Стврднувањето е нормално, тоа се тие лажни контракции или брекстон хикс на странски Болки менструални се вистинските контракции. Појди на доктор за преглед и консултација, можеби ќе зголеми доза на магнезиум. Вози додека се осеќаш способна. Јас возев до ден пред да се породам. Ми зафркаваа дека сама ќе сум се одвозела до болница
И јас активно си возам, без кола се чувствувам како врзана, сеуште се чувствувам способна и да возам и да ги извршувам обврските. Денес влегов во 30 недела и уште не ми се верува дека за најкасно 10 недели ќе се гушкаме со синко. Како вчера да бев 5 недели кога дознав, лета времево. Во право биле сите кога викаа дека бременоста е најубав период во животот
Ќе видиме, нешто многу ми зачестија контракциите и болките, се молам да издржам барем уште една недела
Јас 38+2 денес.. Бев на контрола, ама абер нема за излегување синко дури беше запнат порано да излегува, сега му се заубави .. И јас се молаев бар до 36 да стигниме.. Дури и матичната се чуди сега... Ама да не останев на одмор, боледување комбинирано со утрогестан , сигурно ќе се беше порано..одморот и лежењето си го прават своето... прв пат ми направија цтг, само ми рече во ред е, за неколку дена на контрола.. Болки сем во крстив други сега немам П. С. Дури сме ксј возењето... Сабалје сама си појдов со колата... Мм мораше да го чува другото синче Гледај во хоризонтала повеќе, лежи си.. Дури и домашните работи на минимум.. Усисување со правосмукалка ти не.. Тоа најмногу ги активира абдоменачните мускули.. Опушти се скроз.. Нека тр разгали мм малку
Секој ден, по цел ден/ноќ. Некогаш и од сон ме будат. Веќе баталив не ги ни мерам, ни колку траат ни на колку време се јавуваат. Кога ќе дојдат вистинските ќе знам пошто нема воопшто да престанат и ќе болат многу повеќе. Синоќа пиев и пола спазмекс, нормално со дозвола на гинекологот. Сега сум 36+1. Веќе две недели сум на строго мирување и освен на прегледи не одам никаде. Станување само за во тоалет и за јадење, ќе замијам по некој сад и толку. Одамна не знам што е тоа правосмукалка, користам прилика максимално Среќа што ми е прво дете па имам можност максимално во хоризонтала. Баш прашав последниот пат дали може откако ќе наполнам полни 36 недели да се раздвижувам ама ништо, рекоа уште 10тина дена мирување, стоење долго време не, скали никако. Ај може и кај мене ќе испадне како кај тебе, и јас така комбинирав одмор, па порано породилно, утрогестани... Може после нема да можеме да се намолиме да излезе
Браво мила.. Тка да си тераш... Дај боже..сега кога си исполнила 36,гледај да сд исполни 37 и веќе полна 38е топппп.. првото мене ми е на термин 40+0,спонтано природно.. Ама ова убаво ми ја побели косата... го чекам само да се роди.. Има тоа газето да му го ручкам, касамммм секој денн
Едвај го чекам да излезе , ама ќе се стрпам, знам дека е подобро што повеќе да поседи и да си се роди кога ќе му е време. Јас што сѐ не поминав од 6ти наваму, само сѐ да се заврши добро со ова човече, за второ ќе подразмислам убаво
Да, веќе се смета ок...но секој ден поминат во мешето е поубаво за беблакот.. Зошто овие недели става најмногу на килажа.. Се му е развиено, ама поубаво е колку што може да се издржи.. Матичната ми велеше за второво - 36 нед ни е целта и е ок, 37,одлично, 38 супер
И јас така мислев, но секое бебе родено пред 37ма недела го водат како предвремено родено. Тежината игра голема улога, моето на последен преглед беше 2400 и нешто, докторот рече дека треба да е барем над 2500г за да биде се ОК Јас давам максимум што е до мене, се надевам ќе се стрпи уште малку за да се гушнеме
Немој да се секираш лежи одмарај гледај филмчиња слушај си го телото. 37 ма ама мислат на 36+ ти си душо 37ма немој да ср оптеретуваш колку помалку мислиш толку е подобро. Опушти си се со чајче времево е милина и бебенцето ќе озлезе кога че си биде спремно си знае тоа
нема потреба да се паничиш и косиш секој док разл ни кажува не побркува кај мене од 30-33 а води ко поситна слабо качува шо ти знам гл ми збореше демек викаше да успеиме да а дотераме да стигни до 2500 барем ако можиме ме косеше скрос тогаш па еве 38 недела сме баш добро си оде со тежина и 3000 надминуваме мн пати и грешка им се мерките кај мн се случило им кажува една се раѓа сосем петта тежина .. иии немора да се оптеретуваш со тоа дека 37 мора да си за ок бебе и 36 ќе е ок сите разл кажуваат тоа веќе е спремно само како идат неделите се дополнува дорастува зајакнува аа и денес со технологијава апаратура и во 8ми има што се пораѓаат па живи здрави па и какп тоа те паниче да се косиш дека 2500 мора за да биде ок глупости само има бебчиња и 2кг родени се супер нормал живи здрави колку е поголемо подобро ама одма се надолнадува све по пораѓај уште во болница .. без грижи опушти си се мирувај сега најпоеќе треба релакс и јас сум слично и болки ситни имам морам да се припазувам од старт ама еве истераме до крај сме што се вика цтг све добро си покажува све ќе биди ок уште малце и ќе си ги гушкаме бебушки слатки можи да не изненадат во секое време
Немој да се грижиш мојата мала сестра е родена 1 кг и 900 грама па фала богу се беше во ред. Ја породија мајка ми со царски само што влезе во 9 ти месец. Па еве ја сестра ми сега најпргава најзборлива од сите. Со лесно да ти биде. Туку јас ќе ви се приклучам во оваа тема од другата недела Мислам со 27 недела се влегува во 7 ми месец и трето тромесечие
Ви благодарам на сите на поддршката и смирувачките коментари @orhideea со нетрпение те чекаме да ни се придружиш во трет триместер
Имам страшни киселини... Значи ми изгоре душава... Есно рупурут зедов денес... Али ова не се издржува.. нешто пд страна на храна да неутрализира? Имате искуство?
Мене ми помага ладно млеко од фрижидер пред легнување 3 чаши ама без шеќер. Ама јас сум 26 недела ти си 38 незнам дали ќе ти помогни но сепак пробај. Јас од кога почнав така немам никакви киселини.