Јас мислев дека за бебе многу се троши, ама кога порасна малиов укопчав дека не е така. Поголемо дете, поголем број на пелени, внатре помалце а поскапи. 200 сирупи за имунитет, обавезно Марфи за разболување на крај на месец, па под 1000че за лекови и спрејови не си, гардероба од секаков вид мора да имаат, сеа тргнавме пелени па се изнанадов пари за гаќи, ги подмочува, па требало есенски чизми, па после зимски со крзно, па ова па она, па сака слагалици, играчки, па не викаат од градинка на родендени па купување поклони и ред други трошоци нај иронија р што кај нас детската гардероба е скапа за наш стандард. ..Бебе најмалце троши изгледа хахаха.
Ееее после тоа доаѓа и храна за во школо, 2300 по дете. Околу школо трошоци разни. Пари за активностите, спорт, балет или модерен танц, часови англиски, центри за едукација (по желба тоа, ама еве демек не сакав такво нешто... обврските, времето не натераа и на тоа да ги запишам - Малац Генијалац двајцата). Па горе доле без дополнителни трошоци, месечно за активностите и храната во школо одат околу 15.000ден И во аптека деновиве колку се изнадавав... ако се 6г и 8г, пак сирупи, витамини, лекови. Едно застанување на пазарче за овошје што трае некој ден 500-700ден Па и за храна колку трошиме.. Ама живи, здрави нека се, за нив си работиме, па на нив ќе си трошиме Добро и за нас по нешто... А за трето, облека за него горе доле имам (чувам и од двајцата и имам и за машко и за женско), реквизити исто имам Е само зависи дали би цицало (за млеко многу пари одат)...
Ајде малку да ја размрдаме темава има ли мајки што се бремени со 3то или што се во план за трето? Исто мајките на 3 деца да споделат искуство според нив која разлика е подобра, поголема, помала.. знам дека е индивидуално, ама ете некое искуство, нешто. Со муж се спогодивме за трето, арно ама излегоа некои промени, а требаше да почнеме веќе, ама до крај на лето сме во план големиот ми е 5г а бебево 10м. На почеток викавме мала разлика да бидат, ама и бебево е благо ужасно со спиењето па сфативме дека ке крахираме со ептен мала разлика па сеа сме на мисла да се бар 2г разлика. Сакаме побрзо, за да ја истераме и трет пат бебешката фаза поскоро, ама па големиот би бил веќе на училиште, па вие што сте имале дете прваче, втораче да споделите како сте успеале да се справите и со учење и со две мали деца. Повеќе од 3г меѓу второ и трето дете не би правела, не можам пак после 3г јово на ново. А и со оглед на абортусите мои сакаме со време да се фатиме за работа. Финансии имаме, простор имаме, живците се тие Битно желба имаме!
Искуство ТОП! Моиве се второ и четврто, и бебе сега. Идеално најсериозно. Ми помагаат максимално, на бебево од раѓање ред му воведив и така си тераме ден денес. Сите наспани, сите среќни. Со децава сум посветена повеќе со учењето спрема претходно. Максимално го користам денот и слобод време и баш ми е исполнето. Првите две ми се на блиска разлика и исто така преубо поминав, заедно пораснаа, играа, никогаш не му е досадно, ден денес
Мајка сум на 2 деца. Првото 2 години, второто 1 година. Вчера дознав дека сум бремена. Искрено не знам што да правам. Овие две мали, тоа уште помало. Некако страв ме фаќа... Сопругот па не сака дека овие две се ептен мали (Кога не сакаш, зошто си го праел му реков) Искрено нит ваму, нит таму сум
Тебе страв од што те фаќа? Дека другите две се мали? Ти и сега си во хаос ај врати се наназад,размисли како ти било кога второто се родило и замисли како би било кога третото ќе се роди. Ако имаш помош и поддршка да,но ако немаш...тешко ќе биде според мене
Немам... А и шо се вика две фамилии сме во една куќа. Со свекор и свекрва живеам, во една соба се буткаме со двеве деца... Свекрвица не помага и ради тоа страв ме фаќа...
Сакаш искрен одговор или да ти изромантизирам? Реално немаш услови за трето дете. Немаш простор, 5 души во една соба не е живот. Каде е приватноста на децата утре, каде е спиењето на мира на најголрмото додека бебето плаче. Имаш премала разлика меѓу првите две во чии животи треба да си присутна. Потрудете се да створите подобри услови за двете деца кои веќе ги имате. Жалам ако звучи грубо ама тие две деца кои се веќе на свет заслужуваат основни нормални услови како своја соба и мајка која нема да е изнемоштена 24/7. Помисли и за твоето здравје со 3 бремености една по друга. И еве поромантичен одговор ако се решиш да родиш: како две така и три ќе пораснат, на времето како живееле по 10 души во една плевна па ништо не им фалело. А за тоа што си кажала на маж ти "што си го правел" мислам дека двајцата свесно учествувате во чинот и сте свесни дали користите или не заштита. Едит: Си имала 2 царски за неполна година и еден абортус и се мислиш за третото? Жено стегни се, не си играј со здравјето, немаш ни 30 години, оди абортирај и ставај спирала сместа. И со маж ти малку поврќе помуабетете се на тема контрацепција!
Штом си останала бремена терај до крај. Можеби к'сметот на сите во фамилијата ќе ја донесе ова трето дете а и ти онака веќе си навикната со две па заедно со малку мака ќе ги порасниш сите три. А и облеката ќе им одговара од едно на друго зависи ако се ист пол а и са не се има облеки што може да ги носат и момчиња и девојчиња. И уште нешто ако не и најважно голем грев е да одземеш веќе зачнат живот Господ си мисли за сите така да три деца не е многу ако се запрашаме нашите баби по 7 , 8 деца имале па... Подршка немој да се колeбаш к'сметот е во децата! Освен ова со просторот малку тесно ама се наоѓа чаре за се. Можете под Ќирија ако имате финансии или пак голрмото дете пушти го да спие со свекрвата не се плаши!
Какви се овие совети жено божја? Алиштата ќе им бидат добри? Каде две, таму и три? Пушти го големото со свекрвата? Па гледате ли вие што пишувате бре луѓе? За што ги правите децава? Фино е таму да сврши во тебе, минута задоволство, а после како им е ксметот. Срамота. Ај поднаучете малку за контрацепција. Се клецаат цело време без никаква контрола, деца ни криви ни должни си трпат, ама абортусот е убиство. Страшно. И твојот муабет, а и муабетов од членкава погоре како свекрвица не помагала е ужасен. Како да ви кажам, никој не е должен за ништо за вашите деца. Баба може да го поигра, да го разгали, да улета во итни ситуации, ама да воспитува внуче не. Тој мажот донорот на сперма не се спомнува, битно свекрвица не помагала. Овој нека си го празни само како ќе посака. Што е битно здравјето на жената, дали ќе биде способна и овие 2 да ги изгледа? Живеат веќе 4 луѓе во една соба, ама најбитно старите не помагаат. Страшно.
Се си кажа на место. Вакви кога прочитам и по фб во тие групите со ксмети, судбини и не знам што. А се свесно се праве... Ама ајде де. Едит: а во октомври барала помош дека маж и повеќе пати кренал рака на неа. Ем не го оставила досега и пак трудна... Арно ти кажаа, иди ставај спирала, нема ни да знае тој.
kako da kazav koj znae sto tri deca imam jas sto mi fali! Ne e kraj na svetot ako se ima treto dete alooo!
Нема да е крај на светот, ама децата ќе патат. Не се само алиштата тука, три деца бараат убави пари да заработуваш.. посебно во денешно време. Јас имам три, на секој што има услови, желба за три им викам ич да не мислат. Ама чоече ако немаш услови ни за две, а одиш на трето...
@Mama998 idiotot te tepal do stepen na davenje a ti pak si napravi dete so nego? Bravo. Eve eden iskreno kolku i da e surov sovet. Abortiraj. Prvo i najvazno zasto e rizik za tvoeto zdravje, vtoro ne ti treba uste edno dete so bolesnik, treto nemas uslovi ni za edno kamoli za tri.