или две деца.
     
    На green.eyes, CareTee, Sofi***¥ и 7 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Е таква разлика би сакала и јас. Ние сме во куќа, два спрата и високо поткровје кое е уредено за тинејџер да си живее и сам (маж ми така си живееше од негови 16,17г.). Тоа горе ќе дојде како многу голема соба, тоалет си има, па здравје кога ќе пораснат ако сака некој од нив, може да си седи горе, а секако доле да си руча, итн. Тука на 2ри кај што сме ние, имаат посебни соби и двајцата. Простор си имаме за 3то детенце. И јас го планирам третото од кога ми е родено првото мислам. Си правам план за на секое да можам да му овозможам. Да се одеднаш едно по друго, мислам во секој поглед е потешко, ем кога се малечки, ем кога ќе се големи и сите одеднаш ќе имаат барања. Вака најмалото додека порасне, првото ќе се осамостои, ќе заврши и факултет, па здравје и ќе си работи и заработува. Имам пријателка со 3 малечки (2 близначки), седишта собира и во нормална кола, ако одбереш соодветни. Ама затоа за патување е весело :D Ние со кола спремни сме, бар и за патување. Син ми е 6ипол, но голем е како за 9г, па и он за некоја година нема да е веќе во седиште. Не се оставам со две, јавно да си кажам :D Сум се замислила со три, па здравје ќе биде за некоја година. Само како ми се увртело во глава дека две ќе се фатат:rofl:, еве и ова тука ќе го напишам баш.. па што ќе биде ќе видиме :D
     
    На IRBBB, green.eyes, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.216
    Три седишта едно до друго е баш весело и кај нас:tmi::rofl:.
    Мир е само кога едно е во третиот ред, багажник, а другиве на соодветна оддалеченост]:).
     
    На CareTee, MacenceEna, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Другаркава во средина ја ставаше големата, дека маливе се грабнуваа, се закачаа :D И еве ги 4г се близначките, поголемата 6ипол 7, уште се во седишта едно до друго. Во тој случај мислам бар едно Туле над кола треба, ако нема колата голем багажник... Ние имавме Туле на претходната кола и баш доста работи собира.. :) Сега го имаме тулето ама немаме држачи за оваа кола, но уште не ни притребало :lol:
     
    На green.eyes, mal.ecka и danichap им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.216
    Ние имавме голф првен, ги собираше сите три едно до друго, но добивав клаустофобија само што ги гледам :D. После кога положив си зедов комбе и раат место за се. И тука едно до друго седеа некогаш но некако повисоко, пошироко.
    Сега се префрлив на СУВ со 7 седишта, но само едно е дигнато во третата колона просторот до него е за пазрување и сл.
    И сега на одмор
    бевме 6 луѓе со колата собра сите куфери во тој дел, каде би било седмото седиште. За подолг одмор размислувам и јас за такво на покрив:D
     
    На green.eyes, CareTee, Sofi***¥ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.305
    Пол:
    Женски
    Шубаво овде се собрале стари членки, кога ја видов Маченце Ена ептен се израдував, уште Елена Мак ви фали :inlove:
     
    На Sofi***¥, TeddyGrey, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.242
    Пол:
    Женски
    Ја тагнав, ама изгледа ретко се пушта тука...
     
    На Sofi***¥ и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Јас сум моментално со две деца.
    3 год.првото и 10 месеци второто.
    Организирам сеуште се со нив.Пазарење ,шетање ред за спиење за јадење се имаат и двете дома се скоро пола година не се во градинка.Добро е се сега за сега.Периодов кога веќе се си доаѓа во ред со двете деца многу често размислувам за уште и се повеќе би сакала тоа да е брзо.Желбата за 3 деца од секогаш ја имам.
     
    На mal.ecka, saki13, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    И јас од секогаш се замислував со 3 деца, јас сум најмала-имам брат и сестра, маж ми исто е најмал од 3те деца кај него во семејството, сестра ми има 3... некако бројот 3 е доста застапен кај нас :D.
    Е арно ама, синко е 6 години, јас сега сум бремена почеток на 4ти месец (претходно два спонтани) и некако мислам годините ми летнаа за 3то :(. Второво ќе го родам здравје Боже на 35 полни и некој месец...а и многу ризична бременост ми е :(
    На колку години вие родивте трето?
     
    На Sofi***¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Вие сте фамилијарно тројкаши. Кај мене и кај маж ми, ние кршиме лед за трето и сите не праат луди.

    Јас сум бремена со трето, сега ќе полнам 37 а имам 7,5 месечно бебнце и синка 9 годишен
    Поместена е старосната граница за раѓање во денешно време, зголемен е животниот век. Триесетите се новите четириесетти баба ми станала баба на моја возраст јас дојдам едно бебе, носам и чекам трето, се бавам со претпубертетлија и месец дена немам трудничко искористено, работам нон стоп високоодговорна и интелектуално напорна работа. При тоа вежбам, шетам, а сами си ги чуваме дечињата со маж ми без баби и дедовци да се растрчаваат по потреба. Напорно е понекогаш, но најчесто имам енергија за се ова што моите мајка, баба, прабаба не можеле сите три заедно да го направат. И мислам дека дечињава наши уште посилни од нас идат, зошто ги гледам што чудесии магични се и не можам да не уживам во се ова колку и да е мачно во одредени моменти. Силни сме повеќе отколку што мислиме⚡️
     
    На CarrieBradshow, green.eyes, Nina 2014 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе!!!

    Како читав дека требаат многу пари за деца ме лазеа морници ама штом те прочитав тебе си дојдов на себе.

    Работам неколку работи последнава деценија, за се ми стасува и имам реално, ама штом го родам и третово и пркнат сите три, не можам да замислам кокави ќе ни станат расходите. И нормално добивам стравови по тоа прашање како и мноштвото тука.
    Ама и како твојот пример, така и јс сакам, без разлика колку јас заработувам и татко км, од прва можност да ги мотивирам да си се ангажираат и учат да менаџираат со работа, школо и пари.
    Поголема животна школа, според мене, нема од ова.
    Јас сум работела секој распуст, тоа ми носело екстра џепарац и да си купам шо сум наумила без да мољакам кај моите иако они не се согласуваа секогаш со тие мои ангажмани од детството.
    Така да, ќе си се борат да си ги остваруваат екстра потребите а јас сум тука за топол дом, здрави оброци, спастрена облека, образование и фонрално и неформално и љубов тони. И најбитно, да ги мотивирам преку сопствен пример, како се остваруваат соништата и како се сака животот, за да живеат исполнето. Се друго е на нив
     
    На jungle, Филотеа, Sweetheart87 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Од твојов одговор човек и да не планирал трето, ќе добие желба да роди :inlove: :hug: :l:
     
    На abc1234, An angel, saki13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    976
    Многу мои пријателки прво раѓаат на 34-35 така да никогаш не е касно. Има време времето за раѓање е поместено каде каде. Битна е желбата и финансиите имаш време и за трето :D
     
    На CarrieBradshow, Sweetheart87 и Sofi***¥ им се допаѓа ова.