Пола саат ме убедуваше една дека трето полувреме е добар филм само затоа што плачела на него, а инаку не плачела на филмови,знаеш демек тврд орев.Подолжи да ме убедува. Сакав да и речам, ок, честитам што сепак си човечко суштество кое имало грам емоции,оди да го гледаш уште еднаш и уште неколку со иста тематика и потоа голтни го твоето глупаво его и почитувај ја стручната и сооветна критика за истиот,во ред?! Ама некако,меех, не ми се збореа такви глупости. Знаеш, Балканкан е добар филм само затоа што се смеев. Не,не е добар филм Балканкан...
За филмот немам зборови! Го имам гледано двапати на кино во Битола. Навистина ме воодушеви. Им препорачувам да си го гледаат, тие што го немаат гледано. Се заљубив во филмот.
Филмот е супер..ОД на училиште бевме во кино и искрено мислев дека е некоја глупост ама навистина се изненадив филмот беше прекрасен..Наше македонско Само не ми се допадна што многу зборуваа на скопски...Бедија Беговска и Раде Шербеџија од постарите актери во овој филм многу ми се допаднаа додека од помладите најголем впечаток ми остави Ребека. Навистина немам зборови би било супер да се снимаат уште вакви македонски филмови,ова е доказ дека и Македонија може да направи успешен филм
Јас од „глумата“ на Катарина не бев изненадена, впрочем испадна онака како што очекував - никаков тоналитет на зборувањето, да не зборам за фацијалната експресија Ептен ми беше вештачка. Леле па шпанскиот колку и беше лош, ушите ми ги распара. Венго папа! Туку, што беше тоа од Сашко Коцев? Е тој тотално ме разочара... Актерите за главните ликови ги утнале, ама за среќа споредните ликови му дадоа сјај на филмот. Раде Шербеџија беше одличен во улога на Дон Рафаел, а и Шпиц воопшто не беше лош Филмот е добар, ама не би го прогласила за најдобар македонски филм. Рака на срце - оценката на имдб не му е баш заслужена.
Хм. Разочарување. Не е дека беше најлошото нешто, ама не беше ни добар, ниту ништо посебно. Дури и многу лош на моменти. Целовкупен впечаток - праено, недопраено. Не знам зошто сум воглавно разочарана, веројатно дека му се радував долго време и со возбуда го очекував - но на крај ми спласна сето тоа. После толку потресни приказни кои ги имам слушнато за Евреите во Скопје, Дарко премалку вметнал од тоа во филмот. Таа тема сама по себе е потресна и го ежи секој нормален човек, ама филмот не ми изнуди емоција со сцените кои само маргинално како да го прикажаа тој настан. Како можел да не го стави во филмот фактот што Евреите со денови биле затворени во вагоните пред да ги депортираат и како скопјаните скришум им носеле вода и храна, и им помагале? Второ, не ми се допадна „Манчевски“ стилот на вметнување на повеќе локации во една. Колаж од најубавите македонски предели сместени во едно. Навикната сум на тоа исклучиво во филмови од Манчевски и доволно е. Вака ми изгледа ко своевидно „крадење на финта“. Крајот страшно ме разочара, неосмислен. Ми изгледаше ко евтин музички спот спонзориран од некоја фирма, ви текнува? Синалко! Пијте Синалко! Јасно ми е зошто и како, ама ....ај не. Па и почетокот со поглед на „преубавиот“ плоштад во Скопје и фонтаната Глумата на главните ликови, сосема невпечатлива. Леле сеуште не можам да си ги средам впечатоците од филмот еј. Дефинитивно сум разочарана. Би пишувала уште многу ама не знам дали има сврха да анализирам до толку. Од што ми е млитав целиот филм дури ни зборови немам за да го искритикувам. Досие Скопје беше изгледа неговото најдобро достигнување. Ова другово ми е - ммех. А толку многу очекував. Дури и жал ми е од што е така. Убава идеја, но реализацијата ми се виде ко голема утка.
Искрено очекував повеќе. Од овој режисер, имаме видено и подобро. Се е одлично во филмот, но за мене улогата на Саше е утната, бидејќи сите го познаваме како комедијант на секојдневието, кој знае на лесен хумор да не изнасмее, а сега на малку потежок стил се потрудил да порабори, кој според мене не му одговара. Второ, како што сите знаеме има дејствија во Битола, и одеднаш филмското дејство се префрла во Охрид, без никакво поврзување, што малце е нелогично, и исто дијалектот на кој зборуваат, не е автентичен за тој период, туку за години подоцна. Ова се критиките, но од другата страна, мило ми е што конечно почнуваме да разработуваме филмови од секојдневието, без онаа тежина како од „Збогум на дваесетиот век “, каде треба да се потрудиш за да го свариш дејството, бидејќи, рака на срце истрипан е филмот. Значи дејството е лесно, донекаде непредвидливо, филмче за одмор. Има некоја доза на префинет хумор кој го спојуваат со ликовите. Бидејќи, како што имам кажано некаде во темите, македонска претстава и филм не бидуе без секс сцена, ајде и таа да ја искоментирам. Одлична беше сцената, мислам дека пола и повеќе од публиката одеше со срксени нозе и спуштена блуза над препон, по завршувањето на филмот И таа сцена имаше доза на пристојност, топлина во неа, целата сцена беше баш доловена . Имаше моменти кога се испалшив, некои сцени превземени од стари видеа, за германците, мачењето, склопот со музиката, дури ме фати страв и жал за луѓето од тоа време. Најсветла улога имаше дефинитивно Горјан или Скептик. Глумчиште е дечкото. Исто и Раде Шербеџија беше супер, баш ми се вклопи со улогата. Која и да била поентата на филмот, е доловена, со низа на критики кои се со право кажани, и морам да кажам, дека кога се знае дека се спрема филм за награда, вистинската поента од правње филм, се засенува од желбата за награда и успех.
Добро е мислев дека сум единствената која плачеше на овој филм но како што гледам не сум. Навистина немаше некои жални моменти, но зависи како кој си гледа на работите. За тие што отишле за да го видат и "стручно" да ја оценат глумата на глумците, па ефектите, па приказната како можела да долови повеќе вакви моменти не онакви...потешко. Не знам јас сите моменти ги доживеав длабоко Не правев анализи на стручноста на филмот, едноставно отидов да гледам филм. На почетокот се смеев, од средината некаде до крајот цело време плачев. На кои моменти? Па вака не плачам на моменти и на сцени. Едноставно се соживувам со улогите и си плачам за нивната судбина ете така чисто онака.
Незнам како можете да кажете дека филмов не е еден од најдобрите македонски филмови ? Според мене ите како стои на врвот. Предобар филм, приказна, а и глумата беше солидна.(Со тоа што Катарина е модел супер одхлуми). Сеуште сум под импресии од филмов. 10/10.
Моментот кога ги пречекуваа на железничката станица и кога почнаа да ја пеат Море сокол пие, моментот кога Шпиц со точакот влезе во стадионот после финалниот натпревар, моментите кога постигнуваа голови и ме расплакуваа и ме правеа да се чувствувам гордо. Значи според мене холокаустот на Евреите и љубовната приказна помеѓу Коста и Ребека имаат некоја споредна улога, имено фудбалот како нешто што треба да стане најважната споредна работа на светот и принципите кои се обидуваше да ги научи германско-еврејскиот тренер Шпиц се онаа нишка која го води филмот. Лојалноста сите да заминат заедно на крајот од филмот, сцената каде што Димитрија го советува Шпиц да бега во Италија и го остава да живее, неколкуте ситуации каде што никој не кажува дека Ребека е еврејка и така ја избегнува депортацијата... тоа се моментите кога те мотивираат да размислиш, да направиш избор меѓу доброто и злото, меѓу човечноста и нечовечноста... Да не натераат да станеме подобри луѓе и поинаку да им приоѓаме на работите. Овој филм е дел од нашата историја и од она што сме ние. Инаку за актерската екипа мене сите ми се допаднаа, сите ги одглумеа своите улоги. На моменти ме иритираше нашиот македонски јазик помешан со некои србизми, ама впрочем така и зборуваме ние секојдневно. Се на се филмот ми остави добар впечаток и досега е најдобар македонски филм што сум го гледала, можеби затоа што сакам реалистични филмови, со јасна и концизна содржина, со порака која можам самата да ја извлечам на крајот од истиот.
Види Хипица, многу од македонските филмови се со тешка тематика, како што веќе имам искоментирано, така што, не секој може да ги свари. А овој, беше лесен филм, се беше понудено на тацна, разбирливо, па се испозапалија дека е најдобар.
Ќе се трудам да не одам off топик, ама кога немате критериуми за добра кинематографија не давајте ригорозни коментари од типот повеќето македонски филмови кои се живи глупости. Ако не можеш да го разбереш филмот не значи дека е глупав, можеби до тебе е проблемот. Како што напомнав и во мојот пост во кој го оценувам филмот, Трето полувреме е филм за народ, затоа на поголемиот дел им се допаѓа. Добар филм според ‘‘народот‘‘ е: да има популарни актери, да се изнасмеат на пцовки, да се згазат од смеење на секоја реплика на Тони, макар и да не е смешна, добрите да ги победат лошите, да ја раскажуваат секс сцената како најбитно и централно дејство на филмот, да заплачат на крајот. Филмовите кои не ги исполнуваат горенаведените критериуми се според целната група се досадни, глупави, тешки, мрачни и сл. Уште да појаснам под целна група подразбирам маса на народ која е мнозинство во Македонија и има просечни критериуми за уметност и има одбивност према интелектуалните кругови.
Филмот ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ во Штип во Мултимедијалниот центар,на 8,9 и 10-ти во 20 часот. Влезниците се по 100 ден. Конечно Едвај чекам да го гледам