Ме настрвивте со сладоледот , го пратив мм да ми купи , го донесе и цела кутија си ја изедов . Сега се осеќам како прасе .
Моме е и психички ... Јас бев пред 2 недели на ЦТГ и од ѕогаш го осеќам пониско и више муслам дрка се трипам. У вторник ќе одам ќе видиме што ќе каже ДР. Инаку цел викенд ме фатило лудило чистам перам пеглам....
Хахаха и јас исто.. Си ги средуваме "гнездата". Така велат, кога предосеќаат мајките, како кај птиците.. . И тоа пуштам половинки машини за да исперам се, демек да не оставам алишта за перење ... Мм ми вика луда си.. И само усисувам, бришам прашина, мијам садови одма.. Леле викам ако ме фатат болки да ми биди средено и како некој командант.. Давам наредби.. Со поголемково дете што да прави, кај да оди, што да му дава да јаде... Го избудалив.. кутриот вели аман породи се, веќе не можам да ти ги трпам"хормониве"
Хахааааа И јас читав дека тоа е еден знак на пораѓање.. ама сега уште поголема паника ме фаќа дали че стигнам
Мамички, дали некоја користела сируп Феро Ц бебешки? Каде може да го купам? Барав во Зегин и ДМ, нема. Ми остана да проверам во Биоорганика во City mall. Докторот ми рече да го пијам, железото ми е добро, ама хемоглобинот ми е под граница.
Да, и јас го најдов ова, пишува каде да се купи, ама во Зегин и ДМ го нема, ќе побарам во Биооорганика.
Фала Докторот ми го препорача заради хемоглобинот, инаку до сега пиев сируп Фероглобин. Што пиете вие за железото и хемоглобинот? Железото ми е во ред, хемоглобинот ми е под граница, докторот ми рече мора да се внимава, заради крварењето после пораѓај. Ми препорача да јадам и повеќе месо, а мене тешко ми оди, не сакам месо.
Пијм фероглобин капсули. Јадам премногу месо, порано не сум била воопшто љубител, но сега дека иман гестациски диабет морам само тој ме најадува Прави си салата од свеж спанаќ јаа го мешам со печени лешници и лимон.. преубаво ми е. Цтно чоколадо јадам многу и какао. Од прилика тоа
Јас исто така ги пијам фероглобин капсулите и сум презадоволна. Затоа што цел живот сум анемична претходно добро искуство имам со мед и мелено семе од коприва, сега не го земам тоа, само капсулите.
На мене фероглобинот ми направија огромен проблем со столицата и сега не сакам да слушнам за нив.Баш денеска докторката пак сакаше да ми ги даде дека на границата ми е хемоглобинот ама се договоривме за флорадикс сируп.Ама ќе продолжам и со семето од коприва.Всушност се мислам дали да пробам два пати дневно со семето прво па ако нема ефект тогаш да го земам сирупот. Инаку албумини и протеини ми се на граница.Рече морам многу месо,риба,јајца... дека веќе во поголемите месеци организмот трошел повеќе. Имала ли некоја исто ваква слика со албумини и протеини? Помагаат ли месо риба и сл.
Мешиња си поминуваат деновите од последното тромесечие. Почнавте со припреми за бебенцињата, со купување, со перење, чистење? Мене се некако рано ми изгледа а веќе 33+3 сум. Многу ме фаќа страв како ќе биде породувањето, дали ќе биде добро бебето, и уште еден куп други мисли.
Ќе те фати природно лудилото за расчистувањр викаат дека интуитивно кога ќе се ближи крајот.еве ме не сега во 37-38 нрдрла