Моме си ја утнала поентата чинам. И тоа многу. Како фудбалот е главна нишка,а потоа дека овој филм е дел од некоја наша историја?! И тие србизми не се србизми,туку скопски дијалект. Ако е за тоа источна Македонија е полна со бугаризми.
Луѓе дали тоа навистина го видов. Во четврток, петок и сабота во нашиот град филмот. Јеееј. Само уште друштво да си најдам. Мноогу сум среќна...
Девојки кои се термините на емитување на филмов во кино Милениум? Зошто барав кај нив на сајтот, ама нешто не ми го отвара.
Картата купена ќе се гледа филмчево во сабота здравје, како алва одат картиве едвај најдов за во сабота, беа испродадени за во четврток и петок. Од еднаш штипјани сите културен народ Поради голема побарувачка ќе се пушта филмот и во недела, понеделни и вторник. Очекувам да уживам во филмот и да се гордеам со уште еден наш добар филм.
Филмот скрос ми се допадна. Катарина ме изненади со глумата, имаше почетнички грешки можеби (по мое нерофесионално мислење), но супер ја износе улогата. За содржината не коментирам, за да не се унесам па да пишам нешто што би му го уништило филмот на следниот гледач. Единствено имам забелешка (која се однесува на повеќето филмови од Р.М) за несмасната секс сцена и пцовките. Ама компензирав со: јазик/дијалект- топ, костимографија -супер, сценографија- топ, музика-врв. Во неколку моменти се наежив, ми се насолзија очи, иако пред да го гледам ми рекоа дека ќе сум се рокнела од плачење... ама јуначки издржав
Не може да редактирам, па вака... http://www.imdb.com/title/tt2069100/ има иницијативи за гласање на ИМДБ за филмот да добие што поголем рејтинг...
Значи филмов стварно ме воодушеви, малку Катарина ме нервираше, некако не ми се снајде баш во улогата, ама сигурна сум дека на следната ќе биде боље И од се срце навивам филмов да влезе во тие номинации за Оскар, сепак го заслужува тоа
Па како да почнам... И не ми беше Катерина толку одбивна. Очекував повеќе да ме нервира. Во главном, филмот многу ми се допадна. Само незнам дали е до мене, ама на почетокот многу се напрегав, за да слушнам што зборат. Се чувствував како некој глувтар. Не беше тивко, ама ете, не ги сфаќав секогаш што зборат. Па затоа гледав повеќе каде има превод. Имаше многу смешни моменти. Ми се допаѓа што, не беше се` сува литература. Ама и заплакав. Кога циганчето запеа „Море сокол пие“, кога Шпиц кажуваше за поклонот што го добил од татко му-топката. И на крај кога бабата ја покажа сликата... Ма да искрено, очекував малце повеќе плачење. Многу пати се наежив. Кога даваа голови, и кога пееа, ме тераше нешто и јас да пеам. Ама се исконтролирав. Само понекогаш ќе плеснев со рацете, на некој гол. Ме маваше некој патриотизам. Ама толку ме изиритира ова со фудбалот, со судиите... Незнам. Се` беше супер... Стварно многу ми се допадна. Глумците ми беа скроз океј. Немав некоја забелешка, баш напртотив. Башка што беше македонско, уште повеќе ми се допадна. Глумата на Шпиц, беше феноменална. Бидејќи јас не сум љубител на воени филмови, ради тоа што не можам да ги гледам. Цело време плачам. Овој ми се допадна, токму поради тоа. Има се` во него, војна, љубов, историја, фудбал....
Ајде бе кога ќе има торенти за филмов? Иначе на ова сајтов по рејтинзи баш разгледував водиме, отсекогаш сум викала дека на луѓето им се свиѓаат баш вакви филмови... некомплицирани, со сфатлива содржина, лесно сварливи, со грешки, а сепак предизвикуваат емоции. Тоа е зошто грешките од едно гледање тешко се приметуваат.
WOW Уште сум под импресии. Вчера бев да го гледам во кино. Значи преубаво нешто, феномелано! Се наежив 500 пати и ептен малку фалеше да се расплачам. Премногу ми се допадна филмот, а посебно приказната и глумата. Одлични беа сите. Дури и Катарина ми се допадна како глуми. Добро, малку шпанскиот акцент не и беше нешто нај, ама ајде, добро е. Mоментот кога фудбалерите се враќаа од Србија и сите запеаа "Море сокол пие", кога го дадоа првиот гол на финалниот меч, кога циганчето запеа пред да го стрелаат.. аwww . Едвај чекам да излезе торент за филмов, да можам да го симнам, па да го гледам кога сакам. Омилен ми стана!
Секако дека фудбалот е главната нишка, преку фудбалот се одвива целата приказна нели? Секој натпревар има две полувремиња, нели тоа беше главната мотивациона реплика за целиот филм, и на крајот од филмот почнаа да го живеат третото полувреме. За тоа дали е дел од нашата историја потсети се на почетокот на филот кога пишуваше ФИЛМОТ Е БАЗИРАН НА ВИСТИНСКИ НАСТАНИ. Значи тој скопски дијалект како што го нарекуваш ти и србизми како што ги нарекувам јас, се една иста работа, бидејќи северно македонското наречје како дел од македонската дијалектологија изобилува со србизми, кои што се имплементирано во него најмногу од блискоста со северниот наш сосед. Иако зборуваме за истата работа, мене лично во филмот ме иритираше тој дијалект, односно тие србизми, и бидејќи како непристарсен гледач на филмот имам право да си дадам критика за истиот без разлика дали таа е позитивна или негативна.
Не сум филмски критичар за да давам стручни мислења од повеќе аспекти, само можам да кажам од свој личен аспект дека во глобала филмот ми се допадна. Филмов е само базиран на вистинска приказна, но не е во целост вистински прикажано како било (многу посурово било од прикажаното)..сепак кој го интересира вистинската приказна може да го погледне интервјуто на Нета Коен. http://www.youtube.com/watch?v=v-A1Nu2rpS0 Многу тажна приказна, но забележете и како зборува! Тоа што на некои од вас ви пречи во филмот е автентично изразување од тоа време и скопски дијалект, пренесен во филмот. Исто така има и повеќе емисии во кои режисерот гостува и кажува детало околу случувањата со фудбалскиот клуб Македонија во тоа време, а има и сведоштва на луѓе што зборуваат како било и што се случило после.
Само што се вратив и импресионирана сум. Јас би му дала оскар, искрено. Тони ме насмеја многу пати, највече кога се врати од утакмица од Србија кога и рече на жена му „Извини шо избега, ама победимо!“. Пуштив солза кога го утепаа детето кога почна да ја пее „Море сокол пие“ и многу пати се наежив. Кога нашите ќе дадеа гол плескав пополека со рацете. Не сум многу импреионирана (како повеќето) од глумата на Катерина Ивановска, но сепак, не беше ни многу лоша. Тоа би било тоа. Значи кој не бил, обавезно да одвои време и пари ида иде да го гледа. Нема да зажали! Спојлер А, заборавив да напоменам дека одново се заљубив со Сашко Коцев
Само што се вратив од кино, и што да кажам кога се е кажано. Филмот сакав да трае вечност ! Мислев дека поголем дел од времето додека траеше филмот јас си го гледав со насмевка, од гордост што вакво нешто излегува од Македонија. Насмевки, насолзени очи и убавини. Единствено Катерина не ја бендисувам, имаме ние подобри македонски актерки кои го заслужуваат ликот на Ребека, но ајде..
Вчера го гледав филмов и ептен ми се допадна! Имаше моменти кога кожата ми се ежеше, што од реплики, што од музика, што од глума. Го препорачувам на сите кои се уште не го гледале Пред да одам во кино, читав критики, и не очекував многу од филмот. Но, се излажав. Не ги забележав грешките на КАтарина, ниту "лошата" глума на Сашко затоа што тој е театарски актер, а не филмски. Ја отворив и официјалната страна на филмот, ги погледнав клиповите со вистинската Нета Коен, и голманот од ФК Македонија, повторно се наежив. Башка и дека е македонско производство, уште толку повеќе ми се допадна. Едвај чекам да излезе торент, и да си го гледам кога сакам п.с. На моменти ми сметаа само грешките кои ги правеа додека зборуваа шпански, ама тоа професионална деформација, што да правам
Jazikot koj go zboruvaat ne e spanski, tuku se vika ladino, i e evrejsko - spanski jazik koj go zboruvale sefardskite evrei koi ziveele vo Makedonija. I bas taka zvucel, kako "rasipan" spanski i so makedonski akcent. [mod-kirilica:12cxubqu][/mod-kirilica:12cxubqu]
Гледам и други прашувале дали го има филмов на нет за да се спушти. И јас го барав ама ништо :/ Знае некој кога би можеле да го симнеме?