Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето дете во семејството; трета бременост; живот со 3 деца

Дискусија во 'Бременост' започната од Sofi***¥, 27 јануари 2022.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    @Adeline еве тука читај и барај совет. И јас сум 30г и јас сакам трето. Имам машко скоро 8г и девојче 5г и секогаш се замислував со три дечиња. Дури мислев одеднаш едно по друго три ама обврските си го направија своето. Башка решив да растеретам за понатаму финансиски да ми е подобра организацијата, плаќање факултети, полагање коли итн итн, има доста работи. Веќе и за друштво е голема разлика, јас млада и не го брзам, го чекам правиот момент, ама нема уште мн да чекам ( не сакам и преголема разлика) :D Остај други што зборуваат, битно е ти како се чувствуваш. Битно е дали вие сакате, дали вие сте спремни за живот со три дечиња. Па и машко да е, замисли се понатаму во животот со три сина до тебе, преубаво :inlove:
     
    На CarrieBradshow, dunika и green.eyes им се допаѓа ова.
  2. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Јас имам две мажиња 10 год и 8.5 години, здравје ако е се во ред ако даде Господ за 3-4 месеци ќе чекаме да се роди женската. Одсекогаш сакавме 3 дечиња и јас и маж ми, имав еден спонтан пред 4 години и тука застанавме со обидување, но низ годините ми недостасуваше уште едно, секогаш беше како ќе беше да немав спонтан и да го имавме уште тоа, и цело време бевме правиме не правиме, и еден ден сред односи му реков на маж ми сврши во мене ако фати арно, ако не веќе не пробуваме. И ете цуца се фати, батковците одвај чекаат да се роди. За финансискиот дел искрено не се оптеретувам многу многу, колку треба да имаме ќе имаме, и сме имале и сме го допреле дното. Кога бев трети месец трудна, пред првиот роденден на големото останав без работа и јас и маж ми, не тресна тоа ептен, живеевме во заедница, но пак не е тоа тоа, ние знаеме како преживувавме и како се снаоѓаме, со мало дете и плус јас трудна, но се се случува со причина, и јас и сопругот се ориентиравме кон нешто друго. Денес сме сами во свој стан, фала Богу на децата ништо не им фали, што треба имаат, иако некогаш ние си кратиме на нив не им е скратено ништо, искрено со марки не се потресувам секако брзо ги растат, а и така се воспитани да не судат според она што го носат другите. Од друга страна свртени сме на тоа да поминуваме повеќе време заедно, обавезно еднаш неделно имаме ден за во природа. Мислам дека и децата повеќе го ценат времето со нас отколку материјалното. Несакам да бидеме од тие родители што ќе имаат време само за работа, а децата да растат сами (познавам многу такви). Што ќе биде во иднина никој незнае и не се оптоварувам многу, материјално може да имаш многу, но следниот ден ќе го немаш се може да се случи. Битно ми е да сме живи и здрави, па останатото ќе се среди само од себе.
     
    На see.emily.play, supergirlmb, minne992 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Бремена сум со 3 то
    Првото 5,5 второто 1 година, забавно ќе ни биди.
    Двете се машки третото ќе видиме.
    Првото почнува на училиште третото ќе се роди, малку сигурно ќе ни биди напнато во збрки,до сега немам помош од други но ќе се наредат работите, само здравје.
     
    На Sofi***¥, baby 5, Asja и 3 други им се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    со лесно , многу се радувам кога ќе прочитам вакви постови. се ќе биде добро. ќе биде и напнато и нервозно ама и најубаво
     
    На Dzulija* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Гледам да не размислувам за тешките момемти, знам дека ќе ги има, ми дава сила помислата на 3цата кога ќе си играат и колку многу ќе се сакаат и моментот кога ќе пораснат исполнета душа поголема фамилија.
     
    На MaLeCkO :), supergirlmb, Asja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Да ја активирам малце темава.
    Јас сум со три дечиња.
    Од секогаш сакав да имам две ама Господ реши три да ми даде.
    Втората бременост ми беше близначка и искрено бев во шок кога ми кажаа дека близнаци носам а големото имаше годинка.
    Тешко е дефинитвно зошто кај мене се три дечиња на мала возраст ама се издржува некако зошто сепак имам помош .
    Тешко е зошто се обидуваш на сите да им пружиш внимание ама не можеш .
    Кога ќе тргнам на работа дефинитвно во план ми е да земам жена што ќе ми чисти зошто мислам дека нема шанси се да постигнам дома. Јесте да сопругот многу ми помага ама пак е хаос:whew:. Вака не постигнувам а не па со работа.
     
    На Sofi***¥, green.eyes, MinnieM и 8 други им се допаѓа ова.
  7. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Леле имало и ваква тема :* јас сум трудна со трето пак маже веќе сум 28 недела и почнува страв да ме фаќа дека малиот ми е 1год и 6м а најголемиот 5год како ќе им се посветам на сите а сама оффф
     
    На mal.ecka, Sofi***¥, AlchinovaR1979 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Podrska majka, tuka negde i noite razlika ke se 6 g, 1,8 meseci i bebeto ama ke izdrzime malku dodeka da fatime red tesko ke bide no jas seuste razmisluvam pozitivno i mislam na ubavite raboti sto ke ni se slucuvaat
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Некс ни е со лесно мајка ќе издржиме се за нашите малечки :*
     
    На Sofi***¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    јас да прашам, што мислите по ваше која разлика е поголема или идеална помеѓу деца? Поголема или помала разлика?
     
  11. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Мојот син најстариот е 5 год помалиот е 1год и 7м а јас здравје во Септември ќе раѓам трето маже... Верувај јас до сега однемав нерви батко ќе фати играчка овој се му зема и одма војна.. а си велам па и ова кога ќе дојде што ќе се прави незнам, ваљда и не постои идеална разлика:)
     
    На mal.ecka, Sofi***¥ и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  12. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    А ќе речеш првото и второто ти се нецели 4г па не треба да се караат хахах. Второто и третото колку ќе ти се точно разлика, година и 9м?
    Јас сум сега со второ трудна а отсекогаш сум сакала 3. Мене планот ми беше првите 2 да ми се мала разлика па да пркнат па трето, ама со абортуси меѓу првото и второво искочи разлика од скоро 4г. И сеа се мислам ако сакам трето дали е паметно одма после првото дур сум во форма и без живци што се вика, или пак да идам на разлика од мин 2.5г. и тоа и тоа има предност и маана, нема некоја златна средина мислам дека
     
  13. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Да 1г и 8м ќе бидат разлика и искрено многу ме фаќа страв ама од друга страна ми велат дека помала разлика било подобро па здравје сега кога ќе се породам баш ќе ви споделам искуство :) инаку јас не сакав три ама јас сум мајка што нема душа да се чисти ќе се мачам ама здраво право да го убивам никогаш... Имав јас еден пораѓај прев првиот син што го изгубив и не посакувам на никој и затоа реков Боже и 5 да ми дадеш ќе си ги раѓам...дете е најголемиот благослов од Бога :* со лесно нека ни е мајка :)
     
    На Sofi***¥, Mom's_life, MinnieM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам третото не било баш во план :D Ама секое бебе си носи нова среќа, откако го родив првото, многу добри работи ми се случија, особено на работно поле. Направив и големи жртви секако, ама он посебна среќа ми донесе, затоа викам секое дете е благослов, ќе си пораснат, вака така. Живци секако ќе немаме уште долго, ее сеа немирни зе ама кога ќе тргнат во школо, па учеле, не учеле. Мајка ми викаше и едно да имаш, мајка ќе си цел живот, нема да спиеш раат до умирачка :)
     
    На lackygirl, H.VAGA, Mom's_life и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Јас се мачев со години за деца и стариот Органџиски ми рече јас уште мома 15год немав ни односи ништо а тој тогаш беше матичен на мајками отидов дека не бев добила 6м и тогаш ми рече цитирам" ти има да се измачиш за деца ама еднаш кога ќе родиш ќе ти е страв со мажот ти да легнеш" така и беше скоро 5год неможев да забременам до инвитро стигнав ама пред да го правам сум останала :) и сега за третото му велам на мажми абе кога бидна ова и ми рече абе женче ми се испушти замисли сега од "ми се испушти" ќе си имам трето да ми кажеше некој никогаш немаше да поверувам :) и да во право е мајка ти :* ама па души се наши се има за кого да живееш гушки мајка
     
    На mal.ecka, Mom's_life и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  16. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Браво мајка , ретки се жените како тебе ! Живи и здрави да ти бидат сите три :l: !
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Зависи од вашите услови, твојата работа, желба, околности итн. Јас сакав 3 едно по друго, ама после второто па други обврски си имав и ај уште ова, ај уште она, одложувај одложувај.. стигаа 5ипол г и 8г децава :D Они двајца се 2ипол разлика, многу се дружат :) Третото секако веќе ќе е поголема разлика, ама нема уште долго да одложуваме:lol:
     
    На mal.ecka, Sofi***¥ и 1Dani1 им се допаѓа ова.
  18. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Покрај финансиите, најмногу ме мачи работата, точно дека едно со друго е поврзано, ама јас размислувам од друг аспект. Дали ќе успеам да напредувам, по природа сум амбициозна и моментално сум во таков делириум незнам што да одлучам...
     
  19. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Ќе успееш! Успеваме во онаа вода во која ќе се фрлиме од срце.
    Почни да се сомневаш во сомнежот во себе и само нежно!
    Посакувам среќа!
     
    На Mom's_life, CarrieBradshow, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sofi***¥

    Sofi***¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Во срцето не можев ни да замислам каква се љубов сум имала, се дури не станав мајка на 3.

    Среќноо тројкашки мајки!
     
    На joy1, Sunrise!!!, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.