Доколку се пораѓаш во Систина, цтг-то не го наплаќаат, т.е. оставаш капар 100евра мислам и тоа ти спаѓа тука. А ако не се пораѓаш таму, не знам колку е. А во државна со упат е бесплатно. Ако не е така, нека ме поправи некој
Ај да прашам овде во труднички не ми одговорија. Во петокот бев на ехо, и докторот ме прегледа со рака вагинално, среќа беше нежен па не осети ништо, ама тогаш бев 27+5 зарем не е рано??? И ми рече дека бебето е со главчето надолу, ама јас не го осеќам горе накај желудник, го осеќам странично во слабини и под папок што значи уште се врти, можеби така беше наместено на прегледот, не знам
Јас мислам дека е рано... јас сум 37+4 по мое а гестациски 38+4 никој не ме прегледал сеуште вагинално, но сигурно имало причина...
Не кажа дека има причина, кога ме догледа со ехото рече се е во ред, сега вагинално и јас мислев ќе ми прави вагинално ехо тој со рака и рече супер е се, мислев рано е.
Не верувам рече се е супер Никогаш не ми рекол да мирувам или да се пазам од нешто. Ама па си мислам можи овде е различно од МК порано проверуваат.
Како што кажа @Butterfly87 може било со причина. Еве мене претходната недела 37+2 ме прегледаа вагинално, не очекував и се изненадив. Груба беше докторката. Јас лежев поради скратен цервикс одреден период па може затоа, да видат да не сум почнала да се отворам, ама досега стално само со сонда ме гледаа, никако рачен преглед. Еве кажуваш дека не си во МК, така да штом кажале дека сѐ е ОК биди си мирна. И мене ме интересира колку пати се прави, јас кога и да отидам ми викаат дојди на контрола за 10тина дена. Нели по правило штом влезеш во 9ти месец треба барем еднаш неделно на ЦТГ?
Фала на одговорите. Прегледот можам да кажам дека и не го осетив многу па ни ме заболе, може не ги пикнал многу прстите, и повеќе мислам дека овде тоа е нормално ама сепак сакав да прашам.
Јас бев до сега 2 пати во 36 ми рече дојди за 2 недели сега ми рече дојди за 1... ама има таму девојки кои одат почесто а се по мене... можеби гледаат има потреба нема потреба.. Каде одиш ти? Каде ќе се пораѓаш?
Во Чаир одам, таму ми е во план да се породам. Може според грлото оти видоа дека е затворено скроз па затоа ми рекоа така. Јас почнав да одам од 35та недела на инсистирање на матичен гинеколог. Досега 3 пати, по еднаш во секоја недела. Ти каде планираш да се олесниш?
Два пати кај Илиевски и последниот пат кај една друга, не знам како вика, не ја најдов на официјалната страна, баш чудно
Во странство некаде после прва третина, накај пола од бременоста, па се до крај со рака ме проверуваа. Тоа беше стандардна процедура, без некои екстра индикации.
Мислам тебе те читав во труднички за тоа но не бев сигурна да те прашам, јас не верувам да имаше некоја причина бидејќи по ехото ми кажа се е супер, па затоа мислам дека тоа е нормално за овде инаку Австрија сум јас. Само после ми беше во мисла тоа што имам читано дека по вагинален преглед со рака може да се предизвика отварање, колку е точно тоа незнам. Што мислиш можно ли е?
Две бремености нон стоп со рака ме проверуваа ниту имав такви мисли ниту имаше некаква негативна последица од прегледите. Зошто би било поинакво од односи во текот на бременост или вагинално ехо? Германија е стандардна процедура. Ако има таква опасност сигурно не би ги ставале трудниците на таков ризик.
Фала ти ама таква мисла ми помина бидејќи така имав прочитано. И да не беше ништо различно од односи и вагинално ехо.