Мамички, вие што почнавте со перење на алиштата за бебушките, течниот детаргент го ставата дирекно во облеката во машина во топка, или во горниот дел каде што се става омекнувач. Планирам од утре да почнам со подготовки, па да си прашам
Истото како барби и јас сакав да го прашам. А нели не се препорачува омекнувач првите месеци поради алергии?
Јас омекнувач нема да ставам, мислам дека само прашок е доволно. Купив Персил сензитив, прочитав дека е добар, па ќе видиме
Јас да ви кажам право малку сум на два ума сум во врска со ова прашокот. Со години користам исклучиво ариел. Знам дека е јак, но си велам.. на една перална доколку ставам само половина капаче и да ги изврти на две плавења со вода, не гледам зошто би било проблем. А омекшивачот би го избегнала, да не трупам само хемија. Инаку ми делува малку претерано толку акцент да се става на специјални бебешки прашкови, а гледам сите зборуваат за тоа.
Денеска бев на прво цтг и докторката ми рече дека веќе имам контракции на матка.Дали знаете што значи тоа?
Не мора да биде брзо ти немаш болки тие се чажни контракции кои го припрњмаат телото. Тие ао болки ае вистинскитњ
Здраво мајки, Денес бевме на преглед, малечката е супер, си напредува само мене сака дс ме мачи и не се мести за нормален пораѓај Уште е карлично завртена. Како и секогаш си уткам со неделите , денес сум 34+4, докторот рече на цтг за 2-3 недели освен ако не и се брза на бумбарката дс де гушка до мама и тато Докупив се што фалеше освен пелени Ке купам и тоа деновиве За малото торбата е спремна затоа што има само комплетче за излегување,фали уште мама дс де спреми. Не знам какви алишта да земам за излегување од болница.
Мешиња, 37 недела сум и ми се јавуваат ко болки некои, се препотувам на моменти, не знам како да објаснам баш, на подолги временски интервали е тоа. А цтг-то не покажуваше контракции. Дали ова со болкиве значи дека ќе биде брзо? Ама па цтг-то не покажа ништо. Се беше ок, не сум ни отворена.
30 + 4 сум и еве вчера и денеска немам енергија. Пијам и магнезиум, железо, витамин Ц но се осеќам како воз да ме прегазил не можам да станам вода да си наполнам. Дали некој има овакво искуство?
Можеби настинка те фаќа, или притисокот ти е низок, мери си го провери. Касни нешто овошје да се освежиш, сите имаме такви денови кога ништо не ни се прави. А притисок мери си секој ден и ќе видиш дали ти е до тоа.
Денес бев на Цтг ми рекоја дека бебето е поспано иако имав јадено ...ме пратија да каснам благо и да се напијам газирано и да се вратам по 1 саат .Се вратив и пак исто поспано ...Ве молам ако некоја има вакво искувство совет да ми дајте не знам што да правам дали да одам пак или не е страшно?