Е појма си немам за Кан, туку чисто дека Американците имаат голема улога и збор во врска со филмовите, сила се во тоа поле. Барем јас така мислам, може и не е така, јас ги доживувам како такви.
Филмот е нели македонски кандидат за номинација за Оскар. Канскиот фестивал е башка, а номинација за Оскар е башка, за неа Американската академија одлучува, логички.
Кандидат е за Оскар и за Златен глобус засега. Дали сме номинирани ќе знаеме во јануари. А јас не би одела на таа линија дека американците сакале рагби, па затоа дали ќе им се свиѓал филмот е знак прашање. Како што е фудбалот главна споредна работа во светот, така е и во филмот. Вистинското прашање е: Колку евреи има во академијата? Инаку се знае засега фаворитот од овие номинирани за Оскар. Австрискиот филм Љубов поточно ,,Amour" на Michael Haneke, којшто ја доби Златната палма во Кан за 2012та. Исто меѓу фаворитите бил и еден руски филм и некојси шведски. Ќе видиме, но да не летаме во облаци, да се спуштиме на земја би рекла. Поубаво да не се надеваме, него да се возвишуваме а знаеме дека некои работи се тешко достижни од милион причини Може нас ни е најдобар филм, ама од кај знаеме дали е најдобар за вкусот на милионската публика, не е прикажуван филмов во странство па да ги знаеме реакциите, чекајте малце не брзајте
Кога веќе се заинтересиравте за Оскарите, еве конечна листа на кандидидираните за номинација од таа категорија (конкурентите) http://www.imdb.com/list/c-CTnVwxf70/
Филмов е нешто што мора да се гледа! Би издвоила многуу оменти ама да не му го расипувам задоволството на оние кои сеуште не го гледале! Ме воодушеви глумата на германскиот тренер! Многу ми се допадна неговиот лик, многууу! Кога циганчето го стрелаа и ја пееше Море сокол пие... тажнооо Кога ги пречекуваа на железничката станица Кога го дадоа првиот гол во финалето се израдував, загревотка сум Мразам фудбал ама во филмов е така интересно прикажан Позитивно изненадена! Нешто што вреди да се види!
Јас да ви кажам ептен си поплакав. И се насмеав многу пати и се наежив уште повеќе пати. Се на се, ептен ми се допаѓа, и замислата и реализацијата. Не ми се допаѓа само Катерина и нејзината глума. И без тоа не и бев д бигест фан. Ама кога опали голи ци*ки си останав запрепастена дури и јас Инаку ќе си го гледам уште еднаш во кино и после претпоставувам и еднаш на компјутер ќе го пуштам по некое време. Претежно ниту јас не сакам филмови со ваква тематика, ме растажуваат ептен, ама наше си е и убаво си е и вреди да се погледне.
Барав торент за филмов или нешто на нет ама нема :/ ! А ептен сакам да го гледам. Изгледа по се, ќе одам во кино. Can't wait to watch it!
Дали знае некоја до кога ќе го даваат филмов во Охрид? Како што памтам денес треба да е последен ден ама не знам точно, а сакам да отидам да го гледам.
Мислите дека во блиска иднина ќе излезе торент на филмов???? Ептен сакам да го гледам, а чисто се сомневам дека во Милениум го март ќе го даваат....
Со сигурност ти тврдам дека не е последен ден,добро не 100%,али 99% сум сигурна дека ќе има уште проекции на филмов. Затоа што како што слушнав,сега од понеделник(утре) ќе бидат во преговори за да се емитува филмов во Кичево
Веќе 2 недели секој ден се прикажува филмов на кино, па затоа мислам дека ќе престанат сега. И на постерот пишеше до 14ти, како што се сеќавам.
Се на се добар филм, изненадувачки за нашето поднебје, ниту еден посебно не ми се допаднал од македонските филмови досега, а овој не е дека е нешто ново невидено те дека е спектакуларна приказна, но евреите ете се неицрпна инспирација за режисериве, па така и за нашиот македонски...Интересен, шармантен филм, одлична глума на Сашко, аматерска на Катарина меѓутоа прв пат и е и не е страшно, но бидејќи сум љубител на филмови серии итн и ги гледам често, како гледач ја почуствував таа аматерска жичка кај неа....Меѓутоа нејсе....филмот заслужува почит и е одличен...башка наш е македонски едит:на крај заплакав....и некако многу брзо ми дојде таа сцена со бабата на крај кога ја извади сликата може јас така ја доживеав но штом стигнав до солзи....допира ...
Мене филмов многу ме погоди 3-4 пати ме расплака стварно е добар. Ви препорачувам да го гледате. Јас Битола го гледав и мислам дека до 18 ти ќе го даваат секој ден.
Додека се снимаше бев скептик: Е да бе, ќе одам да гледам некојси таму историски филм, па уште и манекенка во главна улога Мојата добро позната нељубов кон историјата ме наведе така да размислувам. На кино отидов од љубопитство, а и ради актерската екипа. Реков, белким со тие глумци не испаднало нешто посрано. Мило ми е што отидов затоа што скроз го променив мислењето. За мене ова не е најдобриот македонски филм, но котира високо. Навистина НАВИСТИНА ми се допадна. Како карактер од филмот најголем впечаток ми остави Шпиц, а нешто што исто така ме остави воодушевена беа прекрасните кадри во старата чаршија. И ме вади од такт оваа наша машка популација кога скока за филмот со две раце дека бил најдобар само затоа што Катето се расцицли! Бре далеку е од површен филмот! Приказната беше прекрасна, феноменално доловена и за да престанам да лепам епитети на постов редно е да кликнам Испрати. Спојлер Уште сто пати би го гледала.
Работата е слична како со секој македонски филм. Напумпана фама, што сама си го прави своето, а и тоа чувство дека сепак е нешто “наше“. И не може да не го осетиш тоа кога влегуваш во преполната кино сала. Веројатно и затоа сите по првото излегување од салата, мислиш се во некој транс, просто водушевени, па филмот бил најдобар на цел свет, најдобар од земјава, па фрштат 9-ки на Имдб.... Морам да признаам, не бев водушевена, но секако имам и пофални зборови. Приказната како приказна сасвим ок, мада темите со Евреите се доста исцрпени и врти-сучи не може да се откопа нова приказна. Многу ми се допаднаа комичните моменти, му даваат убава жичка на филмот. Но не пронајдов некој исклучително тажен дел за да се расплачам. Костимографијата е чиста петка, и музиката е одлична. Што е до глумата на Кики, баш како што и очекував. Нот мач, со тоа што мислам дека тонот на нејзиниот глас дава некој вештачки момент. Можам да кажам дека филмот е добар за наши простори, ама рака на срце, му фали многу за да биде нјадобар. Како и да е, уживав што во кино гледав убаво македонско филмче, а дали ќе го гледам повторно, не сум многу сигурна.
женски сакав да одам со либето на овој филм а потоа да продолжиме на џез фестивалот па би ве замолила да ми кажете колку време трае филмот да знам да искомбинирам во кој термин да одиме?! фала однапред
Не ме воодушеви нималку. Главниот виновник за тоа беше фактот што во глумата на главните ликови немаше нималку некаков харизматичен занес, немаше никаква експресија. Ова се однесува на љубовниот пар во филмот. Еединствена сцена која им беше солидно одглумена беше онаа кога Ребека му кажа на Коста дека е бремена. Нивната глума никако не може да се спореди со глумата на сите останати глумци кои беа одлични, сите до еден. Тони Михајловски беше како и секогаш феноменален. Шпиц, Димитрија, Африка исто така. Моментот кога ќе заплачев беше кога ги видов тоа авионите како прелетуваат над нашето мило Скопје. Морници ме прелазаа кога само за миг ја видов таа слика, сликата како низ мојот роден град се случило такво зло. Циганчето беше злато. Незнам зашто но Балканкан и Сенки ми беа каде каде по интересни филмови.