Денес бев на контрола. Бебе супер според мерките 3 дена е понапред, брисеви супер, крвна слика супер. Денес бев и на прво цтг бебе ептен размрдано Сега следна контрола наредната недела. За спремање сеуште не сум спремна од поголеми работи ни останаја уште душече и коритце и поситните работи како козметика и работи за мене. За перење планирам од наредна недела некако ми е чудно сеуште ми е нестварно дека сум при крај Девојки што сте веќе 9 месец дали бебињата ви мрдаат многу? Од вчера мака мачам неможам да седам бебе постојано клоца и цел стомак ми се испакнува како бранови. Истото е и кога лежам. Само кога сум простум сум ок ама па многу брзо се уморувам и неможам да стојам не знам во која положба да функционирам кај жешко па и ова почнувам психички да попуштам се почнува да ме нервира.
Јас сум пред деветти месец, бебушка мрда ја осекам кога седнувам да одморам само. И навечер за да заспие мама потешко. Жешково ме уништи,денес дури потечени ми се рацете и нозете Не се нервирај, ке ти фали мрдањето во стомак кога ке излезе
Знам според тоа што те читав ист ден ни е термин плус двете од бт Знам дека ќе фали и дека се нервирам за глупости ама сега при крај хормоните дивеаат
Јас сум 37 +3 Вчера ми течеше нешто лепливо а до сега немав никаков исцедок и забележав како капка две розовка црвена на д.веш.Што значи тоа дали е тој чепот или повеќе течи тој ? Да се обратам на доктор ?
чепот ќе е слушни се со док најверојатно сигурно ќе треба да те прегледа шо се вика почнува процесот ајде ситно броиш се со убаво
Леле...фала а дека беше само неколку капки или така е? И на хартијата немаше ништо . Утре имам закажано на цтг или да не чекам до утре?
Ако немаш други болки, крварење не мораш одма да одиш..штом утре имаш закажано таман . За првото чепот ми падна во сабота, се породив во среда.. За второво, во вторник, се породив во четврток.. Не мора да значи одма дека кога ќе падне ќе се породиш.. Битно тука си, си почнува процесот.. Само со лесно да ти е и да се гушкаш со бебуш побрзо
@Dzulija* не мора да значи дека одма ќе се породиш, мене ми падна чепот во понедалникот и еве уште чекам за се гушнам со синко. Докторот ми рече дека со паднат чеп некои и до две недели издржувале. Зависи кај секого различно. Ве гушкаме, најлесно да си поминеш
Мешиња од последните брисеви во 35та недела излезе дека имам ешерихија коли.До сега сите микробиолошки и секоја уринокултура ми излегувале чисти и се нервирам сега баш речиси на крајот треба да ставам ампицилин вагиналети. Сте имале ли некоја ваква бактерија, и зошто јас мислев дека таа се открива со уринокултура па малку чудно ми падна, брисот е за стрептокока, или претпоставувам се работи за некој нејзин тип.Докторката рече од типот Б била и не е страшна, ама сепак се нервирам зошто сега да излезе позитивен резултат.
Според менструација сум 36, ама ме водат според мерките на бебето 38 недела, 2 недели плус е. Се надевам дека до крај на следната недела ќе се породам, не можам више да издржам
Здраво мамички. Ние денес бевме на последна контрола. Во вторник ни закажаа да се видиме, пораѓај ке биде или среда или четврток. Емоциите ми се скрос во општ хаос. Бебушка веќе е 3.200. Плодова вода има, плацента малку почнала да покажува знаци на застареност но како што рече докторот, сосема нормално за 38 недела. Наместена си со главчето надоле, засега сите изгледи се за нормален пораѓај. Инаку, го поминав и тој фамозен преглед со рака за прв пат. Очекував болно искуство по она што го имав читано. Незнам дали е до докторот или нешто друго, ама поминав супер. Неможам да разберам што им се случило на тие женички кои го опишуваа тој чин така страшно, но се надевам дека сите вие ќе поминете со лесно како што поминав и јас. Ве гушкам сите, и нека е со лесно.
А баш те мислев каде си? Нема да чекате болки, со провокација ќе одите? Оти како ќе знаеш кога ќе биде пораѓајот?
Со провокација, само зависи од она што ќе види во вторник ќе одлучи дали среда да ме примат или четврток. Сигурно така проценил докторот дека е најдобро, ние тој дел му го оставивме него. До тогаш ќе крене секако 3.500, ако остави да чекаме уште ќе надмине и термин и големина, и можно е да треба после со царски, што не е посакувана опција ниту од наша страна ниту по мислење на докторот. А штом го направивме и вагиналниот преглед, очекувам и чепот да падне деновиве, имам контракции .. чувствувам дека ќе се поклопат коцките . Па како ќе биде, нека биде. Господ нека е со нас.