Што да бидам мрзелива, сакам и јас да одам во кино да го гледам. До душе многу ми се допаѓа тоа идење во кино. Само проблемот е што кај нас киното не работи.
Јас кој бев најголем противник поради тоа што главната улога е има Катерина Ивановска.Сега се каам што сум го рекла тоа,девојката значи стварно супер си е завршила својата работа,што искрено мене ме иненади. Да разјасниме,сеуште го немам гледано филмов.Ваљда ќе дојде и во мојов град,да се надеваме.Бидејќи така некаде беше највено,дека ќе имало премиери и во градовите каде што немало кино. Е сега,според тоа што ми кажуваше една другарка која била на приемрата,можам само да кажам WOW. Не е типичен како сите останатите македонскките филмови,што ми е дури чудно. Сега чекам да го гледам и јас филмов,а кога ќе го излгедам ќе пишам подетално
Очекував филмот да биде добар, ама некако не сакав да го гледам затоа што сакав да си го задржам тоа добро мислење, да не се разочарам. Бев, го гледав и се изненадив позитивно. Многу добра реализација, добра приказна, неверојатна изведба. Нема да го споредувам со холивудските филмови, тие не заслужуваат да бидат споредени со него.
Чекав да дојде и во Битола, чекав и дочекав. Сите го фалеја и си реков морам да го гледам, баш да видам како си ја одигра улогата Катарина. Морам да кажам- Одлично, супер, спектакуларно. Приказната е потресна, значи цел филм ми идеа солзи на очите, незнам како издржав да пуштам само неколку. Македончето мора секогаш да пати, и секогаш над него да се прават неправди, но ете некако опстојуваме. Секоја чест за глумците, за Сашко, Тони и сите останати, а поготово за тренерот Димитриј.(заборавив како се вика точно, го мешам со еден друг :/ ) Капа ви симнувам на сите. Мора да се гледа, мора!!!!
*во улога на Коста добро би се снашол и Дејан Лилиќ, иако и Сашко е одличен. Слушнав дека прво му понудиле на друг, Сергеј Трифуновиќ ли така нешто не го знам јас, а потоа на Сашко. Не знам колку е точно.
^ Да,прифати и потоа ја одби улогата баш заради преплатеноста на Катарина. Бев и втор пат. И нели, пошто поучена од првиот пат, дека ќе ми доаѓаат солзи и ќе се ежам и све тоа, дури како возбудена бев... И... сфатив дека ме понел Холивуд моментот и еуфоријата ми згасна. Ја видов другата страна на паричката. Страшната празнина на филмот и меѓупросторот кој те остава да лебдиш. Убава замисла, но страшна празнина во однос на тоа што му беше носечки столб. И не можев да доседам. Ме уби претенциозноста,иако морам да кажам си има свои квалитети филмот се уште и е пионир во однос на многу филмови тука во многу работи, АМА... нештото,нештото недостига... И Катарина е ужасна, мислам, не бидете смешни. Лошо глуми затоа што премногу се труди. Мојата придружба, на крај од филмот ми рече - шо ти е бе,нели ти беше фин филмов,цело време издишуваше?! Е да... Можам да заклучам дека првиот пат ме понесе субјективноста која секогаш се раѓа кога ти е нешто мило затоа што е *твое*,а нели филмов е наш...Македонски, наш... Па некако го идеализирав и го гледав знаете како кога се заљубувате у дечко кој е морон?! Го гледаш дека нешто не ти се допаѓа кај него,ама пак некако си заљубена у него и после...ти поминува и ... престануваш да го сакаш. Е така и ова. Филм кој подобро е да го гледате еднаш,ако сакате да го задржите впечатокот кој ќе ве стопли. Денес и побарав повеќе критики и наидов на една. Женскава имаше и добра критика за Скопје ремиксд. (мислам дека е истата,не ме држете за збор) http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... 0736B38CF4 И на крајот,замисли добиеме Оскар и Бугарија ни стави вето за влез у ЕУ?! Ама секако дека нема тоа да се случи.
Avtorot na filmot sosema slucajno naleta na ovaa stranica. Iskreno e plenet od sarmot na komentarite, kako pozitivnite, taka i negativnite. Zenite se definitivno najubavata publika (a nekoj nalik na mene bi dodal - daleku poanaliticna od mazite!). Pristrasno posakuvam pokolenieto koe naskoro go ocekuvam da bide od vasiot pol - iako nadlezniot doktor ima poinakvi prognozi Kako i da e, blagodaram na komentarite. Ke mi bide zadovolstvo i ponatamu da snimam for your eyes only. Blagodaren, Darko P.S. Ne, Sergej ne se otkaza zatoa sto Katarina bese pretplatena. But that's another story.
Maње битно, ако не се бугарите други ќе се Нели бугарите се бунеа за филмот пред неговото прикажување, а новинарската екипа која беше на премиерата и некои бугарски критичари мислам, не ме фаќајте за збор, ама не кажаа лош збор за филмот како што прочитав. Сите муабети беа пред да се види филмот. Абе реалноста е таа, немаше ругања за бугарите, освен ако сакаат тие да гледаат на работите како ослободители, нали, а се се само не ослободители Јас знам многу познаници што го гледаа и сите коментираат у стил, А оскар викаш ќе има? На куково лето да 71 филм од неанглиско говорно подрачје. Значи треба да победиме све и свашта. Е сега академијата е интересна ствар, не знаеме кои се членовите, божемски. Ако има доста евреи тогаш може да номинација, само под тој услов Лилит каква значи разлика имаш меѓу првиот и вториов твој коментар, посакувам да не го гледам по втор пат филмов Мислам дека што и да гледаме 100 пати ќе најдеме уште 100 мани, игла во сено ако бараме. Ништо не е совршено, но дефинитивно е најдоброто нешто македонско. Мене интересно ми е што ние до сега во глобала гледавме филмови на Милчо Манчевски, тие се последните подобри македонски филмови. А Милчо и Дарко се дијаметрално спротивно. Ќе гледаш филм од Милчо и си на крај И што, што се случи? Милчо си е посебен режисер, многу карактеристичен но си фура свој филм. На тие што им се допаѓаат на Милчо повеќе филмовите од овие на Дарко секоја им чест, вкус си е нели. Дарко е покомерцијален и затоа филмов ни се бендисува, наш е, фина сторија, не додирнува онака у срце и си го величиме можеби повеќе од колку што треба, не викам не. Ама ако бе, дај боже почесто наши работа да величиме, оти ние во глобала се хејтаме Јас сакам торентче да најдам, на раат дома да си го изгледам, па да можам да си вратам неколку сцени по неколку пати. А Лилит сакав само да ти кажам дека сосема си во право за Катарина. И јас реков дека не е лоша физички за филмот, нејзиниот говор е заникаде, ама личи бре на еврејка, ковчеста е, па посебно во сцената како чисти под со подочњак лилјаков до колена, е богами личи на Ребека. Дарко ако треба за друг филм актерки кажи, не ни пречи да сме преплатени, ќе прифатиме
Ај да си бидам искрена, колку што е Катарина убава да ја гледаш 2 саата у кадар издотерана, со сите нишани, толку нема допирна точка со глума. Иако бев против таквите размслувања дека нема што манекенка да бара во филм наместо професионална актерка и мислев можеби ќе изненади, не бев во право. Или актер, или одличен аматер е сосема во ред, она не е ни едно од тие. Паушално, пластично, со претерано трудење и веројатно најлошиот можен изговор на странски јазик налик скопска шмизла што се довикува во парадизо. Девојката е само визуелен украс, нема грам душа во изведбата. Цел филм имав чувство ко да позира, за што всушност многу ја бива, но не и за толкување лик што има свое минато и психологија, не па да жртвува цел дотогашен живот во име на љубов. Изразот на лицето едноставно не кореспондира со некој што преживеал толку трагична и потресна судбина, а тоа е талент и шминката не го купува истиот. Само слика за гледање, ништо за чувствување. Приказната е повеќе од прекрасна, феноменална актерска екипа; Шпиц е полн погодок, Емил Рубен и Митко Апостоловски исто така. Генерално, со исклучок на главната женска улога, огромни пофалби.
Филмов е стварно одличен.Се изненадив! Очекував да биде некој глуп филм,како што биле повеќето македонски филмови.Ама ова е фантастично.
Најако од се е дека филмот е вистински настан,навистина го спасиле тој Шпиц,навистина постоела љубавта меѓу Ребека и Коста се,се,се Стварно јак филм ме остави без зборови!
Филмов е феноменален! Ги имам изгледано и Сенки и Балканкан, и ми се допаднале, меѓутоа ова е врвот од Македонија, барем до сега. Пред да отидам и да го гледам, само знаев и велев дека и да не си страствен филмоман и љубител на кино, доволно е од почит кон трудот на целата екипа која е дел од ова да се оди, па крај краева не вадат по 10 филма македонски во година, и не само еднаш, уште 2-3 пати би одела. Реална и тажна приказна, дел од маките на народот, и моменти во кои ме полазија морници и дури неколку наврати на долго ежење. Публиката не се воздржа од аплаус по завршување и голем дел од присутните не се воздржаа и пуштија по некоја солза. Актерската екипа, од главни ликови па се до статисти, како и позади камерите екипата, заслужуваат големо браво за одличните 110 минути претставување на мало парче историја, без еден од нив, немаше целината и финалниот прозивод да е ваков. Пред да одам да го гледам, добив коментар од другарка дека филмот е ужас, ништо интересно и досадно, и се чудев, а вчера само констатирав дека она појма си нема од предметот историја и затоа ова и било шпанско село и залудно истепано време во столче. Сепак неверувам дека би се закитил со Оскар, бидејќи Американците слабо стојат со фудбалот и термините полувреме и слично, кај нив е актуелен рагбито, но сепак филмов ќе биден вечен со или без Оскарот.
На три филма имам плачено до сега: на Лајн Кинг она коа умре Муфаса, на Троја коа му ја погодија Ахиловата петица и сеа на Трето Полувреме кога циганчето почна да пее „Море солкол пие...„ пред да го застрелаат. Ме наежи филмов, ме расплака и ме изнирвира.