36+0 по мое 37+0 по на докторот, не пишувам во термини Од кога осеќаш болки кај опашката? Треба ли да одам на доктор?
Според мене, ќе знаеш сама кога ќе биде за на доктор, односно кога стварно ќе боли. Болките во опашката ги имав прилично долго, со месеци, не би се водела по нив. Кога ќе почнат болките ќе ги препознаеш бидејќи ќе бидат поинакви, најчесто како менструални но со појак интензитет. Ќе се намалува растојанието помеѓу нив во рамномерни интервали. На 30, на 20, на 15, на 10 минути , па на 5, на 3... Како ќе се намалува растојанието така ќе се зголемува интензитетот. Нема да ги промашиш. Болките кај аналниот дел, ги имав кога бев целосно отворена, 10 прста, кога дете се спремаше да испаѓа. Но до тогаш ќе имаш време.
Не мислам искрено дека треба да одиш на доктор, стварно мислам дека е нормално.. Ќе ги сетиш верувај болките кога треба да појдеш во болница опуштено само.. Подобро е вака етапно да се случува се, него нагло наеднаш.. Инаку болкоте во крстот ми почнаа некаде од 35-36недела..и еве до сега тера.. Кога ќе додјат контракции, ќњ почувствуваш нешто налик менструални болки со малку поголем интензитет.. Времето ќе се намалува.. Мене многу минпомогна тогаш топла када со туш насочен кон лумбален дел.. (тоа самиот доктор ми го рече).. На болница кога појдов веќе сум била 10прсти отворена.. Се качив на бокс и сњ породив.. Ни 1час вкупно не бев во болница
Искрено, утрото бев на контрола и ми рекоа, почнато е, дојди после 14-15h...и јас тоа си чекав.. Ам природата убрза, и јаа веќе во 11.30 имав на 2мин болки.. Што придонесе искрено не знам... Секое тело различно.. Дај боже и кај сите така и се надевам и ова така да биде.. Првото го родив на терминот, 40+0..сега сум 38+4.
На сите им посакувам така со лесно.. Па и јас.. Само Господ да става рака и да не чува сите..да си ги гушкаме нсјмилите Ќе се пораѓам во Државната болница ви мојот град..
Мешковци вчера брв на контрола и ми рекоа дека постилката ми била втор степен на здрелост на заден ѕид, и дека бебчето ми е карлично со главата на горе ако не се свртело за 3 недели морало царски. иначе вчера бев според гн 30+4 а според ехо 32+4. Ова со постилкава ме исплаши малку, а не знам ни што значи. Докторот ми рече само дека ќе сум се породела за 1 месец, а мене некако рано ми изгледа. Некоја од вас да не има слично искуство?
Јас се разбудив исто со суво грло.. И многу ме гребе.. Едвај голтав. Си направив млеко со препечен шеќер и путер.. Одма малку ми попушти..
Malku zafrknato e sega, zestini me fakaat i bosa odam, i vednas grlo me faka. Ke probam so tvojot recept, sum go piela,vkusno e i efikasno. Da ne odam odma po doktori i hemija.
И јас така изгледа.. Не се ни сеќавам кога настинав.. А и времево надвор.. Во час се менува.. Ќе се испотиш, ќе се здрвиш и колку треба.. Јас му додавам капка две екстракт од ванила.. Инаку тешко да го голтнам... А многу е делотворно.. И немаш зијан и два три пати во ден да се напијаме
Пишав и во труднички ајде и тука . И мене ме болеше грло и одложував да земам лекови 6 дена. Претходната ноќ ме фатија страшни болки во грлото и увото. Крајниците страшно потечени и морам да пиам антибиотици. Денеска по 3то испиено апче одма подобро. Се мислам уште ден два да земам и да ги прекинам, но страв ми е да не се повтори пак. Може попаметно е цела доза, но пусто ич не сакам да внесувам хемии.
Цела доза обавезно.. Најлошо е да прекинеш.. Нема да штети ако попиеш наместо 5,7дена пример.. И јас имам пиено антибиотик за грло.. Амоксиклав.. Толку многу кашлав, што со сромачниѕе мускучи си го туркав плодот надолу и дополнително проблњм си направив да морам и една недела да земам боледување да полежам.. После 12-13недела, органогенезата е завршена, нема штета од секако препишани од гинеколог антибиотоци.
До мене е или ова времево ќе ме убие... Станувам за во тоалет, се ниркам наваму натаму.. Мерам притисок 90/50... каснав неколку маслинки.. Сега и нескафе ќе си направам.. Ова не е нормално.. Сабајле 25 степени.. Сега тешко како за врнежи... аман...