Кој сака, успева. Мајка ми на цела немаштија со брат ми слушала две години мастер, со мене трудна одбранила. Поголемки бевме кога одбрани докторат, се оствари на секое поле, а нас љубов и внимание од неа не ни фалеше, секогаш даваше и повеќе од што треба.
Ние имаме син 7 г. Сакавмее уште едно но еве сега испадна дека сум бремена со близнаци јас потајно сакаав 3 деца мм дека се 5 деца и тежок живот имал несакаше па се викаше 2 се доста. Но од кога дознавме дека носам близнаци сите сме пресреќни барем две од еднаш
Lele kolku ubavo koja nedela si? . Idealno 7 godini golemo e ednoto ke ti pomaga, i da imas poteski momenti na pocetokot deka dve ama posle nekoj mesec... ubavini. So sreka so lesno.
Девојки ако сте поактивни тука да прашам. Следи нешто за трето дете, еднократна некоја да земала или јок? Инаку 2 замислував цел живот, 2 женско, или машко и женско, 3 машки никад не биле у игра, ама ете ги 3 машки (третово на пат уште малце остана) .
Еднократна мислам ако сте со минимални примања, минималта плата, а друго јок. Додатокот што го даваа порано беше супер, барем луѓе можеа да си дозволат да си имаат трето дете, 8000 месечно комотно стигнуваа за пелени, влажни, градинка и витамини. Сеа да се крстиш како ќе преживееш
Не зборам за себе. Зборувам за луѓе кои стварно сакаат трето ама не раѓаат зошто не можат да ги прехранат/издржуваат. А како тргнала работава во МК, муабетот кај и да е ќе биде "реално никој не те тера да одиш на второ" или реално "никој не те тера да раѓаш"
Читав некаде за прво дете 5000 денари, второ дете 20000 денари и трето дете 60000 денари. Еднокарктна парична помош е, е сеа дали преку општина или преку социјалното незнам и јас. И мене ме интересира баш, ама никако да добијам конкретен одговор.
Јас тоа го знам. Преку општина е друго, не даваат сите општини (пр општина Карпош не дава) , град Скопје дава, јас земав и за прво и за второ, ама за трето читав по статии како членката што пиша погоре дека не важи за сите, само за соц. загрозени случаи, ко нашиве деца да се дискриминирани. Мислам дека ништо нема да земеме според тоа што го читав на МТСП . Освен еве јас пр ќе земам некои 4000 денари од општина Кисела Вода, толку мислам даваат.
4000 или 5000 даваат општините. Аеродром дава најмногу мислам дека. Мислам, се тоа е фино, но да беше оваа парична помош месечна, ќе беше многу од помош. Убава им беше замислата со месечната парична поддршка од 8000 за трето, за да се крене наталитетот, али све што је лепо, кратко траје за жал.
Се согласувам. Тотална дискриминација. Некои сеуште земаат додека за другите нема ништо (освен од општина и тоа не даваат сите општини) . Кај живееме.
Мислам дека веќе никој не зема, ако мислиш на помошта што беше. Само од општината сеа е тоа што следува и тос што викаш, не дава секоја.
За второ лани сите зедовме по 20 илјади, без разлика на приходи. Преку фонд, не од општина. Прашај си за трето дали следува за секој случај. Со лесно мама
Трето е муабетот. За второ и јас си земав преку град Скопје. Ама за трето не даваат град Скопје, а требало 60000.
Ншата трета среќа ни беше најголемо изнендување кога дознавме дек сум бремена... Измешани чуства после речиси 17 години,двете ќерки веќе тинејџерки, како ке им кажеме како ќе регираат.. Залудни биле стравовите, замислете прифатија одлично, со нетрпение го очекуваа братчето... Бременоста помина одлично скоро до последен ден одев на работа и конечно дојде и тој ден се породив на 41 год со царски, не дека не можев природно но докторот одлучи голем бил плодот не сакал да ризикува.. Се роди 4 кг маже цело,а за мигот кога го видоа првпат дадите неможм да опишам со зворови течеше река од солзи радосници... Во тој миг толку бев горда на себе што ја донесов оваа среќа на свет бидејки тој ни бил делчето во семејството што ни недостасува.. И еве го денес после 18 месеци секој ден ни ги топли срцата со своето весело гласче мми,тати, дади...милениче на сите ни е
Ова беше преку Министерството за труд и социјала, од општина не даваат кај нас ни за второ. Стварно нема смисла за второ да даваат, а за трето не.
Не даваат за трето ношто од држвата јас лани се породив само доколку еден родител има примања до 14000 следува, а н другите ништо...тоа е нашта чудесна земја
Собирам искуства хаха Колку месечно трошите/трошевте за третото бебе, имајќи на ум дека уште две други дечиња имаат свои барања? Правам математика, за да си се спремам полека додека не е родено
Незнам дали и кај другите е вака, ама кај мене како растат така и трошоците растат Бебе да имаме, сигурна сум дека за него најмалку ќе се троши