@orhideea докторот во Систина некаде од 6ти месец не сум сигурна точно која недела бев, почна да ме прегледува и со рака покрај ехото.Значи прво ехо а потоа со рака проверува и ми вели дека е затворено и се во ред. Така да , веројатно си е стандардна процедура.
Жени ме интересира. Ја прашав сестрата кај матичната за упат за пораѓање.Не знам каде ќе биде(дали државно или приватно) но да имам сакам. Е сега она ми кажа дека болнички упат не издавале веќе, го укинале тоа, така што од самата болница издавале кога ќе се пораѓаш. Така е навистина?
Да, и јас си побарав зошто за првото добив и со тој упат си одев на контрола на одделението.. Сега ми рекоа сами дека си генерираат
Ајде само да се чекирам јас.. Денес бевме на контрола. Докторот презадоволен. Бебушка си одговара во развојот точно соред ГН. Плодова вода супер, плацента супер, срценце, желудниче, бубрези.. се во најдобар ред, со главчето наместена за природен пораѓај. Си ја фативме малку и во лице ја сликавме, цела на татко и. Тој радоси, што да ви кажам. Нареден преглед за три недели. Прекрасно беше да се слушнат овие коментари од докторот. Ви посакувам на сите со лесно да ви минуваат деновите и со лесно да си станиме мамички на прекрасни, здрави и прави бебчиња.
Јас кога се јавив не ми кажаа дека може да се остави капар. Секое цтг го наплаќаат по 700 денари. На крај се плаќа фактурата која е само за пораѓајот и тие 3 или 5 болнички дена.
Имав закажано во 12, но имаше многу гужва, не фати некаде 12.40 кога влеговме. Докторот доста опуштен беше за датум за пораѓај, ќе тераме до крај. Многу ме бендиса што рече дека ќе пробаме без стимулации за напон, не сака да го силуваме процесот, ќе чекаме самата да си каже кога ќе излегува. Беше презадоволен од се, за 3 недели наредна контрола, па потоа на секоја недела спомна. Значи, нема брзање,.. сепак постои можност да се начекаме
Мешиња да ве прашам. 28 недела сум и последнава недела кога јадам ми е многу тешко на желудникот а исто си јадам. Дали тоа е можеби од што расти бебето па притиска, незнам. Ама после јадење 3 сати се чуствувам прејадена и ми е тешко на стомакот. Вие имате ваков проблем?
Исто осеќам и јас. Дури мислам ќе пукне мешето, а сум јадела само манџа без леб. Изгледа бебе притиска.