Нема црно/бело во вакви ситуации, знам луѓе што беа сиромашни да се каже и едвај ги растеа 3те што ги имаа и стварно живееа во мал стан (дневна и соба) и 4-тото не го абортираа иако размислуваа ама им беше жал, другите беа поголемки. После тоа стварно не знам како (не верувам во бабини деветини) ама им тргна, најдоа подобри работи и сега живеат многу убаво во поголем стан, ама беа сложни и имаа убав живот и брак иако немаа пари. Ако мажот кренал рака на нејзе дефитивно време е за друга работа не за дете, и тие што се мали ќе потпораснат, жалосно е да се чуваат деца во таква средина. Јас ни за второ не би размислила со таков, еднаш насилник е цел живот насилник, тука нема промена. Едит: сега видов за кој случај се работи и сум коментирала на друга тема. Какво дете девојче, те тепал и на првата бременост и тоа до давење и второ како си испланирала во таква средина да го родиш не знам. Абортирај и бегај подалеку од него. Нема да го "задржиш" или да го решиш насилството ако му испораѓаш безброј деца.
Само од тоа се плашиш а? А не се плашиш дека еден ден маж ти ќе ве убиени тебе и децата? Пред 7м си имала абортус, маж ти те вреѓа и тепа, децата ти се една година разлика, два пати царски во нецели 2г, сега уште еден царски ако решиш да родиш. Маж ти е дебил, ти си несовесна и себична. Немате услови за соби и сите живеете на куп, маж ти свршува во тебе кога ќе му текне без да размислува на твоето емотивно и физичко здравје. Дали вака сумирано кога ќе прочиташ од страна, да се работи за друг, што совет би му дала??? Освести се.
Прво. Како се омажи знаејќи дека ќе живеете 100 чуѓе под еден кров? Може грубо звучи ама јас не би. Општо не би живеела со свекор и свекрва а не па ако куќата има само 2 соби од кои една нивна една наша па да се стискам. Така не се расте ни едно дете не па две, за три ич да не праиме муабет Сега се мали, утреден ќе тргнат во школо, ќе им треба простор за учење а вие немате простор ни да дишете. Ако немам услови за живеачка (да вложиме во куќа, стан нешто) или ако мажот не сака да одиме под кирија, би го оставила да си седи со неговите Второ, уште трудна со првото те нападнал? Со кој памет не си отиде уште тогаш и со кој памет жено легна со него? На таков гад нозе не би му раширила последен да е. Сега капак на се, ОН не сака уште едно а си свршува внатре а ти тоа го дозволуваш. Со кој памет? Греота е ама абортирај го. И глеј да си ги средиш другите две деца, да се откачиш од него ОДМА, пред да дојде и да те задави некој ден, како што еднаш се обидел. А тоа неговите што такво створење израснале и воспитале така, алал нека им е.
Kako be maz ti ti napravil dete? Ti ne sakase? Ako nemate uslovi, zosto pravite treto, pa uste i tolku mala razlika? Ama ko sto citam od prethodno, ti si mu izgleda samo da mu rodis deca I tolku. I da abortirash.
Како ви помина мајки третиот пораѓај? Дали беше полесен од првиот и вториот? Која недела се породивте? Со првото 39+3 15 саати пораѓај. Со второто 4 саати пораѓај 39+1 Сега бремена со трето и ме фаќа паника Мисла ми е како ќе биде . Ќерками ќе биде 5 г. Син ми година и 9 месеци. За ќерками не се плашам она е вече поголема испраксирана е ама дечково ме плаши како ќе реагира љубомора како ќе ја прифати и сл.
И јас да се приклучам кон оваа тема Првиот син ми е 9 години, вториот ми е 2 години,сега сум бремена 16 недела сакав третто дете ама не толку бргу ни искочи непланирано како и да е ке се снаоѓам…. Првиот син многу беше радосен кога го родив вториот…сега кога му кажав дека ќе има уште едно братче лета од радост. Си земав боледување и си уживам со нив дома. Е сега моментот е што никој не се израдува од блиските , ниту ми помагаат со чување сама се снаоѓам со сопругот…. финансиски сме добро фала му на Господ , не ја сваќам нивната реакција очекував поддршка од нив ама не си се повлеков дома со децата. Поздрав
Не очекувам никаква помош мислев понекогаш децата да ги земат баба дедо да ги прошетаат… да ги причуваат јас супер си се снаоѓам сама големиот си седи сам дома малото во градинка поради тоа реков дека не видов дека се израдуваа што ќе имам уште едно дете
Трето е па ти, се навикнале веќе Не ми зимај за зло, да свртам на шала. Лошо чувство е у секој случај, ама па.. гајле ти е на крајот од денот. Тоа кажува за нив, не за тебе
Очигледно очекуваш, велиш никој не ти помага. За жал некои баби и дедовци не сакаат да помагаат и тоа е тоа.
За помошта не знам што би кажала искрено.. треба тоа да им е кеиф, ете да сакаат да земат внуче на ден два кај нив или да ги прошетаат, но, не им е и должност. Пример, свекор ми и сверква ми од време на време големиот го земаат за викенд, па ќе го прошетаст до парк или некаде, ама од мерак, не им бараме ние, освен што замолуваме за причувување ско треба некаде да одиме (свадба, погреб, итн) А за реакцијата јасно ми е, и јас кога ќе спомнам трето, мајка ми фаци прави и знае да искоментира "што ти е ајде, уште едно ти фали, што мислиш, кој ќе ти ги чува", а сами си ги чуваме со маж ми. Не знам што им е и зошто таков однос, наместо да се радуваат за повеќе внучиња.
Јас така напишав бидејќи не сваќам зошто не се израдуваа , ниту им барам нешто, ниту ми ги чуваат.очекував барем едно со среќа со лесно ….
Исто беше и кај мене, иако веќе е порасната мене сеуште ме боли нивната рамнодушна реакција , зашто знаеја низ каква мака поминав за второ дете да имам, третото ми дојде како дар Божји. Никој не се израдува, ја делеа во подароци итн , дури и ми кажуваа како абортирале на времето (најблиски)зашто било срамота да имаш три деца...