@V.odolija јас одкако знам за себе сум анемична. Што се немам пробано, сега во бременост ми се кажи железото со Прегназон. Има најголема концентрација од витаминиве за трудници. Скапичок е ама во него имаш се плус омега. Значи не треба дополнително да купуваш железо плус омега. Флорадикс мене ми остана така не допиен, и од него имав ужасна столица. На природна база е ама ич не ми пријаше. Пробај со семе од коприва во него мед и лимон. Со лесно до крајот
Мене докторот ми ги препиша хеферол капсулите ,ги пијам веќе два месеци и задоволна сум имаат добар ефект, ми го качија и железето и хемоглобинот и не ми прават никакви маки .
Здраво мешиња јас од денес ја почнувам 27 недела и трето тромесечие, многу се радувам се ближи времето кога ќе си го видам синко И јас имам страв од пораѓањето ама не од болки туку дали ќе биде се во ред со бебето и со мене ете такви мисли понекогаш ми се вртат во глава. До сега имав лесна бременост, на почетокот немав гадења и мачнини исто како да не бев бремена, мешето од 5 месец некаде почна да ми се познава повеќе, ама и сега не ми е многу големо, до сега имам 6-7 кг плус, некогаш имам болки во колкови и бутови ама издржливо е. Притисок стално мерам, некогаш ми е повисок. Си имам и киселини особено навечер, некогаш ми помага ладно млеко без шеќер ама сношти не ми помогна не можев до 4 да си легнам, ќе видам денес како ќе биде. Гушки до сите вас
Фала ти @Mama25 , баш утре ќе ја прашам матичната за прегназон.А инаку од семето немам некое покачување ама важно не се ни спушта хемоглобинот, барем го одржува.Но сега во поголемите месеци веројатно си треба поголем внес заради тоа што бебушка повеќе и си зема.
Дали некоја од вас имала болки при мокрење. Не болки како да те пече да ти лути додека мокриш, туку како некој притисок кај бешиката како тапа болка. Пр. Како да стегаш подолго време да држиш да не одиш во вц па потоа кога ќе одиш од стегање кога ќе се пуштат мускули нели се осеќа како болка. Се надевам добро објаснив
Ми се случува и мене некогаш, напиј се чај од брусница или пролом вода, ако нема некоја инфекција ова ќе ти помогне
Морам и јас да се надоврзам за Прегназонот. Ги пијам од 4ти месец (првите 3 само фолна киселина пиев) и не сум имала воопшто проблем ниту со железо ниту со хемоглобин. Малку ми се симна хемоглобинот кога примав Клексан, ама тоа е нормална нус појава. Јас ги земам од Виола 880 ден, а со оглед на тоа дека се пијат едно на ден ми траат 2 месеци (60 таблети се). Пак се каде-каде поевтини од останатите витамини за трудници кои гледам дека доста ги форсираат, а мојот организам супер ги поднесува еве цела бременост. Планирам и понатаму да ги пијам, додека дојам.
Gledam za zelezo se zboruva, dodeka bev bremena jadev med, taan, orevi I seme od kopriva se toa zaedno izmesano I nemav potreba od nikakov hemiski preparat za zelezo.
Денеска го купив сирупот Феро Ц, го најдов во Биоорганика, па ќе видам како ќе биде. Инаку јадам и мед со семе од коприва со мелени лешници и бадеми, јадам леќа, спанаќ, какао итн, ама хемоглобинот ми е под граница подолго време. Инаку пијам и Премама.
Јас искрено еве 30недела сум никакви витамини не сум земала и матичната и докторот од систина ми рекоа да не зимам дополнително витамини ако си јадам се ,така да освен фолната првите 12 недели и сега хеферолот земам магнезиум 400мг на алкалоид што е и да не се подречам немам проблеми до сега
Мене дополнително докторот ми препорача капсули Брусницин, на природна база. Ги најдов одвај во еурофарм, не се сеќавам на цена ама не беа ефтини нешто ама имаше многу капсули внатре. Тие и мнооогу вода ми помогнаа за блага уринарна инфекција
Мешиња, денес 39+3,цтг мирно... Прв вагинален преглед.. И за чудо не беше многу непријатно.. Дсли беше и понежна докторката, не знам рече само наод уреден.. Велам, грлото омекнато е, има некои знаци... Само ми се насмевна и ми рече се е супер за два дена нс контрола.. Чувствувам малку дека е спуштено бебево.. Ама други симптоми немам.. Едвај чекам да се гушнеме со бебчо
Јас денес 37+2, исто прв вагинален преглед, ама не можам да кажам дека докторката беше нежна, мислам дека сите ѕвезди ги избројав колку и да се трудев да бидам опуштена. ЦТГ беше уредно, за недела дена на контрола. Стомакот ми се спушти последните два дена. Симптоми си осеќам, скоро сѐ ми кажува дека бебево се спрема да искача па се надевам нема да тера до крај
Со лесно на сите па и на нас и со убави породилни приказни.. Уште малку остана.. Штом толку издржавме, сега се гледа гледа крајот.. Ќе се гушкаме здравје боже со бебушите
Многу помина малку остана И јас денес на ЦТГ ама не ми правеа вагинален преглед рано ми е ваљда 36+6 по мене по последна менструација 37+6
Ако, гали си го и зборувај.. Кога ќе треба ќе се спушти, ќе излезе.. Право чудо е на што е спремно нашето тело..ќе видите со мм какво совршенство сте створиле