Мешко и јас сум со болки ниско долу постојано да не речам, некогаш и накај задниот дел, особено при станување, наведнување,подолго седење и лежење... Грчеви ненормални во текот на ноќта,колковите не си ги осеќам навечер и маки дури да се свртам на друга страна и да заспијам... Веројатно е нормално, викаат се местел бебуш полека, а термин ми е 11.06 и како се наближува така се повеќе паника ме фаќа
И јас ги имам истите болки кај срамната коска, особено после лежење неможам да станам од болки. Се консултирав со гинекологот ми рече дека е нормално дека се шири организмот. Инаку мене многу рано ми почнаја болките сега сум 29 недела, а веќе три недели ги имам болките.
Вчера баш бев на преглед, ми рекоа дека бебето со главчето надолу било наместено. Си велам од притисокот да не е тоа чувство.. А за колковите, карлицата, тоа е тоа. Се шират и боли. Сабајле пола час ми треба да се раздвижам, како багер да ме прегазил, се боли.
Баш денес брв на доктор и го пташав ми рече ако не мириса и ако не ме чеша не е ништо, подобро консултирај се со доктор
Девојки кога ви зедоа брисеви по втор пат? Во која недела? Мене матичниот ми рече на следен преглед да одам помеѓу 15-20 мај па со едно одење да ми земи и брисеви. Тогаш ќе бидам 32 недела.
36нед мене, ама ги направивме 4рите-вагинален,на грло, листерија и стрептокока.. Имам страшни киселини.. Ми гори желудникот.. Рупурут смеам? Тоа имам дома... Или мора гастрогард... ох...
Мислам дека смееш од аптека ми го препорачаа рапарут но гинекологот ми препиша гастрогард па јас тоа земав.
A da proveris urinokultura da ne imas eserihija koli.... A za zlezdata nezz ... vidi na gin sto kje ti kazat
Nema nisto, tri pati veke urinokultura pravime, se e cisto. Eve denes se odmivam so voda so betadin rastvor, i kako se da mi se smiri. Pa sto e, pojma nemam.
На цтг кога почнавте да одите? Вчера на контрола матичната ми рече нема знаци на старост на постелката, а малку е намалена плодовата вода... А за цтг не ми спомна ништо... 37+4 денес сум
Јас прв пат бев во 36та недела ама на мое барање. Матичниот ми рече дека е рано ама јас сакав да бидам сигурна и колку што имам читано со цтг се почнува почеток на 9ти месец ама ете ако нема некоја индикација не праќаат. Се беше во ред и ми рекоа да одам пак за две недели па пак на денот на терминот ако не се породам до тогаш. А по надминување цела 41ва недела се оди секој втор ден, а во 42ва секој ден.
Мене прв пат уринокултура и брисеви во прво тромесечие и сега по втор пат во трето тромесечие, влезена во 8ми месец ( според мои калкулации ), и мислам дека ако се е во ред,овие ќе бидат и последни!
Од 8ми месец ама точно која недела не памтам За првото прв пат во 39 недела бев... Еднаш и тоа.. После на терминот се породив.. Ама ова со плодовава вода ме замисли сега..тогаш ништо такво ми немаа спомнато.. Нормално е да е намалена?? Понеделник ќе одам.. Тогаш ќе сум здравје боже 38+3 Мислам грешно си ме цитирала. На его се гледа плодовата, ако не ти спомнале најверојатно е ок. Инаку не е страшно и е ок. Ако премногу се намали се оди со пораѓање
Да мила, велам тогаш за првово не ми спомнаа плодова вода, и релаксирано на цтг прв пат во 39та..а сега само ми рекоа намалена плодова вода, ама постелката нема знаци на старост... И за цтг ништо...
По правило цтг се почнува во 9ти месец, но ете мене од 8ми иакп немаше потреба. Тогаш одев еднаш неделно, а во 9ти два пати неделно ехо и цтг и 38 +2 се породив
Ви се случува ли откако ќе јадете малку повеќе, стомакот да ви биде стврднат и затегнат ? Имам читано дека тврд стомак се вид на контракции и страв ме фати.За два дена влегуваме тек во 30та недела.