И јас си имам мака со киселини, неможам да спијам, ми гори желудникот. Пијам пред легнување ладно млеко ама почна да не ми помага. Дури кај 3-4 на ноќе ми се смирува и тогаш можам да заспијам. И сношти спијав со 4 големи перници под мене за да бидам подкрената, во 6 сабајле ги извадив и презаспав до 9 и 30. И сега вратов ми е здрвен.
Јас имав често мака со киселини ама како жиговина (мислам дека така го викаат, во пределот околу срцето горење) и многу често (а прв пат во животов) во грлото, мислиш оган ќе ми излезе од устата. Најмногу ми помогна кисела вода, airways extreme мастики и спиење во полулежечка положба ама дефинитивно со ризик да се укочиш.
Да почнав често да си поплачувам, ако нема за што ќе ми текне нешто од порано и солзи ми идат, некои денови така ми е по цел ден. Ова ми е позачестено од како влегов во трето тромесечие. Пред малку си поплачив
Денес што и да видам плачам. Влегов во собата на бебушка и почнав да си плачам. Го видов транспортерчето и почнаа да ми течат солзи. Си ја слушав Јовано..Јованке песната и се изнаплакав како никогаш... ми се пријаде благо и почнав да плачам..просто за било што ми се плаче. И самата на себе си делувам ненормално, а пак како ме гледа сопругот, неможам ни да замислам.
Убав ви ден мешиња , јас од денеска официјално сум во вашето друштво Ја почнувам 28 недела . Ве поздравувам
Јас одбегнувам да плачам пред мажот ми тој не се разбира од емоции во бременост и почнува да ми поставува куп прашања како што ти е сега што ти направив и почнувам да се нервирам. Затоа кога си сум сама и ми се плачи си плачам. Многу солзи ми идат кога на ФБ гледам видеа со бебиња имам лајкнато такви куп страни и само тоа ми е на почетна. Или да прочитам нешто тажно и одма плачам. Некогаш ќе ми текне за порано нешто како било и можам со сати да си плачам и некогаш дури се нервирам неможам да престанам. Си велам кизнај што осеќа и бебево. Јас сум тек 7 месец како ќе биде до крај незнам. Многу мислам и за пораѓањето дали се ќе биде во ред, од болка не се плашам туку од тоа дали се ќе биде во ред со бебуш и со мене. Ти си 9 ти месец сигурно и ти имаш такви мисли. Ама ајде ќе помине и ова. Со смеа ќе се сеќаваме на овие моменти, плачки и мисли.
Јас ќе ви се придружам следна недела, ма да во извештајот од конзилијарно со 26+1 др. ме пишал 7ми месец, може и така е ама ќе си почекам уште 2,3 дена. Ве читкав за плачењето и јас избегавам пред мм да плачам зошто кутриот сто прашања ќе постави и не ми верува кога ќе му кажам од бременоста е . Последно плачев сабајле, бев со мајка ми да резервира за одмор, за местото каде што сакаше немаше слободно никаде и пак уплати таму кај што оди со години и по пат во кола почнав да плачам зошто ми беше криво што не си уплати таму кај што сака
@eli25 да ели, според табелата е со 26+ ,7ми месец . Не е битно толку , важно да минуваат деновите и полека да се спремаме за гушкање со бебчињата
Поздрав мајки, Одамна не сум пишала. Иначе стигнав 33недела и уште не ме фатило страв Се исправ и спремна сум. Ни фали уште коритце за капење и масичка за преслекување. На работа уште наредната недела и после ке си чекам. Многу сум радосна. На преглед ке одам во вторник и ке видиме дали малата се наместила. Имајте убав ден. Уживајте во секој момент.
Уживај во третото тромесечие и воопшто нека не те фаќа страв, нема потреба. Уште малку имаш до најсреќниот момент.
Здраво на сите ...јас сум 36 недела бремена и последниве денови многу сум нервозна напната без никаква причина .. Дали е нормално и вас ви се случуваше така?
Одмарај, кревај нозете навечер, избегнувај солено и зачини максимум, пиј вода и кулирај. Многу беше, малку ни остана. Нека си созрее убаво, ќе си каже кога ќе излегува. Важно ние сме спремни
Плодност ке се пораѓам, сакам природно ама малечката не беше наместена претходниот месец, па ке видиме во вторник дали се наместила како што треба.