Трето дете во семејството; трета бременост; живот со 3 деца

Дискусија во 'Бременост' започната од Sofi***¥, 27 јануари 2022.

  1. Buca_91

    Buca_91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Јас на 34 го родив третото,првово има 13 год второто 9 год и малово 3 месеци.Нас ни беше планирано исто порано и баш коа реков ајде тоа е не се фаќа бидна,и на мене ми беше страв како ке се снајдам, поготово на почеток коа почнуваат хормони да лудуваат и се и свашта ми се вртеше во глава,ама после ми помина се, се снаоѓам супер ,првите две ми се девојчиња ова машко и премногу го сакаат и ми помагаат и искрено пресреќни сме сите:)
     
    На tambelina, cacikr, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    2.650
    Пол:
    Женски
    Јас да се придружам на низата од претходните членки. Во мојот случај очекуваме четврто дете, но чувствата се слични. Разликата е голема меѓу сите три деца претходно. Се плашам и јас на моменти,но не се каам. :hug:
     
    На CareTee, Buca_91, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Феминки само што дознав дека сум бремена со трето. И преплашена сум. Големиот е 9 а малиот 3 години. Не беше планирано, а за второто се измачивме. Имаме солидни плати, живееме пристојно, но секогаш може и подобро нели. Од сопругот имам поддршка што и да одлучам. Само, не сум сигурна дека сакам повторно да се навраќам на истата приказна со бебе... и никогаш не планирав три.
    Совет, искуство од некој во слична ситуација?
     
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.737
    Допаѓања:
    19.323
    Пол:
    Женски
    Јас од нигде никаде непланирано останав со четврто бремена кога третото беше 6 месеци. шок ме мавна ама без размислување решив да го родам. Најголемата е 6 години. второто е 3 третото 1 година. сега треба крај на јуни да се породам со четвртото. Ако имаш поддршка од сопругот и финансии не се размислувај роди си го плус големки ти се децата полесно ќе ти биде. кај мене се мали тешко ќе биде ама ќе се избориме некако. растат многу бргу. Ско го абортираш ќе ти биде криво цел живот! Со среќа и со лесно што и да одлучиш :hug:
     
    На barbie24 и tambelina им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.540
    Допаѓања:
    193.781
    Шо и да решиш не носиш одлуки цеднаш
    Остај некоја ден една недела да слегнат емоциите чуствата и со ладна глава ке донесиш одлука
     
    На barbie24, _Vera_ и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    149
    Мајки со три мали деца да ми предложите детски седишта кои се потесни и некако би ги собрало во седан со 5 седишта? Моментално со двете седишта кои ги имаме има малку слободен простор позади, можеби три потесни седишта ќе може да ги собере едно до друго.
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.192
    Допаѓања:
    192.373
    Пол:
    Женски
    Колкy се мали првото и второто? Моите се 6 и 3 и нив им земав седишта што се за 3+ години односно 15+ кила. Мене ми беше битно да се навалуваат зошто често патуваме па да им биде комфортно и за спиење и единствено на Сајбекс најдов такви, иначе имаше и други опции. А бебешкото седиште е стандард гломазно.
    Седиштата за помали деца се обично сите погломазни и тука не би знаела да ти помогнам. Единствено да провериш Закон дали дозволува дете во седиште да седи напред, за ти да си назад.

    Се едитирам да дополнам. Сега ми текна дека прочитав седан. Ние зедовме сув со 3 посебни седишта позади поради истата причина. Ако е класична кола, со две стандард седишта и едно тесно нема да ти вршат работа помали седишта за деца, оти тие треба првенствено да се безбедно поставени и на тој начин на средина не останува доволно простор за седиште. Ако имате 3 засебни седишта на колата имаш опции.
     
    Последна измена: 17 јуни 2026
    На Dreamer му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    149
    Фала ти на одговорот, најголемото е 3 и пол години а помалото 2. Пробувавме некои потесни седишта но нема како да собере безбедно 3 седишта едно до друго. Единствена опција дури не најдеме поголема кола ќе ни биде бебето во транспортер да го возиме напред а јас да седам позади измеѓу двете седишта.
     
  9. denizzz

    denizzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    147
    Мајки споделете искуство со трето породување. За организација отпосле не ме страв другите ми се големи, но за пораѓај малку ме фаќа трема ,уште една недела во 9 ти месец
     
  10. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е на сите во оваа државичка со три па и со четири деца. Искрено, ви се восхитувам на храброста. Мене ме фаќа страв за две, не па за три деца. Искрено, мислам дека во нашево општество (Македонија) е претешко да растеш три деца првенствено од финансиски, а потоа и од секаков друг аспект.
     
    На anggell, IJAE, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.