Одличен е филмот, го гледав повеќе пати и многу ми се допадна. Единствено Катарина ме разочара, но за разлика Сашко беше одличен . За тие кои немаа можност да го гледаат во средата, понеделник во 21:05 повторно го даваат на МРТ.
Мене навистина ми беше супер филмов ,а почетокот кога се во Холокаустот со внуката (мислам таа беше) тој дел е наистина убав и она е убаво кога тренерот ги тераше да чистат xD
Го гледав уште во кино кога го даваа и сеа пак,и пак со интерес го гледав! Мене приказнава стварно ме фасцинира,темата е одлична,глумците исто така... Добро кај Кејт се гледа неискуството за глума но со оглед на тоа што и е прв филм мислам дека се снајде! Како физикус премногу одговараше на улогата! Се на се ме бендиса!
Па филмов има некоја приказна и е добар, ама имам неколку замерки, имаше ситуации кога фудбалерите зборуваат при вежбање и дали од што е тивко дали дека вежбаат и зборуваат во исто време, ама не се слушаа доволно и не се разбираа. А за Катерина немам зборови, вистински антиталент за глума, не само што гласот и е како зарибана плоча, ама девојкава воопшто не ја бива за глума. Нека оди таму нека позира, нека ја сликаат а не да се пика и кај што нема талент. Па и не се совпаѓаше во целата слика со приказната.
Го гледав во кино,уште кога беше тазе. Убав.Добро одбрани глумци,на чело со Сашко и Тони Михајловски.Хумор во некои моменти. Само не ми се допаѓа што сите наши филмови(зборувам од поновите)мора да бидат со голи сцени,пцуење,и без воопшто внимавање на речникот.Многу ја огрдува целата приказна.Тоа ми е најголемата замерка. За Катерина,делам исто мислење со повеќето од вас.Вештачка и неискусна.Нека си се фрцка по модни писти и нека не експериментира во нешто што покажа дека слабо и оди.
Сега го гледав, преубав филм, да не ти се верува дека е Македонски Шала на страна, навистина филмот е прекрасен, има многу убава приказна
Вчера го гледав по 2 или 3 пат. Приказната и сценариото се одлично смислени. Премногу ми се допадна, само пофални зборови за филмот, немам некои посебни замерки.
filmot e prekrasen go gledav vo kino nio i na mtv koga go davaa znaci filmot e napraven na visoko nivo za razlika od drugite makedonski filmovi
Сакам пак да го гледам филмов ама никаде да го најдам. Се утепав барајќи и пак нема ништо Има ли некој начин да го гледам онлајн ?
http://www.firedrive.com/file/51137659190F70D4 Најпрво кликни на continue, па после не кликај ни на Play now in HD, ни на download now туку кликни на филмот на знакчето за play и ќе ти се пушти
Воопшто не ми се допадна филмот, националистичка патетика и политички мотивирана манипулација, али кога очекуваа номинација за Оскар, се згазив од смеење Евреите го држеле Холивуд, ќе им поможеле хахаах глупости.