E koja vi e logikava so simnuvanje na filmovi? Aj, razbiram ako ne igra kaj nas vo kino, ama ene vi go filmot pred nos! Igra vo kino - sto ne go gledate vo kino? Ima li poubavo od gledanje na ubavo delo na filmsko platno? Jas bev ednas i posle ne zalev uste ednas da dadam 150 den. i po vtorpat go gledav! Za takvo uzivanje ne mi bese maka. Inaku epten mi se dopadna filmot, samo mnogu brzo mi zavrsi (pa zatoa dva pati go gledav!). :geek:
Да имаше овде кино каде ќе се прикажува филов одма ке појдев, али нема македонско кино.... дај кажете страна.... да го симнам... мн сакам да го гледам.....
Феминки дајте ми информација каде можам да го гледам филмот,во колку почнува,дали картите можам да се купат пред почетокот на филмот...?
Во кино Милениум имаше проекции на филмот, три пати дневно од 17.30, 20.00 и 22.00..ама не знам дали уште е на репертоар, не верувам..
Мислиш во Скопје, или...? Во Скопје, го даваа во кино Милениум. Картите можеа да се купат пред почетокот на филмот. Меѓутоа, веќе не го пуштаат филмот. Сега даваат некои други филмови. Ова ќе трае до 25 ноември, после тоа незнам дали пак ќе го пуштаат „Трето Полувреме“. Повели фб страната. http://www.facebook.com/pages/%D0%93%D1 ... 93?fref=ts
Одамна го гледав филмов, негде почетокот на октомври и се си викам ќе пишам, ама никако да стигнам. Па еве сега и мое мислење. Филмов е фантастичен. Ме остави без зборови. Конечно еден македонски филм што не е исполнет со безвезни работи кои ништо не можат да го научат светот. Додека пак во овој филм се раскажува за историјата на Македонија, за една македонска љубов, благодарение на која е спасен еден невин живот. Според мене филмов е еден од најдобрите досега. Како што кажав приказната многу ме трогна и мило ми е што ќе биде прикажуван и надвор од Македонија така што светот ќе може да дознае нешто повеќе за Македонија и Македонците, за тоа низ какви маки минал нашиот народ за да дојде до ова сега и повеќе да не гледаат на Македонија како спорна земја. Мислам дека филмов исто така треба да ги поттикне денешните луѓе да сфатат низ што се минале нашите предци и нашата земја, па да научат да ја почитуваат, да го почитуваат своето, а не секогаш да се угледуваат на туѓото. Видов дека на многу од вас не ви се допаѓаше глумата на Катарина, ве иритираше. Мене и не ми беше толку лоша. Да, манекенка е, нема вроден талент, а да бидеме искрени за да бидеш глумец треба да имаш некаков вроден талент, ама сепак колку-толку добро ја заврши работата. На моменти беше многу вештачка, а на моменти пак ептен соживеана со улогата. Се нервирам што вака ја форсираат, ама добро тоа е што е.За останатите глумци немам коментар, а особено Сашко Коцев. Јас човеков почнав да го почитувам како глумец и човек од јавноста по филмов. Не знам, многу ме плени неговата глума и да ви кажам ликот на Коста ептен му лежеше. Можам уште многу да пишувам, ама ајде да скратам. Се на се, филмов беше одличен и му давам оценка 100000000/10, не само затоа што е македонски филм, туку навистина е прекрасен.
На репертоарот на синеплекс во сити мол го има и Трето полувреме од 20.15, за тие што не го гледале сеуште .
Јас не ја гледам поентата многу-многу во овие надгласувања. Колку што знам, како вистински гласови се бројат само оние од редовни гласачи. Ама ајде, си немаат работа луѓето па војни водат...
Не сум голем обожавател на македонска музика и филм , но Трето полувреме многу ми се допадна. Има многу добра глума и посебно ми се допадна тоа што филмот содржи многу убавини и богатства на Македонија и многу убаво ја прикажува нејзината архитектура.
Со сето срце чекам да се појави филмот.Браво за режисерот одбрал преубава тема и гледајки го трилерот сметам дека ја презентирал сто насто во најдобро светло .Едвај чека да испадне за да го погледнам ,конечно македонски кавалитетен филм
^ How do you mean? Филмот е веќе одамна во кината, и мислам дека трејлер си гледала за филмов - не трилер
Инаку филмот за време на Синедејс (така ми кажа) не се давал, започна од вчера да се дава пак и мора, ама мора, штом земам плата да купам карти
И јас на почетокот бев скептик во врска со филмот но откако го изгледав прилично се изненадив не го очекував тоа така да според мене филмот е супер
Убав беше филмот нели како Македонски, ама глумицата 2/3 збора кажа и неубаво ги кажа воопшто не знаеше да збора единствено тоа не ме бендиса друго се беше ок.