Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето полувреме (2011)

Дискусија во 'Филмови' започната од ocila, 23 септември 2012.

  1. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    161
    Сите што не сте го гледале филмот трк да го гледате! :D Ненормално убав и трогателен.. Обично не гледам македонски филмови, но овој.. дефинитивно го разбуди патриотското чувство во мене и направи да согледам колку богата, а сепак тешка историја имал нашиот народ и земја и што е уште поважно, филмов направи сето тоа уште повеќе да го ценам и почитувам и да си ја сакам земјава наша... :inlove:
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е што сега го тргнаа од youtube?
    кај да го најдам да го изгледа мм?
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    5.953
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Еве го да го симнеш
    Tрето полувреме
    Мој коментар:
    Филмот е прекрасен! Чудно е вака да е добар некој македонски филм, обично сите се со деракање, пцуење, секс сцени и слично. Овој е 10ка! Три пати го гледав до сега, и верувам уште ќе го гледам, сериозно еден од поомилените ми е :)
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Зошто го исклучија филмон на ЈУтјуб??? :fubar: :( :(
     
  5. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Незнам каков е, ама баш решив денес да го гледам. :)
    Па ќе видам дали ќе ми се допадне.
     
  6. inna89

    inna89 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
  7. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Малку каснам јас со гледањето на филмов...
    Случајно го најдов онлајн, само што го догледав. Светско, а наше! Големо браво! :)
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Дали знаете каде можам да го купам цедето со филмот Трето полувреме , во кината го нема на репертоар, а и цд ми треба за подарок ми е?
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Општи прашања


    Вчера видов на тезгата пред Гтц од страната на Тц.Соравиа тој што продава филмови го имаше на ачик ставено Трето полувреме прашај си само каква снимка е!
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Општи прашања

    Јас го имам извадено филмот преку торент, можам да ти го изрежам на цд, тоа би било... 200 денари негде за тебе. :D Боље зимај преку мене отколку оригинал да плаќаш 1000 ден. :P
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Хаха одлично дечко, ќе те контактирам преку лп. Фала ти Мама25 на информација :)
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кога ќе размислам подобро, филмов личи на копија на филмот „Монтевидео“.
    А и уште една забелешка: на прво гледање делува уау, нешто најдобро, не се ни приметуваат мааните, ама затоа веќе на следното гледање одма се приметуваат. Најголема забелешка е што филмов нема некоја тежина, како типично македонските филмови што имаат, туку е некако површен... кажав, на прво гледање остава посебен впечаток, ама после тоа многу подобро се согледуваат работите.
    А најдобар е во поглед на ефектите и снимката, сцена, костими... знаете на што мислам, современо снимен колку и да се случува дејството во минатото.
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кукав дека нема да го гледам ама некој фин и љубезен опнал торент па го изгледав викендов.

    Сашко беше одличен според мене, се држи до она што сите го знаеме како Сашко Коцев ама и се снаоѓа во улогата. Од мене за него само пофалби. До душа целата актерска екипа беше одлична освен Катарина Ивановска :!: . Девојкава не е за актерка па каква сака нога и цицка нека има. Никава хемија немаше ниту со Сашко, ниту пак со Шербеџија. Изгледаше како воопшто и да не се труди, најдобра сцена и беше онаа во Охридско каде се пронајде.

    Ми изгледаше како да сакаат да прикажат премногу работи во филмот ама се беше површно. И фудбалот, и љубовнава приказна и делот со Евреите. Да бидеме искрени, со нашето искуство од филмски аспект можеше и подобро, ама еве и ова поминува. Имаше низа смешки кои само Балканци би ги сфатиле и сценографијата беше доста автентична, Македонија беше прикажана во одлично светло.

    Само еден дел ми остана нејасен. Дејствово се одвива во Скопје или Битола?? Имаше многу сцени од Битола, а упорно го спомнуваат Скопје. Јас сум се измешала со градовите или... :^)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Кога го најавуваа, претпоставував според глумците дека ќе е нешто супер филмче.
    Потоа слушав само позитивни коментари.....и денес конечно го гледав, па овој филм ги надмина моите очекувања. :clap: :clap: :clap: Просто немам зборови со кои би го искажала задоволството и позитивното мислење.
    Не,навистина немам зборови, сеуште сум :) :x :)
    Па за некој ден ќе пишам мислење поопширно.
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Конечно и јас да го изгледам :).
    И ми се допадна, генерално. Мислам дека нас најмногу не погодува тоа што филмот е за тоа колку нашиот народ бил угнетуван во втората светска војна и преовладуваат емоциите и патриотизмот, нормално. Барем јас повеќе пати се наежив, и заплакав на некои сцени.

    Но да е филмот за нечија туѓа историја веднаш се приметува дека темите, и љубовта, и фудбалот не се некако подлабоко обработени, мислам предвидлив е филмот. Но како што кажав тоа што е наше, не тера да се соживуваме повеќе со приказната. Јас најмногу се растажив на крајот, веќе не можев да ги сопрам солзите. Се наежив и на сцените кога се навиваше, пееше, победите. Најак момент кога го покажа средниот прст кога требаше да дадат нацистички поздрав. И овде е прикажано колку е фудбалот повеќе од игра, и низ историјата.

    Љубовната приказна е горе-доле добра. Сашко мене ми беше баш добар во глумата, не знам зошто толку критики на негово име. Катерина искрено не ми толку засмета, не знае да глуми - ФАКТ, ама не ми беше толку непријатна за гледање. Особено како што кажаа понапред на сцената каде што чисти, стварно наликува на еврејка. Можеле да ја дадат улогата на вистинска актерка ама ете, како модел според мене си ја заврши пристојно работата. Не знам зошто толку галама за градите :lol:. Дека е убава и згодна сите знаеме.

    Шпиц најдобар беше, одличен глумец, баш како прав тренер. Глуми кратка сцена и во Inglorious Basterds гледам назад сте спомнале. Ама секоја чест, стварно :clap:.

    Другите беа добри, се на се. Ми се допаѓа како беа повеќето улоги одиграни, а и локациите на снимањето. Можеби тоа му дава посебен печат на филмот. Мене не ми смета што се збореше на повеќе јазици, сепак тоа беше неминовно. Едино шпанскиот звучеше крајно лигаво и неприродно, е сега читам дека таков вид на шпански што зборувале евреите во тоа време така требало и да звучи. Не знам за тоа, ама мене не ми се допадна.

    И на крај не знам зошто бугарите се бунеа против филмот кога тоа се е чиста вистина. Биле од страната на оската, биле сурови и се што е прикажано во филмот. Исто како германците да се бунат што се прикажувани како нацисти :lol:. Од историјата не се бега.

    Мене ова за македонски филм ми беше солидно.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    За разлика од соба со пијано, филмчево е ТОП!! Супер :)
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Само знам дека на крајот од филмот не можев да се сопрам од плачење. Среќа бев поназад седната во киното, па не направив сцена.
    Одличен филм, мене многу ме допре. Особено кога знам дека мои предци биле таму и го почувствувале тоа.

    А тоа дека глумата на Катарина не била добра, па не е. Не знам зошто некој од модел би очекувал солидна глума, ма каква било глума. Можам да замислам неколку други актерки кои би ја извеле таа улога профи. Ама нема што понатаму тука да се дискутира, сепак се работи за добар филм.
     
  18. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    филмов го имам гледано два пати, ама да ве прашам нешто. Не сфатив што се случи на крајот, дали ребека остана со коста(мислам беше) или си замина?? Ај кажете ми така поопширно, фала
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Откако Димитија се самоуби и Шпиц избега, тој Бугаринот дојде кај нашите и им рече да играат пријателска игра со некои (не запамтив кои) и притоа намерно да изгубат. Тони Михајловски го праша како тоа мисли намерно да изгубат. Тој рече: Е па така, што ќе ве победат.
    Потоа Бугаринот си замина, Сашко Коцев им соопшти дека му се родила ќерка. И дека не му е важно ништо друго во животот, освен таа да живее.
    Кога дојде редот да се игра пријателската игра, Бугаринот дозна дека нашите избегале. Така и заврши, сите заедно избегаа, а со нив живи и здрави и Сашко Коцев, Катерина и нивната ќерка. :)
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Дали оти премногу очекував од филмов,не ме воодушеви воопшто.Го гледав двапати,кога испадна и некна на МТВ,за подобро да го изанализирам :lol: .Приказната содржински многу ми се допаѓа,ама не е погоден начинот на кој е прикажана.Крути ми беа глумците,необработени,а за Катерина не коментирам,не е глумица и е голема утка за филмот.
    Мислам дека можеле многу подобро да го склопат,не е лош,ама има други македонски филмови што повеќе ми се допаѓаат.7/10